Небезбедни и скапи кинески возила на нашите патишта?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Европа не сака ниту да чуе за нив, а во Македонија веќе почнаа да се отвораат салони за продажба на кинески автомобили. Додека Брисел ја држи цврсто спуштена рампата за увоз на автомобили од Кина познати по слабиот квалитет и недоволната безбедност кај нас работите се движат во спротивна насока.
Ова се возила од марката Чери кои според тврдењата на увозниците наскоро ќе се возеле по патиштата низ земјава.
„Новите возила ќе можат да се продаваат од следната недела, односно практично од утре. Возилата се еднаш поминати на хомологација, ги поседуваат сите сертификати, така да тоа не е пречка за било какво понатамошно работење“, изјави Игор Илиев, директор на „Авто - експерт„ застапник за Чери возилата.
Увозниците се фалат дека стартуваат со продажба, но засега тоа нема да биде можно. Од бирото за метрологија, клучната институција што дава зелено светло нови автомобили да се пуштаат во сообраќај, за А1 негираат дека кај нив досега некој поднел барање за хомологација на возилата од марката Чери.
За да се регистрира и потоа да може да се вози еден автомобил од Кина во Македонија потребно е да се исполнат околу 120 посебни европски регулативи. Само сертификат од европска лабораторија не е доволен за да почне продажбата, тоа мора да го дозволат и домашните институции.
За дел од импортерите кинеските возила не се директна закана за конкуренцијата, но се сериозен удар за безбедноста на домашниот пазар кој е веќе ионака разнишан со дозволата за увоз на стариот автомобилски крш од Европа.
„Европските и јапонските возила се далеку во однос на безбедносните карактеристики и еко карактеристиките во однос на кинеските возила во моментов. Компетентните европски и американски тестови за безбедности ги окарактеризираат најновите модели на кинеските возила со многу лоши оценки“, вели Дарко Димовски, директор на МИДА моторс.
Во Македонија досега се издадени три одобренија за увоз на кинески возила и тоа за марките Гели, Лифан и ДФМ. За разлика од кај нас во многу земји во ЕУ речиси и да е невозможно да се увезат кинески автомобили.
Возилата се со поевтина цена, но најголем дел од нив се произведуваат со застарени материјали, потешки се за возење и повеќе ја загадуваат животната средина.
Кинеската компанија надлежна за Чери возилата пак на интернет сајтовите е претставена како фирма плагијатор на автомобилски дизајни, вмешана во скандали со производство на возила без лиценца, прекршување договори за испорака.

Ова е текст од Б1 телевизија,со кој не се согласувам..што мислите вие за ова??
 
Што не се согласуваш ? дека ако се лупнеш со кинез нема да останеш ниту никој во колата ? си видел краш тест ? се мава колата и ја снемува :pos2:

Башка што има некој да купува кога цените за најмалото кинеско срање е 8000 и кусур евра
 
Рано е да се суди, Торте.

Кинезите се добри за копирање, само што цените се надувани поради друго.
За година-две ќе се намалат цените, ќе имаме некои подобри и реални согледувања од корисниците.
Останува на нас само да плукаме по непознатото и да се смееме на нешто што го немаме искусено. :)
 
Зависи сепак ...
еве еден FAIL CRASH TEST

и нешто поасално

али шит у глобала , али за ефтини пари боље тоа вози него пезетка
 
Ако се 3000-5000 евра зошто да не. Градско возилце, таман.
Ама како ова што го форсираат 8000 евра колку ли беше, не да нема теоретска шанса :) никако!

Иначе шо бидна со проектот производство на кинески автомобили во Македонија?
ЛИНК

--- надополнето ---

Во Србија се продаваат веќе со години незнам не се дигна никаква посебна фрка со нив. Околу 7000 евра се имаат клима, ЦД-плеер, АБС и воздушни перници и неколку годинша гаранција
 
Во Србија се продаваат веќе со години незнам не се дигна никаква посебна фрка со нив. Околу 7000 евра се имаат клима, ЦД-плеер, АБС и воздушни перници и неколку годинша гаранција
Да, толку се таму.
Прескапо чинам, за земја позната по производи со прочуен квалитет.
 
а што пари ќе бидат има некој информации или евентуално да постави линк од производителот :)
изгледа ги најдов :)
http://cheryinternational.com/en
 
шо им фали на скутериве ...
ги отепаа од возење ...

туку претеруваат со цена .. вероватно голема маржа има ставено овој шо ги носи ..
 
Според мене џабе креваме тензии за небезбедни кинески возила кога ние немеме никакви патишта земи го примерот со собраќајката кај градско зарем и сеат леон нее безбедно возило .
Колку пари толку музика да им дадеме шанса да не убедат дека вредат .
За гратски возила ако се ефтини и економични зошто не .
 
Тоа кај Градско само тенк те спасува бе. Автобус е тоа (ѕид што се движи со 60-80км/ч).
 
Според мене џабе креваме тензии за небезбедни кинески возила кога ние немеме никакви патишта земи го примерот со собраќајката кај градско зарем и сеат леон нее безбедно возило .
Колку пари толку музика да им дадеме шанса да не убедат дека вредат .
За гратски возила ако се ефтини и економични зошто не .

Ќе плаќаат автосалоните сега пропаганда .. ќе им падне бизнисот ...

патем шо и фали на таа втората кола горе од клипот .. и плус од 2008г е ...
у право си и за Леонот :) изгледа и тој е кинески ..

а А1 земале паричиња па се понашаат како да сите возиме мерцедеси па ова ни е под стандард ..
асто како шо кењаа и за увозот на постари коли ... ова шо заврши минатиот месец ...
а голема бројка на Југовци, 101кецови Фиќа и останати кршови се заменија .. а се земаа еден куп Голфови 3-4, Хјундаи итн ...

ама јебеш га :) мора се да се критикува ..
 
Како да не се заменале...жими...Пак се возат, пак се купуваат. Пак најевтината група на возила остана мртва. Границата од 3000 евра, падна на 2000 евра.
 
Ги најдов и ги разгледав ама според цените кој се дадени на официјалната страна и не се баш така ефтини возилава
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom