Па бугарите са убаво во ЕУ. Пари за патишта, земеделие и др. пари дека идат од ЕУ, а не наши. Колко и да крадат пак остават. Слободата на патуване и вработуване исто.
Сметате ли дека банкрутиралите шпанци,португалци,ирци,исланѓани и нормално гејците живеат по лошо од македонците? Ако е да вие сте за психиатар.
Мислам дека многу поверодостојно самите банкротирани нации си го искажуваат револтот, отколку што ти се обидуваш да ни интерпретираш.
Доколку механизмот на ЕУ бил толку добар немаше да дојде до толкави кризи и пропасти на нејзините периферни економии.
За споредба можеш да го споредиш нивниот долг, соодветно на секоја од нив, па да увидиш каква “сјајна“ иднина под хипотека им следува.
Батка, колко е невработеноста во МКД и БГ или РО? Шо ако сите во семејство работат, а един на две семејства не работи?
Главата е за да мислиш а не за украса. Во БГ е 9-10% во МКД 40%
Со оглед на фактот дека најголемиот број невработени Бугари емигрираа во Западна Европа, нормално дека се намали невработеноста на Бугарија.
А само како уште една потврда за твојата економска демагогија, индустријата на Македонија беше во економски крвоток со останатите Југословенски земји и политиката беше диригирана на ист начин како и во ЕУ денеска, односно 2-3 земји го земаа шлагот.
Земајќи во предвид дека пред распадот, во СФРЈ средната невработеност беше 20% , по распадот Македонија ја дуплираше невработеноста, пред се’ поради заедничките пазари, а 20% дополнителна невработеност на сметка на Македонија, е многу тешко да се надмине во ситуација кога постојат многу фактори, како нестабилноста, атентати, ембарга, војни, бегалци и геополитички интереси.
За жал, Македонија не беше во ситуација како Словенија, за соседи да ги има Австрија или Италија, туку ги имавме понеразвиените соседи од нас во Албанија, Грција и Бугарија.
Сите памтат уште пред војната во Косово, каков стандард беше во Бугарија и како Македонците одеа масовно на шопинг во ефтината Бугарија, и како Бугарите шверцуваа роба, немајќи скршен лев во џепот. Затоа сега Бугаре, по влезот во ЕУ, ЖАЛНО е да се фалите дека ви се изедначил платежниот стандард со една Македонија, а не земајќи ги во предвид долговите кои “успешната“ Бугарија си ги натрупа и многу веројатно да биде следната банкротирачка економија.