За разлика од другите нема да предвидувам резултат, со трезвена глава ќе речам дека очекувам многу тежок натпревар. Реал лани беше силен тим што со тешки маки го добивме на Кампот, Реал годинава е уште посилен тим. Нема да ме изненади резултатот, каков и да е - и Барса да победи, но исто така и Реал да победи на Кампот, нешто што се нема случено доста долго време. Нерешен резултат е можеби и најверојатната опција.
Обично проценката ја давам во првите 10 минути за тоа како Барса ќе игра. Доколку тргнат мотивирани како против Арсенал на Емиратите лани, доколку ја задржат топката во нозе и завладеат со неа, знам дека шансите за победа се големи. Против било кој тим би било речиси сигурно, но не и против Мурињо. Многу зависи од тоа како ќе пристапи Реал - отворено или ќе чека контри. Првата опција многу повеќе и одговара на Барса, втората е тесно поврзана со фортуната и ефикасноста во тие малку шанси што ќе се укажат.
За дуели помеѓу играчите, секако дека Меси против Роналдо е најекспониран, но според мене многу повеќе ќе зависи од играчите од средината како Чави, Иниеста, Бускетс и на другата страна Озил, Алонсо, Кедира. Очекувам Чави повторно да блесне како на претходните Ел Класика иако сезонава има многу проблеми со повредите. Тој е алката што одлучува дали Барса ќе одигра добро или лошо. Секако дека Барса може да победи и без него, и без Меси, и Реал може да победи без Роналдо или било кој друг, но во Ел Класико тоа е голем хендикеп, и секако формата на секој играч поединечно ќе влијае на крајниот резултат.
Да не филозофирам многу, со среќа и на двата тима и нека победи подобриот. Се надевам на возбудливо Ел Класико (за нас фановите тоа секогаш е) исполнето со многу голови, и исто така се надевам на фер судење. Па, уживајте народе
