- Член од
- 30 јули 2008
- Мислења
- 4.320
- Поени од реакции
- 2.846
Тоа е тоа што го зборам цело време кога пишувам долу управа. Сигурен сум дека доколку го притиснат Венгер друга песна ќе е. Нема да биде толку комотен и ќе бара нормално засилувања докажани со кои ќе има успех. Затоа цело време велам дека управата е таа шт отреба да се смени а не Венгер. Не за џабе добива нон стоп признанија од стучњаци за еден од најдобрите менаџери.Во право сте за очекувањата за наредната сезона, но исто така има вистина и во тоа дека ништо нема да се смени, всушност второво е поверојатно.
Денилсон, Диаби, Росицки, Алмуниа, Бендтнер, Скилачи, Маноне и Ебуе да се продадат и некако да си го исплатат времето кое го поминаа во Арсенал заземајќи нечие место, да се земе некоја пара од нив и да се отвори простор за некој друг.
Сигурен сум дека испуштив некој, но на овие им беше дадено многу време и не се вклопија. Маноне немаше вистинска шанса, но ако го задржиме ќе создава непотребна тензија бидејќи дечкото неколку пати изјави дека сака првотимски статус. Росицки добро тргна но повредите го ограничија, годините го стигнаа и формата му е далеку од добра. Бендтнер од исти причини како и Маноне. Останатите се играчи кои немаат квалитет за во тим како Арсенал, како тинејџери беа надежни но и Венгер, и покрај носот за таленти кој го има, може да згреши.
Му бев лут(Венгер) пред неколку месеци но во меѓувреме сфатив дека неговата мисија последниве 7-8 сезони не биле титулите, туку парите и позитивниот финансиски биланс на крајот од годината. Тоа што остануваме во игра за титули до последните кола е доказ за неговата способност. Со добар тим на човеков Мурињо ќе може само вода да му носи.
Почнавме сите, неосетно да се радуваме на заработката место на титулите. Сеуште не ми е јасно дали ги жртвувавме сезониве за повисока цел, т.е за постабилна финансиска конструкција и цврсти темели кои ќе не одржуваат во наредните декади или само за полнење на џебовите на акционерите.
Венгер нема да го избркаат, барем додека не заврши ова со отплатата на дологовите.
Патем, сега разбрав и мислам дека сите разбираме зошто Дејвид Дин се повлече, не сакаше да учествува во оваа фарса. Тој го донесе Арсен, тој му ги обезбеди сите средства, тој го подржуваше во сешто. Венгер е само делумно заслужен за подемот на Арсенал кон крајот на 90’те и почетокот на 2000’те, Дин го започна целиот процес кој траеше додека не си замина, титули имаше додека тој беше претседател, тој го правел притисокот врз Венгер да освојуваме барем по еден трофеј, откако тој си замина стапи во целосна сила финансиската струја во Арсенал. Газидис целосно ги застапува интересите на акционерите.
Нас не ни треба Венгер да си замине, ни треба назад Дин или барем некој како него, кој ќе мисли за навивачите и за тоа колку им се важни трофеите. Ако ништо друго имаме сила барем еден куп да освоиме.
Поздрав до сите Ганери и се надевам дека доаѓаат поубави времиња.
Инаку од сите набројани Ебуе ќе го оставам во тимот чисто само поради тоа што го сака клубот и не се буни доколку е резерва и никогаш не му смета ништо. Сигурен сум дека кариерата ќе ја заврши во Арсенал....