Вонредна временска прогноза: Силно невреме ноќеска ќе ја тресе Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Интензивен дожд, со силни грмежи и интензивен ветер ќе го зафатат ноќеска и во раните утрински часови македонското небо.

Влажниот бран од западните делови на Македонија, ќе се движи кон источните. Од УХМР изјавија дека влошувањето на временската состојба не е поврзано со последните поплави во Хрватска, вклучително, Дубровник, најавите за снег во Сараево и ветровите кои го зафатија Белград.

-Кај нас заминува овој влажен и нестабилен бран, а од среда до крајот на неделата ќе има променливо време и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Температурите ќе се опаднат, ни изјавија во УХМР.

Според синоптичарите дневните температури ќе се движат од 7-14 степени во среда, 6-13 во четврток, а петок живата во термометарот ќе се движи во интервалот од 5-11 степени.

Извор: Канал 5
Нов влажен бран со дождови и силен ветер ќе стигне повторно во петок, но нема да донесе снег. Барем не во населените места, туку евентуално на високите планински врвови.
 
Да ги спремам рибиве од аквариумов за шетање? да се прошетаат низ мало...
Инаку, небото е заоблачено - ке прсне... цел ден е тмурно.. дај боже да се поплави гимназијата...
АЛЕЛУЈА!
 
Нека врне да има вода за пиење. Ако нема врнежи, без вода ќе останиме. :)
 
Јас прееска шетав у парк, така при крај на денот, роси по малку лисја пагаат на сите страни ветерот ги носи, чист воздух, абе милина :)
 
Идеално за спиење... ко не грмеше кон 12 - 1 по полноќ, ќе се наспиев ко чоек. Вака ништо од бизнисот, ми останува да се надевам дека ќе има реприза за 3 сати :)
 
Времево е тапа, преферирам да врне али да не грми, коа грми неможам да дремам на пц-во, а во последно време турскиве серии ме иритираат..
 
Ја не знам за вас али вакво грмење у живот неам видено.Искрено ко земјотрес е и ем многу долго грми.Коа ќе загрми цела зграда ми се тресе прозориве се тресат.Плус на 20ти ноември грмење е чудно.Плус една згрмува на секој пола саат.Па и ветерот милијарда лисја у тебе носи не знаеш кај попрво да се свртиш.
 
На 20 ноември грмење воопшто не е чудно, напротив нормално е. Уште малку е ноември, нормално е да има врнежи и грмежи. Мене ми е чудно што на никој не му беше чудно што на средина на ноември температурата беше 24 степени, што е претопло, во таа доба веќе треба капути да носат луѓето и да е ладно. Тоа е чудно, а не тоа што грми. Не знам од кога е чудно на средина на ноември и во есен да грми и врне. :)

Е сега се согласувам со тоа дека зајдоа грмотевициве и дека долго и јако грми, ама тоа е...
 
Чудно е што никој не кажал на телевизија ништо за поместувањето на оската, па да се информираат сите да знаат за ова. Поместена е "Земја"-та од својата оска на ротација за само 23,5 степени, слика.
attachment.php
 
А најчудно е тоа шо место нормално да грми, пука рафали:) и звукот трае подолго од вообичаено:toe:
 
Чудно е што никој не кажал на телевизија ништо за поместувањето на оската, па да се информираат сите да знаат за ова. Поместена е "Земја"-та од својата оска на ротација за само 23,5 степени, слика.
attachment.php
Боже Господе, 23,5 степени си е нормалниот агол на оската на Земјата. Не туку ширете вакви безвезни ствари. :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom