Е дечки, толку од оваа разочарувачка сезона...
Испаднавме од 3 натпреварувања, срушивме анти-рекорди, и можеби ќе треба да играме квалификации за ЛШ.
Јас искрено веќе не верувам ни во Венгер. Можеби он ќе сфати дека таа негова филозофија му ја знаат сите и дека не може веќе да правиме ѕвезди, дека треба да купуваме.
Веќе 7 години сме без титула, го нема тој Арсенал, тие Топџии кои беа недопирливи. Овие 7 години не знаат како тим кој е подобар од Сити и Тотенхем, а е послаб од Јунајтед и Челзи.
Си кажувам искрено и мислам дека никој не не ферма 2%. Сите знаат дека секогаш у втора половина на сезона ни паѓа формата и волјата за играње. Овие играчи сеа што ги имаме немаат доволно искуство, премонгу се млади.
Стави го Видиќ до Гибс, Сонг, Сања... Разликата е огромна. Не можеме да му парираме на ривал со деца! Ем деца, ем не им се игра, ем Венгер упорно, ама упорно си тера по неговото!!!
Не знам колку од вас сеуште веруваат во Венгер, мислам дека повеќето престанаа и ги сфаќам. Бирмингем има освоено повеќе трофеи од нас за 7 години. Тоа е едноставно... Немам зборови, не знам,
And yet... Се полни Емирати секој натпревар на Арсенал, само не знам до кога. Летово мора да се донесат играчи кои имаат искуство, а не да им даваме шанси на младите. Им даваме 7 ебани години. Ова веќе нема смисла.
Само некои играчи заслужуваат почит. Вилшер, Ван Перси, Шчезни... другите не заслужуваат никаква почит, барем не мојата.
Се сеќавам, еднаш одамна еден форумџија беше напишал „Ако треба и да не играме толку убав фудбал, само да освоиме титула“.
Епа брат, ни титула, а ни убав фудбал. Сегашниот Арсенал не може кога напаѓа да сврзи 4 асални убави пасови. Грешки ненормални.
На денешниов натпревар имав претчувство дека ќе изгубиме. И откако се случи тоа, не се нервирав, почнав да се смеам. Едноставно сме смешки.
А судииве што ни јадат гомна тоа ти е друга приказна... Но сепак судиите не се криви толку, колку што е тимот заедно со тренерот.
Летото ќе не поврзуваат со многу играчи демек ќе дојде ова она, ама се надевам дека навистина ќе дојде некој, за разлика од минатата сезона.