Iceboy
Porque somos LOS MEJORES
- Член од
- 23 октомври 2008
- Мислења
- 17.314
- Поени од реакции
- 17.984
Болд 1: Тоа сакам да го кажам одамна ама ајде нејќам да ги омаловажувам другите екипи. Моментално Барса и Реал се ниво над другите и само некои тешки повреди или некој огромен пад во формата нема да им овозможи да стасат барем до 1/2 во ЛШ. До лани на секоја утакмица бев гадно сигурен во победа на Барса, ама годинава приказната е малку подруга.На ваков пост веќе можам да ти реплицирам, си навел нешто статистика, си ставил мислење, има некои аргументи и може да правиме муабет. А не таму поезии ми пишуваш за снегот лански, ја знам дека сте во навивачки занес пред дербито ама кочете малце![]()
Мурињо од Реал направи здрава екипа, каква што беше порано под водство на Дел Боске на пример. Без разлика за кого навива, човек треба да е слеп за да не го види и да не го признае тоа. Реал и Барселона (по било кој редослед) се најдобрите екипи на светот моментално, па нормален е секаков резултат.
Мурињо не е семоќен и повремено губи натпревари, тоа е јасно и нормално е. Тоа што Барселона се фали со позитивна статистика со Мурињо е исто така во ред, ама сметајте и на тоа дека и тренерот со текот на годините созрева и станува се подобар и подобар. На пример, кога Мурињо дојде во Интер, му требаше една година да ги среди работите, за во следната да биде она вистинското. Очекував така да биде и со Реал, но колку што гледам, Мурињо веднаш го крена Реал на нозе.
Значи, се си стои и никој не вика дека Реал ќе дојде на Камп Ноу и ќе ја растури Барса, ама пак нема ни аргументи и за спротивното. Да го споредуваш ланскиот Реал со овој е сулудо, благо речено, тоа е големо непознавање на фудбалот. И не е воопшто важно колку исти играчи имал Реал лани, и Интер ги има истите од лани па гледај што се случува.
Мурињо е пола екипа, ако не и повеќе...
Јас не дека не мислам дека Барса нема да тепа, секгаш ќе го мислам тоа со која било екипа да играме и на кое било место на табелата да бидеме, ама годинава со Реал ќе биде многу потешко. Премногу добро се уиграни, сега можеби ќе беше друка приказната ако немаа толку прост распоред од почеток, ама добро муабетов ми е веќе ако баба беше машко, дедо ќе беше педер. Важно луѓето се уиграа, даваа по 3-4 гола на сите утакмици.
Болд 2: Никој не го оспорува Мурињо. Кажав и претходно моментално со Гвардиола, Фергусон, Хидинк се најдобрите тренери на денешницава. Во топ 5 оди во секој случај. Ама колку и да е добар тренеров, ако играчите му се трупци ништо не правиме. Е сега во Реал играчите на име се кој од кој подобар, ама ќе видиме колку ги бива за големи дуели. Ди Марио изигра одлично досега, ама ова ќе му биде меѓу првите посериозни тестови протиив појака екипа. Роналдо сеуште нема постигнато гол против Барса (за се има првпат:pos2
ваљда така и ќе остане. Така да полека не трчајте сите оти има некој тука шо ги направија Реал шампиони уште пред да почне сезонава, не дека нема такви и Барса шо ги направија, ама сите викате дека ние сме се дигнале во облаци а не сте виделе вие прво.
