Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не се знае ама вчера слушнав дека тој воопшто не бега, само создаваат лажна илузија дека се крие а уствари сеуште никој не сака да го уапси. Го има најсмешното обвинение што некогаш сум го прочитал. Но тоа не е проблем, се работи за чисто оцрнување на карактерот, проблем е што многу политичари во САД бараат да се гони за Предавство (не знам како ова кога е Австралиец, или можеби има и американски пасош...), па дури некои повикуваа и да се ликвидира. Само на филм сум гледал ваков manhunt, невидена хајка е по човекот.

Во меѓувреме, Paypal ги замрзна сметките за донации на wiki leaks што наиде на голем револт и откажување на сметките на Paypal од корисниците. Ние го немаме тоа задоволство затоа што немаме Paypal сеуште.

И за крај малку графика:
162839_128741037185588_100001490771198_193256_8221375_n.jpg matrix reloading.jpg
 
Едно прашање, чув дека го лоцирале дека е во Лондон. Има некој некаков конкретен линк за тоа или само се шпекулации?

Како што прочитав нон - стоп ја мења локацијата!

Интерпол трага по Асанџ

Ивана Салтировска Коментари (6)
windows-video-60x15.jpg
prazno.gif
prazno.gif
01.12.2010 09:16
julian-asange.jpg
Џулијан Асанџ
Хајка против основачот на Викиликс. Џулијан Асанџ се најде на листата најбарани на Интерпол. Шведска отиде до таму што ја воскресна истрагата против него за силување и сексуално малтретирање, која веќе еднаш падна пред судот.
Сега велат имале нови докази. Потерницата против аларматорот е рангирана на ниво на „црвена потерница“ со екстремна итност.
На луѓето од целиот свет им е порачано доколку го видат, веднаш да и го пријават Асанџ на локалната или на државната полиција. Првиот аларматор ги отфрли овие обвиненија како обид да го дискредитираат.
Сепак, ова не ја намали поддршката за Асанџ кој во моментов е рангиран меѓу првите 50 највлијателни луѓе во светот. Многумина во него видоа инспирација, а дисиденти од редовите на Викиликс најавија сличен сајт, кој сепак нема да биде негова конкуренција. САД иако на зборови ја минимизираат нанесената штета, сериозно го сфаќаат својот противник. Стејт департментот ја пресече мрежата преку која армијата пристапувала до базата со тајни дипломатски податоци која ја искористил Асанџ.
Во меѓувреме, тој се јави од непознато место, на кодиран компјутер преку Скајп. За весникот „Тајмс“ изјави дека Хилари Клинтон треба да си даде оставка. Според него, таа треба да ја понесе одговорноста ако се докаже дека на американските дипломати им било наредено да ги шпионираат странските колеги. Поранешниот претседател Бил Клинтон дециден - поради Асанџ, некои ќе го изгубат животот, а уште повеќе работата.
Асанџ контактира со медиумите од тајност. Неговото престојувалиште го знаат само неколку најблиски пријатели, а не преспива во иста куќа повеќе од две ноќи по ред. По неуспешниот обид да добие Шведско државјанство, сега се надева на Швајцарско. Овие земји ги смета како најзаштитнички кон новинарите. и претседателот на Еквадор му сврте грб негираше дека му нуди азил на Асанџ.
Во негова одбрана денеска се јави неговата мајка, која побара да престане потерата против син и. „Тој е мој син и го сакам и не сакам да го стават во затвор“, изјави Кристин Асанџ за медиумите.
Дисиденти од „Викиликс“ сакаат да создадат друга слична Интернет страница
Дисиденти од „Викиликс“ поради несогласување со основачот на оваа Интернет страница Џулиан Асанџ, планираат да формираат друг сајт кој ќе биде сличен на сегашниот, соопшти поранешен исландски член на „Викиликс“.
„Сакаме да лансираме систем, различен од „Викиликс“, објасни 25-годишниот студент по историја Херберт Снорасон. Новиот проект опфаќа „слични идеи“ со Викиликс, кој во последните неколку месеци објави стотици илјади доверливи државни документи.
Во проектот учествува и Германецот Даниел Домшајт-Берг, кој под името Даниел Шмит беше портпарол на „Викиликс“ пред тивко да го напушти во септември.
„Тоа е проект од различен вид. Не се натпреваруваме и тој не треба да се разбере како конкуренција на „Викиликс“, изјави Снорасон, не сакајќи да го соопшти името на новиот сајт.
Додека „Викиликс“ собира документи и ги објавува на својата страница, новиот проект ќе биде „сигурно засолниште каде луѓето ќе можат да прашаат за информација без нивниот идентитет да се поврзе со содржината“.
Снорасон нагласи дека новиот проект „не е личен напад против Џулиан Асанџ или Викиликс“ и дека многу брзо ќе почне со работа, не откривајќи колку луѓе ќе учествуваат во него.

Види
 
Секој со свое мислење, но доколку таа фамозна организација не постои, зошто тогаш толку прашина се дига без потреба, нападот на Кулите во Америка и слично..
Сепак има нешто..
 
Секој со свое мислење, но доколку таа фамозна организација не постои, зошто тогаш толку прашина се дига без потреба, нападот на Кулите во Америка и слично..
Сепак има нешто..

Па каква врска има Ал каеда со Асанџ? Никаква
Објавува интрнационални тајни и други информации , не само за Америка.
 
Секој со свое мислење, но доколку таа фамозна организација не постои, зошто тогаш толку прашина се дига без потреба, нападот на Кулите во Америка и слично..
Сепак има нешто..
А кој ја дигна прашината? :) Ал Каеда е духот кој го бркаат по пештерите во Авганистан, од каде што планира совршени терористички и хакерски напади по светот :pos:
Тоа е официјалната вистина, што ќе ја слушнеш на контролираните меинстрим медиуми. На Вики Ликс се наоѓаше се останато. На пример, снимката со американскиот хеликоптер од кој војската убива цивили, според транскриптот од истата од која извесен новинар има цитати во својата книга, веќе била во рацете на мејнстрим медиумите. Само никој немал г'з да ја објави. Илјадници такви работи, никој нема г'з да ги објави. Вики Ликс е најслободниот медиум на светот. Или беше.
 
Па каква врска има Ал каеда со Асанџ? Никаква
Објавува интрнационални тајни и други информации , не само за Америка.
Никаква де, воопшто не ми ни беше муабетот за Асанџ, иако многу изгледа на преварант..
А тоа што објавува интернационални тајни и други информации, зарем не е чудно?

--- надополнето ---

А кој ја дигна прашината? :) Ал Каеда е духот кој го бркаат по пештерите во Авганистан, од каде што планира совршени терористички и хакерски напади по светот :pos:
Тоа е официјалната вистина, што ќе ја слушнеш на контролираните меинстрим медиуми. На Вики Ликс се наоѓаше се останато. На пример, снимката со американскиот хеликоптер од кој војската убива цивили, според транскриптот од истата од која извесен новинар има цитати во својата книга, веќе била во рацете на мејнстрим медиумите. Само никој немал г'з да ја објави. Илјадници такви работи, никој нема г'з да ги објави. Вики Ликс е најслободниот медиум на светот. Или беше.
Не знам, не сум толку навлезен во политиката, сум чул за ова ВикиЛикс, и ја пратам темава за да дознам нешто повеќе, ете.
 
Никаква де, воопшто не ми ни беше муабетот за Асанџ, иако многу изгледа на преварант..
А тоа што објавува интернационални тајни и други информации, зарем не е чудно?

Многу почудно е што тие мислеле дека сето ова нема да се објави, дека нема да се дознае :smir:
 
Се е во ред, ама треба да се ослободиш од претпоставките за да можеш да навлезеж во темава. Тоа како изгледал не е воопшто важно, види го Дени ДеВито како изгледа па кариера направи човекот :) Шала на страна, нема ништо чудно во тоа што го прави и ќе ти кажам зошто: многу луѓе би го правеле истото кога би го имале потребното знаење да направат нешто такво (човекот е поранешен хакер, ако има такво нешто како „поранешен“ хакер). Значи да изгради сајт кој ќе им ја гарантира сигурноста и тајноста на оние кои испраќаат доверливи информации. Самото тоа што има илјадници луѓе од сите страни на светот кои испратиле најразлични документи кои меинстрим медиумите не сакаат да ги објават, е доказ дека има многу луѓе кои не ја прифаќаат „официјалната вистина“ и не сакаат да им го перат мозокот. Само никој од нив нема компјутерско знаење за да го направи она што го направи Асанж.
 
Многу почудно е што тие мислеле дека сето ова нема да се објави, дека нема да се дознае :smir:

Па мислеле дека нема да се објави, пошто тие информации потпаѓаат под classified information т.е топ сикрет тајни што само највисоките кругови ги знаат. Почудно е КАКО дошол до тие информации.
 
Еве го тоа за Paypal: http://www.bbc.co.uk/news/world-us-canada-11917891
Круг се полако затвара...

Американските фирми се плашат да го хостираат и работат со викиликс поради владата која освен налог има илјадници други начини да ги затвори тие компании а американците се толку глупи што наместо да и се налутат на владата и дигнат востание они бојкотираат амазон и пај пал кои можеле на почетокот да ги одбијат.
Македонски синдром- ако не можеш по магарето удри по самарот

И за силувањето ги индетификуваа едната од двете кои го тужат за силување :
http://rixstep.com/1/20101001,01.shtml
Швалериште бил , две од еднаш вртел :)
 
Па ваљда се плашат от востаниjа :D
 
И за силувањето ги индетификуваа едната од двете кои го тужат за силување :
http://rixstep.com/1/20101001,01.shtml
Швалериште бил , две од еднаш вртел :)
Не е силување бе, барем тоа да беше ќе беше интересно. Ама ова е некој злочин наречен „секс со изненадување“, познат само во Шведска :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom