Дали човек се раѓа со душа или треба да ја "заслужи" во текот на животот.

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Значи немаме везе за што правиме муабет. :toe:
Хахах тоа е индивидуално искуство и "знаење".
Неможе да се прераскаже или да се научи за жал.:)
Може да се зборува за начините како да се дојде.
Тоа би била правата религија(уметност на живеењето).
За понатака незнам што да ти кажам.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

И јас знам се само незнам како да го кажам тоа :icon_roll
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
И јас знам се само незнам како да го кажам тоа :icon_roll
:) За ова ти зборев.
Затоа што не е твое искуство секогаш ќе биде најобична информација.
Хахах која иронија може си ја чул милион пути , а не ти значи ништо.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
:) За ова ти зборев.
Затоа што не е твое искуство секогаш ќе биде најобична информација.
Хахах која иронија може си ја чул милион пути , а не ти значи ништо.
Информација е лично искуство само без последици од тоа. Во превод она доброто од искуството без насаканите ефекти и последици. Најлошиот начин на учење е од лично искуство.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Информација е лично искуство само без последици од тоа. Во превод она доброто од искуството без насаканите ефекти и последици. Најлошиот начин на учење е од лично искуство.
Најлош е од лично искуство ?
Тогаш слепци би биле експерти за светлина.
Глувите би биле најдобри музичари.
и тн. и тн.
Ова што го кажа е најголем проблем на денешницата.
Набљудувај мало дете , оно сака да опипа.
Не му е доволно да знае дека не треба хахах од таму произлегуваат сите бељи .
Биди како мало дете повторно , за да пораснеш брзо.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Најлош е од лично искуство ?
Тогаш слепци би биле експерти за светлина.
Глувите би биле најдобри музичари.
и тн. и тн.
Ова што го кажа е најголем проблем на денешницата.
Набљудувај мало дете , оно сака да опипа.
Не му е доволно да знае дека не треба хахах од таму произлегуваат сите бељи .
Биди како мало дете повторно , за да пораснеш брзо.
Забегавем надвор од темата.
 
Член од
14 јануари 2006
Мислења
93
Поени од реакции
2
Некаде слушнав дека Ѓурџиев рекол дека човек нема душа(се раѓа без душа) се додека не "заслужи" да ја добие , инспириран од ова сметав дека ако е тоа така тогаш е тоа најважната работа која човек би ја стекнал во животот кој го живее односно Е.
Се поставува прашање ако е тоа така како да се изведе.
Се прашувам дали е тоа патот до рајот (небото) за кој зборуваше Исус.
Ako mi dozvolite bi sakal da ve nadopolnam malku dusata treba prvo da se otkupi.
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
46
Поени од реакции
3
Некаде слушнав дека Ѓурџиев рекол дека човек нема душа(се раѓа без душа) се додека не "заслужи" да ја добие , инспириран од ова сметав дека ако е тоа така тогаш е тоа најважната работа која човек би ја стекнал во животот кој го живее односно Е.
Се поставува прашање ако е тоа така како да се изведе.
Се прашувам дали е тоа патот до рајот (небото) за кој зборуваше Исус.
тој исто рекол тие што ги читаат неговите книги, да ги читаат по три пати, прво само површно читање, втор пат со размислување, трет пат со соживување :) или така некако.
да заслужи човек душа, треба да ги надмине своите условени его желби, не да ги гуши. бидејќи од лично искуство, предвременото будење доведува до уште поголема заспаност.
онаа приказната за синот - изгубена овца е многу поучна во тој контекст. уел, секој со своја судбина, или мака.
 
V

Vollstandig

Гостин
Не ми е јасно авторот шо сакаше да кажи со ова, “Чоек се раѓа со душа или да ја заслужи“
Ај да заслужиш плата, зш си работел ама како ќе ја заслужиш душата???
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
тој исто рекол тие што ги читаат неговите книги, да ги читаат по три пати, прво само површно читање, втор пат со размислување, трет пат со соживување :) или така некако.
да заслужи човек душа, треба да ги надмине своите условени его желби, не да ги гуши. бидејќи од лично искуство, предвременото будење доведува до уште поголема заспаност.
онаа приказната за синот - изгубена овца е многу поучна во тој контекст. уел, секој со своја судбина, или мака.
Не верувам у предвремено будење.
Која е приказната?

--- надополнето ---

Не ми е јасно авторот шо сакаше да кажи со ова, “Чоек се раѓа со душа или да ја заслужи“
Ај да заслужиш плата, зш си работел ама како ќе ја заслужиш душата???
"заслужи" не е еднакво со заслужи
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
46
Поени од реакции
3
Не верувам у предвремено будење.
Која е приказната?
секако доколку тоа може да се нарече будење. тоа е ко за момент да ја почувствуваш својата вистинска личност, неверојатно чувство на слобода и убавина, но се јавува тој гласот во тебе - доста со ова, имаш проблеми и грижи што треба да ги решаваш. вистината му се појавува на непросветлениот ум како илузија, чув од некого.

еве c/p :)

„Некој човек имаше два сина. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот.
А по неколку дена помладиот син собра се свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно.
Кога потроши се настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност.
И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите.
И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука!
Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе;
не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’
И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше.
А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’
Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете.
Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме,
зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат.
А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и и се приближи на куќата, чу песна и играње;
па повика еден од слугите и го праша што е тоа.
А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’
Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли.
А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели.
А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’
Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и се што е мое - е твое;
но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’”

кој поминал поубаво прашање е сега :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom