Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид 29.11.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Iceboy
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи на дербито?

  • Вкупно гласачи
    307
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако имаш очи и ако си ме читал,ќе знаеш дека сум фан на Челзи,така да не ме погоди баш-баш твојава сељачка провокација.
 
Не те разбрав ондак,ако сакаш да упростиш тогаш би било појасно.

Ајде ќе пробаме пак: Давор, дали е Гвардиола тренер на Барселона од неделата 28.11.2010?
 
Така,кога Пеп ке освои ЛШ со тим како Порто,тогаш ке му биде рамен на Мурињо.

Мурињо освои ЛШ со Порто во година кога другиот тим што играше во финале беше Монако (и со ова не мислам дека освоиле само затоа што играле со Монако туку дека чим монако и порто стигнале во финале на ЛШ нешто сериозно било погрешно со ЛШ таа сезона). Значи не било само до Мурињо и неговата генијалност. А, како си го објаснуваш феноменот дека Мурињо во Челзи имаше неограничени ресурси и можеше да го купи било кој играч во светот и сепак не успеа ни да стигне до финале на ЛШ? А, на Аврам Грант му требаше нешто повеќе од полусезона да успее во истото?
 
Ајде ќе пробаме пак: Давор, дали е Гвардиола тренер на Барселона од неделата 28.11.2010?

Не е многу нормално.Пази,јас го почитувам како тренер и верувам дека е добар,нормално сеуште е млад има пред него светлосни години за да се докажува и покажува.Но,реков дека не може да се стави на рамниште со некои светски докажани тренери,меѓу кои е и Мурињо.Тоа е тоа.

Мурињо освои ЛШ со Порто во година кога другиот тим што играше во финале беше Монако (и со ова не мислам дека освоиле само затоа што играле со Монако туку дека чим монако и порто стигнале во финале на ЛШ нешто сериозно било погрешно со ЛШ таа сезона). Значи не било само до Мурињо и неговата генијалност. А, како си го објаснуваш феноменот дека Мурињо во Челзи имаше неограничени ресурси и можеше да го купи било кој играч во светот и сепак не успеа ни да стигне до финале на ЛШ? А, на Аврам Грант му требаше нешто повеќе од полусезона да успее во истото?

Грант имаше готов производ.Екипата беше на Мур,тој само продолжи со работа од таму каде што застана Мурињо.
И што дека стигна до финале,кога не го освои.
 
Наместо да зборувате за Челзи, Порто, Фергусон или Венгер, задржете се на темата, зошто има едно многу сериозно прашање кое остана неодговорено:

Ја најдоа ли играчите на Реал топката синоќа на Кампот??

Се надевам им се смилуваа играчите на Барса па по завршувањето на натпреварот им ја покажале. :toe:
 
Не е многу нормално.Пази,јас го почитувам како тренер и верувам дека е добар,нормално сеуште е млад има пред него светлосни години за да се докажува и покажува.Но,реков дека не може да се стави на рамниште со некои светски докажани тренери,меѓу кои е и Мурињо.Тоа е тоа.

Грант имаше готов производ.Екипата беше на Мур,тој само продолжи со работа од таму каде што застана Мурињо.
И што дека стигна до финале,кога не го освои.

Мурињо застана на пораз од андерлехт или некој таков тим. Иначе може да се каже дека и мурињо го наследи Челзи од Раниери. Единствените играчи што он ги донесе и имаа некаква улога во тимот додека он беше тренер беа Карваљо и Дрогба. И Есиен откако си отиде Макелеле.

Како и да е Мурињо имаше 3 сезони да освои лига на шампиони со неограничени пари и не направи ништо.
 
Не е многу нормално.Пази,јас го почитувам како тренер и верувам дека е добар,нормално сеуште е млад има пред него светлосни години за да се докажува и покажува.Но,реков дека не може да се стави на рамниште со некои светски докажани тренери,меѓу кои е и Мурињо.Тоа е тоа.
Абе како не можи да се стави на исто рамниште кога резултаите се очигледни и во премиер лига и во лигата на шампиони.
Добро малку ли ви беа 5-0?
ај кажи колку треба реал да прими голови?
 
Мурињо застана на пораз од андерлехт или некој таков тим. Иначе може да се каже дека и мурињо го наследи Челзи од Раниери. Единствените играчи што он ги донесе и имаа некаква улога во тимот додека он беше тренер беа Карваљо и Дрогба. И Есиен откако си отиде Макелеле.

Како и да е Мурињо имаше 3 сезони да освои лига на шампиони со неограничени пари и не направи ништо.

Не изгуби од Андерлехт,туку изигра нерешено со Розенборг на Стемфорд.
Иначе и сам знаеш колку беше јака конкуренцијата,па затоа може и Челзи не беше доволно силен да се носи со Милан,Ливерпул,Манчестер и Барселона,во Европа.
 
Не е многу нормално.Пази,јас го почитувам како тренер и верувам дека е добар,нормално сеуште е млад има пред него светлосни години за да се докажува и покажува.Но,реков дека не може да се стави на рамниште со некои светски докажани тренери,меѓу кои е и Мурињо.Тоа е тоа.

Tвоја работа е што мислиш. Не спорам за тоа. Спорам за муабетите од типот „една ластовичка не прави пролет“, божем Пеп дебитираше вчера на клупата на тимот и вчера го постигна својот прв позначаен резултат, а ние побрзавме да го величаме (кога ни самиот тој не го прави тоа, за разлика од други тренери кои се предмет на хвалоспеви). И нели, нормално, кога Му ќе тепа, тоа е негов личен успех, ингениозност, магија, а кога Барса ќе победи - играчите се заслужни, а не Пеп :) Смешно е.

И ајде, со светски докажаните тренери да го споредиме, на пример со Мурињо:

Му - 18 трофеи во 10 години кариера
Гвардиола - 8 трофеи во 2 и пол години кариера. (не му ја бројам титулата со Барса Б во втора шпанска лига, освоена во дебитантската и едина сезона како тренер на вториот тим на Барса).

Чамче муабет.
 
Не изгуби од Андерлехт,туку изигра нерешено со Розенборг на Стемфорд.
Иначе и сам знаеш колку беше јака конкуренцијата,па затоа може и Челзи не беше доволно силен да се носи со Милан,Ливерпул,Манчестер и Барселона,во Европа.

До пред малку збориш дека Мурињо може да освои се со било кој тим, а сега од еднаш неговиот најскап тим не бил доволно добар за да се натпреварува во Европа.
 
Ама разликата е во тоа што Мурињо освојуваше со различни екипи,за разлика од Гвардиола,али небитно за тоа во право си.

Туку да не ломотам многу,зошто може Гвардиола од наредна сезона ќе биде тренер на Челзи,па да не испаднам контрадикторен.. :)
 
Гвардиола уште не стигнал да тренира друг тим.

А, за второто... се кладиме дека нема да биде? ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom