Филмски вести

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
„Пиратите од Кариби“ по четврти пат



Познатиот продуцент Џери Брукхајмер изјави дека четвртото продолжение на "Пиратите од Кариби" моментално е приоритет на студиото Дизни.
Тој открива дека Дизни сака да го сними новото продолжение, пред главниот актер Џони Деп да почне да го снима продолжението на филмот "Lone Ranger", кој е исто во продукција на Дизни. Режисерот Гор Вербински кој ги режираше претходните 3 филма за пиратите, се уште не го потврди своето учество во проектот, но Брукхајмер се надева дека тој ќе ја прифати понудата.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Mисијата на Круз продолжува

Според информациите кои ги пласираше The Hollywood Reporter, Том Круз се согласил да учествува во создавањето на уште едно продолжение од серијалот „Mission: Impossible“, иако од Paramount ја исклучија оваа можност пред три години.




Она што е сигурно е дека Том ќе се најде во улогата на ко-продуцент и тоа рамо до рамо со Џеј Џеј Ејбрамс, кој го режираше третиот дел на филмската франшиза темелена на американска тв-серија. Дали Ејбрамс ќе биде заинтересиран за режирање и на ова ново продолжение зависи од сценариото, кое сеуште не е готово.
Одлуката дали Круз во филмот повторно ќе го толкува Итан Хант сеуште „виси“ после раскинувањето на соработката со Paramount, иако претседателот на Viacoma, сестринската компанија на Paramount, минатата година изјави дека нема ништо против Круз да ја одглуми главната ролја, претставувајќи го како одличен актер и добар пријател.
Ејбрамс моментално работи на продолжението на „Star Trek“, додека Круз неодамна потпиша договор за снимање на сеуште неименуван филм со Камерон Диаз.
„Mission: Impossible 3“ во 2006 година на киноблагајните заработи 395 милиони долари, а според предвидувањата четвртото продолжение би требало да ја здогледа светлината на денот во 2011 година.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
82то ИЗДАНИЕ НА ОСКАР ГО ВРАЌА СТАРИОТ СИСТЕМ!
1О НОМИНИРАНИ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ


После 6 децении дојде до промена на системот за избор на најдобар филм. Денеска на прес-конференцијата во Беверли Хилс беше објавено следното.

"After more than six decades, the Academy is returning to some of its earlier roots, when a wider field competed for the top award of the year," said Ganis. "The final outcome, of course, will be the same – one Best Picture winner – but the race to the finish line will feature 10, not just five, great movies from 2009."
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Фала Богу и време беше. Секоја година дискутираме дека некои филмови се неоправдано исфрлени и оштетени, а некои исфорсирани. Вака, поголеми се шансите да биде фер и некои филмови барем да го добијат заслуженото внимание, ако веќе не можат да победат.

Веста поопширно можете да ја прочитате на овој линк.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Watchmen се враќа во кино-салите

...барем онаму каде досега бил. Станува збор за посебна верзија на режисерот, која ќе вклучи 25 минутен материјал кој бил исфрлен од оригиналната верзија.


Таканаречената „director's cut“ верзија обично завршува на DVD изданијата на филмовите, но во случајот на суперхеројскиот филм Watchmen, новата, продолжена и променета верзија на режисерот ќе биде дистрибуирана и во кината. За жал, само за американската публика.
Па така, Watchmen: Director's Cut во кината ќе ја гледаат граѓаните на Њујорк, Лос Анџелес, Далас и Минеаполис, а потоа на малите екрани ќе ја види и останатиот дел од светот кој ќе си го набави DVD и Blu-ray изданието, најавено за 21 јули.
„Watchmen“ досега заработи преку 182 милиони долари од прикажувањата ширум светот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Два филма ќе добијат нови верзии:



Се снима римејкот на филмот од 1981 година „Сударот на Титаните“ (Clash of the Titans).




Во новата верзија ќе настапи новата филмска ѕвезда Сем Вортингтон (Terminator Salvation), во улогата на Персеј, а одличната актерска екипа ќе ја надополнат Лиам Нисон, Ралф Фајнс, Изабела Мико и Алеска Давалос.


„Сударот на Титаните“ го раскажува митот за Персеј, син на Зевс, кој станува маѓепсан од прекрасната принцеза Андромеда. Решен да ја спаси од лошата судбина, вооружен со магичниот штит и со коњот Пегас, тој треба да исполни многу задачи и да победи многу силни противници, додека боговите интервенираат во неговиот обид да ја спаси принцезата.


Филмот ќе ја има својата премиера следната година.




Уште еден култен филм ќе добие нова верзија, а тоа е филмот Карате Кид во кој главните улоги ќе ги толкуваат синот на Вил Смит, Џаден Смит и Џеки Чен.




Во филмот, млад ученик е подучуван од искусен мајстор на боречките вештини за да постане мајстор во карате.


Филмот ќе има премиера следното лето, а во меѓувреме пуштен е и официјалниот сајт кој засега нуди само можност за регистрирање за корисниците кои сакаат да ги следат случувањата околу снимањето на филмот.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Хит Леџер - pay-or-play

Џокер, не сакајќи
Во основа, спектакуларниот настап на Хит Леџер како Џокер не се должи на тоа што тој успеал да стигне до своите најдлабоки актерски емоции, туку на неговата желба да го отпуштат од филмот.

Договорот на Леџер за филмот имал "pay-or-play" клаузула која му гарантира исплата на целосниот хонорар и во случај тој да биде отпуштен.

Ваквата опција му дозволува на Леџер што сака да прави со ликот на Џокер а и понатаму да биде сигурен дека ќе добие пари за тоа.

Според кинематографот Никола Пекорини, кој работеше со Леџер на Бетмен, австралискиот актер се надевал дека неговиот настап во филмот продуцентите ќе го сметаат за премногу бизарен по што тој би бил отпуштен и ќе може да си земе долг платен одмор.

Ваквото тврдење го потврдува и изјавата на агентот на Леџер, Стивен Александар, за ставот на актерот кон големите летни хитови.

"Леџер секогаш се колебаше околу летните блокбастери, со кукли и акциони фигури и се останато што доаѓа со тие филмови. Тој стравуваше дека таквите филмови ќе го дефинираат и ќе му ги ограничат можностите," изјавил Александар за Ванити феар.

Што мислете за ова?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.765
Поени од реакции
5.053
Продолжува трендот на преработка на сериите во филмски формати. Наредни на списокот се момците и девојките од "Baywatch".


Недолго после најавата за „оживување“ на ТВ-сериите како што се „The A-Team“ и „T.J.Hooker“ во модерни серии, доаѓаат и гласините дека во Холивуд се размислува и за филмска реализација на некои од нив: прва на списокот е „Baywatch“.
Проектот го продуцира студиото Paramount, а филмот ќе го режира Џереми Герлик, според сценариото кое го преработи од други писатели. Сеуште не се знае дали во филмот ќе глумат барем дел од фаците кои се прославија со серијата, како Дејвид хаселхоф и Памела Андерсон.
Герлик тврди дека серијата никогаш не ја ни гледал, но филмот ќе биде повеќе комедија во стил на комедиите од 80-те, како „Police Academy“, отколку акција, какво што беше изворното напишано сценарио, пред тој да го преработи.




без Памела не бива :vozbud:... и да не ја викнат ..Холивуд има на располагање многу други блондинки ... али нема да е тоа :toe:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
може го уништија, ама во четвртиот дел добро се држеше...се надевам и во петтиот дел :nesvest:
За што се држеше? :)
Не викам дека нема физичка кондиција, уште мрда Инди. Трилогијата ја уништија, очај е четврката, бркање лево-десно...
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Џоли се враќа од мртвите?

Ерата на продолженија продолжува, а адаптацијата на стрипот ’Wanted’ не е имуна на трендот. Големиот акционен хит ќе доживее и втор дел во кој како и во првиот, ќе глуми Анџелина Џоли и покрај тоа што во првиот дел...

Па, да не ви го расипуваме филмот ако не сте го гледале, но да речеме дека нема баш рационална смисла во враќањето на Анџелина.
Меѓутоа, рускиот режисер Тимур Бекмабетов потврди дека планира да ја врати Џоли во ’Wanted 2’.
Снимањето треба да се одвива во Русија, Индија и САД, а припремите треба да започнат веќе од следниот месец. Со тоа се потврдени и гласините за второто продолжение, кои кружат откако беше завршено снимањето на првиот дел.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Сликано од снимањето на филмот "Prince of Persia".
Љубителите на играта секако со нетрпение го очекуваат, сценариото е базирано на првата игра - Sands of time.
Се очекува да биде популарен колку Пиратите од Карибите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom