- Член од
- 24 октомври 2010
- Мислења
- 2.434
- Поени од реакции
- 244
Состојбата у која си бил привремено буден се вика Samadhi.секако доколку тоа може да се нарече будење. тоа е ко за момент да ја почувствуваш својата вистинска личност, неверојатно чувство на слобода и убавина, но се јавува тој гласот во тебе - доста со ова, имаш проблеми и грижи што треба да ги решаваш. вистината му се појавува на непросветлениот ум како илузија, чув од некого.
еве c/p
„Некој човек имаше два сина. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот.
А по неколку дена помладиот син собра се свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно.
Кога потроши се настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност.
И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите.
И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука!
Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе;
не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’
И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше.
А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’
Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете.
Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме,
зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат.
А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и и се приближи на куќата, чу песна и играње;
па повика еден од слугите и го праша што е тоа.
А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’
Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли.
А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели.
А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’
Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и се што е мое - е твое;
но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’”
кој поминал поубаво прашање е сега
Тоа ти е како свеќа.
Нирвана би било да речеме сонце.
Ама сепак свеќа е бољи од мрак.
И штом еднаш ќе видиш околу тебе макар и со свеќа нема никогаш да биде исто.
Затоа не се замарај многу.
Што е твое ќе си дојде.
Тука е главниот проблем , во барањето се одеднаш.
Затоа ти се чини дека си у бетер ситуација него кога си бил успан.
Јеби га со будноста доаѓа одговорноста.
У колективот со боргите немаше гајле.