П
Паган-др
Гостин
Дефинитивно. Тонио Сан извадил албум? Без гласање на типот треба да му се даде признание/пофалница/штоидае мада ни тоа не е потребно. Зошто во една гласачка група "Албум на годината" покрај РНС Деки о2 и Страчка нема шанси да дојдат до израз. Едноставно сите овие поголеми имиња треба да остават простор за новите артисти да се истакнат. Што ако ДЈ Гоце земе награда за ДЏ? Сите знаеме кој е Гоце, ги знаеме неговите скречови, ремикси, знаеме што направи он до сега, тоа нема да смени ништо кај него. Но што е со новите? Еве на пример Дрази Драгс од ХипХоплетика*, типот стварно се залага за ХипХоплетика, стварно напредува во тоа. Продуцент Таззак. Голем кур. Знаеме сите што има направено он со Легијата и многу други, нека се остави простор за другите. Мастер Јо, Далтон, Баже ДСЦ. Има имиња за гласање, само нема кој да ги стави. Едноставно за настаниве треба сите овие големи имиња (САФ, Легијата, ДНС итн) да им даваат награди и признанија на поситните риби во рапот. Искрено барем јас повеќе би ценел Пики Сипи да ми каже браво отколку да терам некој да гласа за мене и да полни кутии.Не го мисљим така, во никој случај не е лузер но зошто, зажто, перке ми хомбре да учествуваат и прифаќаат вакви признанија веќе добро познати, прифатени, признаени, еманципирани (да фак) артисти или бендови ?
Овој вид на признание треба да го добиваат новите, надежни артисти.
Еден вид на награда и стимул е тоа за еден нов и амбициозен артист.
Шо ќе им е вакво признание на Легија, ДНС, САФ или било кој ?
*го стаив него за пример пошто најпознат ми е