Абе џабе, разговарате кој играл со срце, а кој не.. Само не можам да сфатам, како можи некој да се наречува навивач на Арсенал, а на аватар да го има ставено она што го има, како да е најголем терорист на светот !? То е, под секое ниво...Дури и она селското ниво.. И јас не го сакам Клиши, па никогаш не би се осудил да ставам наш играч на аватар и тоа да го пречкртам, за секој случај, да не избега....
Шо ќе речат од другите фанклубови ? Дека немаме самопочит ? Срамота е... Можеби и да не беше Венгер, ти ќе си навивал за Арсенал, али сигурно придонел да со засакаш уште повеќе...
И да разјасниме, и после уште една неуспешна сезона, Венгер ја има мојата поддршка како идеален за менаџеркста позиција во Арсенал...
In Arsene I trust
Ама до кога?
Разбирам све ама до кога со таа негова тврдоглавост?
И јас не сакам Венгер да си оди ама дали вие разбирате дека он мора нешто да менува?
Лошото е што он ништо не се обидува да смени, ама баш ништо. Секоја година е истиот муабет, од играчи со муда што ги имавме до пред 5-6 години, играчи кои токму Венгер ги донесе, сега е сосема спротивно имаме еден куп безкичмењаци кои не заслужуваат да го валкаат дресот на Арсенал и Венгер упорно се обидува да докаже дека ова му е најдобриот тим на Арсенал.
Еве ја неговата изјава... зарем онаа златна генерација заслужува ваква изјава од Венгер?
http://www.arsenal.com/news/news-archive/wenger-this-is-my-strongest-squad-ever
И Зашто така наеднаш Венгер се смени во тој поглед? Он сигурно знае како се гради шампионски тим ама зашто сега некако води инат дека може со овој тим да освои кога очигледно е дека неможе. Треба некој да му викне малце иначе пак тој ќе си продолжи со неговата тврдоглавост и идната сезона повторно ќе гледаме играчи како Денилсон, Скилачи, Бендтнер итн.
Омекнал стариов со годините, построг беше порано избрка доста играчи кои можеа и те како да ни се најдат. А и имаше поголем осет за трансфери, сега освен Насри, Вермален и ајде да речам Аршавин нема купено ама баш ништо асално што може да влета во прв тим, премногу се ослонува на младинци а неможе така титула... Сетете се само какви трансфери правеше Венгер порано, можам барем 10 да набројам што беа многу влијателни играчи во тој Арсенал...
Оваа година бевме блиску поради тоа што Манчестер а пред се и Челзи имаа слаби сезони.
100 пати повторив и пак ќе кажам сеа, идната година ќе биде пеколно тешко:
- Ливерпул со Далглиш (а и сигурен сум 2-3 нови засилувања) ќе претендира за титулата сигурно
- Манчестер доколку не се деси нешто лудо како на пример Ферги да се пензионира пак ќе се бори за титула.
- Челзи ќе потроши 150 милиони летово на трансфери и убеден сум дека пак ќе се бори за титула
- Сити се една година заедно, зависи од потезите на трансфер пазарот мислам дека ќе бидат многу поконкурентни од оваа година, доколку го сменат Манчини ќе бидат уште посилни
Не верувам дека некој од останатите би се вмешал али сепак ќе биде многу потешко од оваа година.
И пак се враќаме на она првично што го кажав, ШТО Венгер ќе направи летово ќе ја дефинира неговата судбина во Арсенал понатаму од идната година, сигурен сум дека ќе остане уште нареднава а за потоа незнам, незадоволството кај навивачите расте, не зборам за кај нас зборам за оние што плаќаат илјадници фунти да го гледаат Арсенал.
И кога сме кај трансферите, годиниве имаше еден куп транфери по багателна цена (багателна во однос на нивниот квалитет), посебно распродажбата што ја прави Реал секоја година, да ги набројам само: Ван Дер Варт, Снајдер, Робен. Чудно е што ние не се обидуваме да купиме ниту еден ваков фудбалер кој би не чинел 15-20 милиони а во секој случај би имал големо влијание...
Него ај доста се изнајадов гомна морав да се испукам малце, се надевам ќе може да развиеме подобра дискусија а не само ПРЕКУ К** од овој или оној.
А да, пошто сите се изнапишавте желби јас сакам да се донесе Ето за да игра у тандем со РВП (под услов да остане овој неповреден една година) а како замена Анри.