ШТРАЈК СО ГЛАД ЗА НЕ МЕНУВАЊЕ НА НАШЕТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Zoki Lou
  • Време на започнување Време на започнување
Не се глупости, со подршка на некои медиуми (по можност странски) би се испратила добра порака - само да има добри организатори и претставници кои јасно ќе го покажат нашиот став.
Со нашата пасивност можеме само да загубиме, со активност можеме само да добиеме. До сега во нашата историја се покажало дека сме офци за стрижење - а дур има офци, некој ќе има волна.
Треба да се излезе за да не се дозволи истата грешка од пред 17-18 години - барем ќе знаеш дека си пробал да смениш нешто.

Tokmu taka !
 
Подршка за иницијативи кои ќе привлечат внимание на проблемот, но сепак овие западњациве око не им трепнува што ќе уништат еден цел народ верувај дека нема да им е гајле ако еден од истиот тој народ што сакаат да го уништат, гладува до бескрај. Треба некои попаметни иницијативи и кампањи кои ќе ја анимираат светската јаност. Ние си знаеме што е и како е, светот треба да дознае повеќе.
 
Македонијо мила, што си доживеала, вакви да креваат глас за тебе и твоите идеали.

Ако има некој начин позитивно решение да извадиме од целиов овој проблем е со зајакнувањето на нашата катастрофална дипломатија и 24 часовното лобирање и со поинтензивни преговори да прикажеме слика во светот дека ние сме тие што сакаме овој проблем што побрзо да се реши, а не грците.

Штрајкот со глад е добра идеја, но непродуктивна. Грците едвај тоа го чекаат, да изумреме од глад.
 
Македонијо мила, што си доживеала, вакви да креваат глас за тебе и твоите идеали.

.

чисто информативно, ни од елитистите образувани и интелигентни кхм, аир не видела! А глас за Македонија ќе крене кој сака.
Барем човекот нешто прави! Не дели памет и тестови за интелигенција на форуми...
 
Прави!
Шири омраза и повикува на линч на јавна личност.
Тоа е вистинскиот пат за Македонија мила да ги победи сатанистите и педерите евтопски! Со штрајкување со глад, каменување на се поврзано со ЕУ и растргнувањето на Фуере на парчиња. :tapp:

Јас не знам дали имаат 13 години или имале пречки во развојот?
 
Македонијо мила, што си доживеала, вакви да креваат глас за тебе и твоите идеали.

Ако има некој начин позитивно решение да извадиме од целиов овој проблем е со зајакнувањето на нашата катастрофална дипломатија и 24 часовното лобирање и со поинтензивни преговори да прикажеме слика во светот дека ние сме тие што сакаме овој проблем што побрзо да се реши, а не грците.

Штрајкот со глад е добра идеја, но непродуктивна. Грците едвај тоа го чекаат, да изумреме од глад.

коментирав за првиот и вториот болд. Остатокот беше за чичкото што решил да штрајкува.Муабетот со членот не го коментирав :)
Инаку растргнувања на Фуере се глупости.

Абе во ЕУ или како Македонија или никако.
И каква дипломатија какви бакрачи. Се е џабе, ако Гејлада те блокира. Кого да убедувам? На кого да кажувам вистина? На некој што не сака да ја види? Што не сака да ја знае (читај се прави мутав)? Ако не не сакате, чао пријатно. Ќе се убедуваме сеа ко пубертетлии...
 
Прво извини, погрешно разбрав за кој член мислеше, ти погрешен болд искористи.

Треба да покажеме достоинство, но не и тврдоглавост.
Види, ние се викаме Македонија, ние сме македонци, тоа никој не може да ни го земе. Јас сум против измена на уставот, јас сум за правото државите што не признаа да ни викаат по нашето уставно име, а како ќе не викаат грците или под кое име ние ќе бидеме во канцелариите на ЕУ, ама баш не ми е гајле!
 
Не се извинувај, нема врска, недоразбирања.

Е па мене ми е. Знаеш, кога ќе дојдеш кај мене дома, ќе ги почитуваш правилата на куќата. Дали ќе соблечеш кондури, пушел не пушел и така се по ред. Така и нивните фуериња, кога ќе дојдат у Македонија, има течно да го изговорат името, заради куќниот ред! Штета што сеуште го немаме. Барем јас мислам така...
 
Од ситуацијата нема излез. Во случајот Грција не преговара, а става услов. Не знам зошто мислите дека преговара, како ништо не можете да предложите за да наречете тоа нешто преговори.

Дури и да сакаше Грција нема како да се направи компромис. Само политичката ситуација е многу тешка таму и тоа може да доведе до немири и уште проблеми.

Единствениот начин да влезете во ЕУ е како прифатите сите услови на Грција ...

ЕУ нема механизам на кој да го заобиколи која и да е земја членка.

Едит. Опомена.
 
Јас, Филев Ѓорги, поради непочитување на моите основни човекови права за самоопределување од страна на меѓународните организации, се одлучив на штрајк со глад.

Јас сум Македонец, сите мои предци биле Македонци, мојата држава - татковина се вика Македонија, тоа е факт којшто не може и не смее да се промени.

Да се собереме сите заедно, да се сплотиме и да си го зачуваме нашето вековно име Македонија, нашиот идентитет, чест и достоинство.

Тоа се работи за коишто не може да се преговара.

Ги повикувам сите Македонци, овде во Македонија и ширум светот, да ни се придружат во овој наш штрајк со глад, по своја волја, со единствена цел - неменливост на нашето име Македонија.

Воедно, ги повикуваме и сите оние кои ќе изразат добра волја, на кој било начин да го помогнат овој штрајк со глад.

Планирани термини за одржување на штрајкот:
(Точните датуми и локации дополнително ќе бидат соопштени во медиумите и сите заинтересирани благовремено ќе бидат информирани)

Ноември/декември 2010 - Предупредувачки штрајк со глад од 24 часа само во Скопје;
Февруари/март 2011 - Предупредувачки штрајк со глад од 48 часа во секоја општина во Македонија;
Јуни/јули 2011 - Штрајк со глад без ограничување во секоја општина во Македонија и организирање на Македонците во дијаспората.
Во овој штрајк можат да се вклучат сите, без разлика на пол, вера и нација, со наполнети 18 години.

За било какви информации или коментари, пишете на kontakt@strajk.mk .

За пријавување и учество во штрајкот со глад кликнете овде.

http://www.shtrajk.mk/

Со глава во ѕид не се удира..:zid: Користи ја главата за да пронајдеш начин како да поминеш низ ѕидот без да се повредиш !!!
 
Прави!
Шири омраза и повикува на линч на јавна личност.
Тоа е вистинскиот пат за Македонија мила да ги победи сатанистите и педерите евтопски! Со штрајкување со глад, каменување на се поврзано со ЕУ и растргнувањето на Фуере на парчиња. :tapp:

Јас не знам дали имаат 13 години или имале пречки во развојот?

Не, вистинскиот пат според тебе е да седиш дома и да пишуваш на македонски форум - пошто ние, обичниот народ не сме надлежни за лобирање и зајакнување на некаква си дипломатија, нити пак за водење преговори.
Какво интензивирање на преговори, кога 90% од Македонците не би го дале нити името нити идентитетот? Зошто владата би одела против волјата на народот кој ја изгласал? Преговараме за нешто што е наше - ко некој да ти дојде дома и да ти каже син ти ќе се вика Петко или ти нема излагање надвор од зграда - и ти на тоа да возвратиш со преговори - дај да се вика стефан? Ајде бе...
Се што било постигнато за Македонија низ историјата било постигнато од радикали, луѓе кои се спремни да се жртвуваат за своите идеали - истото се случи и со албанците, 10 години бараа културно не добија ништо, 1 година војна добија се.
 
...штрајк со гладување?
Кога веќе е спомнато гладувањето да ви кажам дека на некој дури сега му текна да гладуваме за патриотизам, а некој веќе гладува ,последните години се во “штрајк“ само што никој не ја гледа нивната состојба и нивниот патриотизам!

А за името , ако штрајкуваме со глад, додека ќе се реши проблемот,ќе завршиме со анорексија .

Сепак мое мислење .
 
Убава е замислава, а и конечно беше да се организираме како народ и да направиме нешто со што ќе го изразиме нашиот револт кон каприцот на племето од југ.
Само проблемот е што више не избришаа како народ на оваа држава во ОНН, па после не ни го признаваа јазикот у извештајот на ЕК, така да штом ова се случи на големите сили им е многу гајле дали некои 2 милиони народ ќе штрајкувал со глад. Треба нешто поголемо да направиме, нешто што ќе биде забележано во светот.
 
Јас се приклучувај/пријавувам кој ова. :salut: И онака треба да скинам некое килце.
 
мене не ми е јасно зошто штрајк со глад, во принцип штрајкуваш кога сакаш да добиеш права, а овака ти условно речено во својата земја го имаш правото, ама штрајкуваш со глад за да не го изгубиш....и до кога ќе штрајкуваш? нарочно ако никогаш не го изгубиш (смениш името)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom