Самит на НАТО во Лисабон, Македонија надвор од агендата

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Самит на НАТО во Лисабон, Македонија надвор од агендата

getImageThumbnail.php

Со шанси Македонија да влезе во НАТО кои се мерат во промили започнува историскиот Самит на алијансата во Лисабон каде главна тема е новиот стратегиски концепт во кој главни точки се Агванистан, Русија, антиракетниот штит и сајбер криминалот.

Македонија ја претставуваат претседателот Иванов, министрите Милошоски и Коњановски кои не се дел од централната дебата на земјите членки туку во делот од Самитот на кој ќе учествуваат земјите кои имаат свои војници во Авганистан.

Се очекува утре претседателот Иванов да ја потврди македонската стратегиска определба влез во НАТО, но и да побара еднаков третман за сите кои учествуваат во операциите на Алијансата. Македонија со околу 160 војници е на 8-то место според бројот на воени припадници кои се борат под знамето на НАТО.

Сепак и покрај тоа што Македонија нема да биде во главната агенда, за неа во Лисабон се дебатира или поточно се водат кавги. Имено пред неколку дена во седиштето на воената команда на НАТО во Португалија се водела вистинска војна откако висок грчки воен претставник забранил употреба на името Македонија како начин на именување на земјата, на ова остро се спротивставиле германски и португалски претставници по што домаќините покрај целата референца на картичките на учесниците ја ставиле забелешката дека Турција не признава под уставното име.

Во наредниве два дена претседателот Иванов и министрите Милошоски и Коњановски ќе имаат тешка задача да ја претставуваат земјата во ситуација кога речиси сигурно дома ќе се вратат со лоша вест. Единствено што можат е пред земјите членки да се изборат во иднина војниците на АРМ да бидат нарекувани македонски, а не како извештајот на Европската комисија да се избегнува придавката „македонски“ особено кога за тоа одлучуваат грчки офицери.

Враќањето на терминот „македонски“ во регистарот на Обединетите нации е добра причина македонскиот државен врв да започне ваква дебата во НАТО кога веќе такво нешто не започна во Европската унија од каде официјално се извинија за наводната грешка.

Имено десетина дена откако Унијата ни сервираше реален извештај во кој го немаше терминот „македонски“, државниот врв се уште молчи и не презема ништо ЕУ да ги спроведе во дело упатствата на Обединетите Нации на кои се повика евроамбасадорот во Скопје.

Од Лисабон за Канал 5, Горан Момировски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67381
 
Не се сомневам дека Нашите претставници достоинствено ке ги искажат нашите ставови во врска со влезот во Нато.
Така да и по тоа прашање мирно можам да си спијам.
 
Македонија да си ги врати војниците дома, а не да иде Авганистан да го ослободува! Кај не те сакаат, кај не те примаат, кај не те ни признаваат, па уште курбан им даваш 160 луѓе...
 
Ако сме народ со достоинство, а не сме во овој момент, ние треба да ја повлечеме пристапницата во НАТО со добро образложение, дека Македонија и Македонците неможат да влезат во организации кои сакаат да се декларираат како демократски а во пракса применуваат начела кои го негираат основното човеково право на самоопределување.
И, бидејќи светот не почива на принципи на еднаквост, толеранција, хуманост и демократија, Македонија треба во срцето на јужното крило на НАТО да инсталира С-400.
Овака сме пред умирање, онака има шанса ако тргнат работите во насока на растурање на западната фалш демократија, да си го вратиме и Солун кој одсекогаш и ни припаѓал.
Ако Грција ја формираа на македонско тло и тоа тие кои ги создадоа ЕУ и НАТО, дали имаат логика сегашниве случувања ?
Имаат, тие сакаат новите држави од нив создадени уште повеќе да ги зајакнат на иста сметка.
Не ли е нормално ние да бидеме во клуб кој е опозит на овој ?
 
Абе РМ да инсталира С-400. Ало...никоj друг освен руснаците го нема.Па и Русиja има около 5 баталиона само. Уште повеке НАТО ке преговара со Русиja за заедничко ПРО,ти зборуваш за студената воjна. Заради РМ, Русиja ке почне нова студена воjна ... какви глупости зборуваш?!
Можам да ти предложам С-500 - подобро ке е.

Се е замрзнато от Букурешт,докато нема решение. Това на неколко пати беше кажано.
 
Ako eden pravec ti e zamrznat togas svrti levo, svrti desno , snavagaj se kako znaes i umees. A kako sto stojat rabotite ovoj NATO i EU mraz uste dolgo ke ne mrzne, zatoa vo meguvreme treba da se barat poopli kraista.
 
Ако сме народ со достоинство, а не сме во овој момент, ние треба да ја повлечеме пристапницата во НАТО со добро образложение, дека Македонија и Македонците неможат да влезат во организации кои сакаат да се декларираат како демократски а во пракса применуваат начела кои го негираат основното човеково право на самоопределување.
И, бидејќи светот не почива на принципи на еднаквост, толеранција, хуманост и демократија, Македонија треба во срцето на јужното крило на НАТО да инсталира С-400.
Овака сме пред умирање, онака има шанса ако тргнат работите во насока на растурање на западната фалш демократија, да си го вратиме и Солун кој одсекогаш и ни припаѓал.
Ако Грција ја формираа на македонско тло и тоа тие кои ги создадоа ЕУ и НАТО, дали имаат логика сегашниве случувања ?
Имаат, тие сакаат новите држави од нив создадени уште повеќе да ги зајакнат на иста сметка.
Не ли е нормално ние да бидеме во клуб кој е опозит на овој ?

:nenene:

Народ со достоинство сме и тоа како ,туку ќе речиш политичари без достоинство и газо лижачи :smir:
 
А за што ке користите С-300?

S-300 ти е ПВО (Против воздушна одбрана) го имаат само русите....тоа моментално кај наас не е потребно а ни малце не е реално..пошо овој "ЗВЕР" од направа вреди 2 пати повеќе од целиот буџет на АРМ на годишно ниво :toe:
 
Ako eden pravec ti e zamrznat togas svrti levo, svrti desno , snavagaj se kako znaes i umees. A kako sto stojat rabotite ovoj NATO i EU mraz uste dolgo ke ne mrzne, zatoa vo meguvreme treba da se barat poopli kraista.
Врти лево,врти десно,но си заклучен и от НАТО држави, си заклучен и от ЕУ држави.
Другата страна ти е С.Кореja,Иран,Венецуела,Беларус и други...
Идеите на не кои квази журналисти за поблизо однесуване до БРИК некак не држат вода поради многу причини.
 
Зар мора да се припаѓа кон некој сојуз или така нешто?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom