Таман сакав да искоментирам нешто на темава, кога го видов постот на Тоекатер и некако сите мисли ми пропаднаа...
Налет тоа, туку од тие конспираси теории неможеш нормално да дискутираш.
Ама барем ќе се изнасмеете во логиката што ја имаат ова конспиративциве:
Значи Ким Јонг припаѓал на некоја елита која го владее светот
pos2
и нивната цел била плашење.... притоа Кимчо се служел со разни средства со цел да се држи во тензија, страв и неизвесност народот, или да им се одвлекува вниманието.
И повремено вршел заплашувања како артилерискиот напад...
И тука следува смешното:
Значи Кимчо е ставен да плаши и заплашува таму, а други потопуваат бродови?!?!
Конспираси теори логика.
И второ:
Види мајката... им продале нуклеарна технологија со цел заплашување, ама знак прашалник е дали Кимчо има нуклеарно оружје и покрај 2 изведени тестови?????
Како и секогаш, неуспешни обиди на конспираси теоретичарите...
Дами и господа...Тоа само Хуман го може.
Ким е екстремно богат,припаѓа на бољшевичка династија и на власт е само заради што е нечиј син.
Доживотно,без да полага сметка на никого за ништо,апсолутна власт.
Од негов потпис или одлука зависат илјадници и милиони животи и дали ќе имаат да јадат или нема.
Тој е апсолутен господар на С.Кореја и е дел од светската елита.
Да,ваквите инциденти служат за држење на рајата во покорност.
Малите севернокорејчиња немаат пристап до интернет како хуман на пример и општо граѓаните на таа земја не смеат да ја напуштат на било каков начин,освен ако немаат специјална дозвола на власта.
Ако некој не може да состави една толку едноставна корелација како глад,немаштија,мизерија и честите инциденти кои се случуваат - тоа е негова мака.
Ниту некој може да влезе таму,странец ако нема посебна дозвола и одреден човек кој ќе го “придружува“.
Атомска проба и атомско оружје со можност за боева употреба се две различни категории.
За сето тоа нема независна потврда.
Испораката на нуклеарна опрема е потврден факт.
Западна технологија.
Дали ти можеш или не тие факти да ги доведеш во корелација исто така не е предмет на расправа.
Ембаргата и блокадите досега се покажаа само како инструменти со кои еден режим се зацврстува на власт.
Логиката зад тие ембарга е дека наводно народот ќе се побунел и ќе го соборел режимот.
Тоа е смешно бидејќи со тоа уште повеќе се изолира народот кој пати од можност за некаков револт.
А режимот си останува на власт и како одговор за мизеријата го посочува ембаргото секако.
Кое никогаш,по некој чуден начин не го намалува животниот стандард и луксузот на режимот кој е “блокиран“.
Настрана милионите жртви како резултат на такви ембарга и блокади.
Се надевам дека моите постови почесто ќе те предомислат во твоите намери да постираш и се поретко ќе се решаваш залудно да трошиш по некој мегабајт.
Сериозно.