Токму така Лејди Кју.
Недоведувањето во прашање на догмите и вечните “вистини“ дури и стравот кај луѓето да се размислува за некои работи (конкретни,секојдневни) не доведе до она кое е денес.
А за денешната состојба...но комент...
Секако дека во секоја заедница мора да има некакви ограничувања,но какви?
Како би изгледал според тебе прифатлив општествен систем?....... Без даноци? Без закони?.....Нешто како утопија или како анархизам?
Не знам точно што е утопија и не би ни навлегувал во тоа.
Анархизам е економска и социјална теорија,која не може да се имплементира никаде бидејќи има разно-разни правци и видови и сите тргнуваат од некакви однапред зададени вредности.
Анархија е нешто сосема друго.
Закони,да.
Но закони - дефанзивни кои се ограничуваат на заштита на правото на поединецот.
Закони,пишани или само како прифатен стандард,кои го заштитуваат поединецот од грабеж,насилство,основните права на физичка егзистенција,живот.
Негација на она кое носи штета и страдање,а не обратно.
А не закони кои се офанзивни и бараат нешто да се прави без никаква или со голема штета по оној по кој се бара да ги исполни.
Значи НЕ закони кои бараат самиот да си штетиш на себе,заради нечија материјална корист.
Таквите закони се како болест,никогаш не запираат и се носат се повеќе и повеќе.
Тоа е мафија и рекетарство покриено со патриотизам,демек допринесуваш за некое си општо добро...
Еве на пример,почнаа да носат
закони за возење точак по светот,има и дозволи и се и сешто.
Ова само како пример,и кај нас секој ден се носат се повеќе закони кои ја соголуваат рајата.
Не смееш да возиш точак ако државата не ти дозволи,а за да ти дозволи мораш да исполниш однапред зададени услови кои чинат пари и време,сето тоа под ефтин изговор дека на политичарите кои ги носат - им била важна твојата безбедност.
Се помалку има или скоро да нема област која не е оптеретена од стотици закони и прописи.
--- надополнето ---
Мора да се каже и дека потпирањето на некој надворешен,вертикален авторитет е крајно опасно и доведува до тешки последици.
Образовниот,политичкиот систем,медиумите цело време сметаат на тоа.
Да ја предадеме одговорноста во рацете на некакви институции кои наводно постоеле за наше добро.
И да не го доведуваме тоа во прашање.
Those who can make you believe absurdities can make you commit atrocities.
Иако Волтер не се ограничува да ја стави кривицата само во таборот на оние кои имаат корист од сето горенаведено.
So long as the people do not care to exercise their freedom, those who wish to tyrannize will do so; for tyrants are active and ardent, and will devote themselves in the name of any number of gods, religious and otherwise, to put shackles upon sleeping men.
(and women...
)