Британија капитулира

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
За прв пат еден национален весник во Британија отворено повикува земјата да излезе од ЕУ:

http://www.dailyexpress.co.uk/posts/view/213573

Притиснати од економската криза, со години вкоренета социјалистичка пракса, се' поголемите давачки за потребите на Бриселската бирократија и додатни 10 милијарди евра за да ја вадат Ирска од калта (претнодно други 10 за грција), Британската кралица сосе свитата појде во Обединетите Арапски Емирати да испроси што може.

Завиткана како була, боса (а монарх на некогашна империја!), кралицата влегла во џамија веднаш по слетувањето на авионот.

Да не зборуваме пак за крајно дегутантното однесување на Министерот за надворешни работи и неговата сопруга во потрагата по некој златник.

Еве како изгледа тоа:

Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
А овие вехабииве коа ќе дојдат у Енглеска жените откриени им се?
Би требало, пошто нели обичаите на домаќинот требе да се почитуваат.

...или па они не доаѓаат у Енглеска да просат (нема што).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Сакавте капитализам, еве ви капитализам.
Губете нерви на економски кризи.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Отишла царицата без магарицата и се соблекла боса, па нормално дека ќе се соблече кога влегува во исламски храм и сака да искаже почит. Него не е проблемот дека Британија нема пари вештачки се креира криза, проблемот е во тоа што три пати партиципацијата за студентите е зголемена па дечките прокршија денеска малку:

--- надополнето ---

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Колку мизерни моабети околу комунизам и капитализам.Како мали деца на улица сте.
Прво Македонија никогаш не била во комунизам,тоа што партијата се викала комунстичка не значи дека сме живееле во комунизам,тоа практично не постоело.
Значи имавме социјализам и тоа не било каков многу полиберален од било која друга социјалистичка земја.
Мојот дедо беше политички затвореник поради тоа што не се согласувал со КПМ , и без разлика на тоа ке ви кажам дека во бивша ЈУ имаше поголема демократија него од самостојна македонија.
Па постои ли некое подемократско право од правото на работа ,бесплатно здравство,5 работни дена во неделата и гарантиран платен годишен одмор,БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО ЦЕЛ СВЕТ ,сигурност на движење низ цела држава и еден куп други работи за кои денес не може ни да се сонува.Капитализам??????
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273

Old good times!!И после нечинел комунизмот т.е социјализмот??Нека каже некој негативна особина за комунизмот??
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
2

Југославија и старото време нема да се врати. Подобро е да се гледа напред. Сега во Србија како е? Како во Југославија ли? Не мислам.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Old good times!!И после нечинел комунизмот т.е социјализмот??Нека каже некој негативна особина за комунизмот??
http://en.wikipedia.org/wiki/Gulag
http://en.wikipedia.org/wiki/Goli_Otok

Комунизмот во југославија успеа поради тоа што Тито имаше јајца да му рече на Сталин : одјеби .
И затоа му беа давани пари од америте .
И бидејќи го имавме тито а не Сталин и останати малоумни диктаторчиња. Би рекол дека повеќе беше среќа во прашање него ли системот кој редовно завршува со автотаринизам и страдања.
Без тоа ќе гледавме северно корејски филм на југословенски начин. :)
Тито знаеше како да игра политика и имаше одлични дипломатки способности исто така знаеше како да го држи народот покорен малце казни малце награди затоа уште пекаме како дечиња по умрен родител : Врати ни се тито.
Системот комунизам е тотална утка исто и капитализмот. Прашање е системска грешка . А грешката е во тоа што цело време се предава моќта за одлучување во рацете на неколку луѓе и после очекуваат цвеќиња да цветаат.
Што очекуваат луѓето не знам кога знаат дека моќта корумпира:)
 
Види сеа има разлика меѓу обичен комунизам(Комунизмот на Тито) и воен комунизам(Комунизам по мерка на Сталин).
Значи комунизмот е повисок облик на бескласно човечко општество во кое нема експлоатација на човек од човек, во кое средствата за производство се општествена сопственост, а продуктивноста на трудот е толку развиена што општеството може без ограничување да го задоволи секого според неговите потреби:toe:
Додека пак еве што имаме од капитализмот денеска.Значи што ти прават доминацијата на капиталот и неговиот профит во приватна сопственост над средствата за производство.?
А зашто велиш дека комунизмот е утка?????
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Би можел 3 страници да пополнам за негативните работи на ЈУ-социјализмот (а и „комунизмот“ во време на Сталин). Па затоа едноставно ќе ти кажам дека проблемот е во тоа што лицето кое е одбрано со цел да го спроведе комунизмот, станува корумпирано од моќта (никој нема контрола над него) и наместо еднаквост имплементира диктатура. Така барем било во СИТЕ случаи до сега (Албанија, Југославија, СССР, С. Кореа, Куба...).
Па постои ли некое подемократско право од правото на работа ,бесплатно здравство,5 работни дена во неделата и гарантиран платен годишен одмор,БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО ЦЕЛ СВЕТ ,сигурност на движење низ цела држава и еден куп други работи за кои денес не може ни да се сонува.Капитализам??????
Повеќето од овие работи не зависат од идеологијата, туку од нејзината развиеност во една земја. Секоја идеологија (ПС Капитализмот во овој твој случај не е идеологија), е замислена како совршена, односно утописка. Конкретно за комунизмот, зар е демократско право да се забранува говор? (конкретно против „другарот“ Тито, или Сталин?) Да се забранува религиска слобода? Да размислуваш различно од нив, односно да бидеш индивидуа а не дел од колективот?
Во поглед на економијата, најголем проблем на нашата држава е што се стреми да го развие капитализмот, а никој не плаќа даноци и придонеси - основниот столб на капитализмот. Значи државните компании се приватизираа и се должни да плаќаат даноци за државата да функционира и да има пари за здравство, образование и секој останат сектор.
А сега малце на темата. Како што напоменав во друга тема, ЕУ ќе се распадне (и се распаѓа) само прашање на време е кога ќе се официјализира. Никој не сака да плаќа за грешките на другите, а се случија многу грешки. По распадот најверојатно државите ќе си направат свои поситни унии, каде германците и англичаните нема да имаат потреба да плаќаат за грци, шпанци, бугари, романци, ирци итн.
 
Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
И Комунизмот не чини. Ама очигледно не чини и капитализмот. :)
СОЦИЈАЛИЗАМ Е ТОА БРЕ, КАЈ СТЕ ВИДЕЛЕ КОМУНИЗАМ?
преку живци веќе ми е, читајте малце -.-
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Југославија и старото време нема да се врати. Подобро е да се гледа напред. Сега во Србија како е? Како во Југославија ли? Не мислам.
Не се работи за време,се работи за вредности.Све тоа што го напишав во мојот пост се работи за вредности.Значи 50 години се граделе нешто и некои говеда го уништиле ,па некои други продолжуваат да уништуваат.Се враќаме назад каде ти гледаш напред ? За кое напред ти пишуваш ?

--- надополнето ---

Која е разликата? :)
Не ти е срам да прашаш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom