- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Западните земји во паника од бугарските пасоши
Европската унија загрижена поради расфрлањето на Бугарија со државјанства. Западноевропските земји алармираат дека Софија е премногу дарежлива со издавање пасоши за граѓани од соседните земји кои сакаат да најдат подобра иднина во ЕУ пренесуваат западните медиуми. Нов бран на социјални случаи е она што посебно ги загрижува жителите на Западна Европа.
Баварско радио пренесува изјава од 24 годишен Македонец кој заедно со 100-тина други странци чека ново државјанство пред бугарското МНР. Овој Македонец вели дека морал да го направи тоа за што побрзо да си обезбеди подобра иднина, затоа што неизвесно е кога неговата земја ќе стане членка на ЕУ.
Министерот за надворешни работи на Бугарија Божидар Димитров смирува дека не станувало збор стотици илјади емигранти. За германските медиуми изјавил дека последниве 10 години биле издадени само 16 илјади бугарски документи на Македонци, Срби, Руси, Молдавци и Украинци.
Од друга страна според изјавите на Димитров за домашните медиуми излегува дека само минатата година дадени се над 17 илјади државјанства. Пред еден месец Димитров најави половина милион државјанства за етнички Бугари кои живеат во Молдавија и Украина.
Најави за делење бугарски документи има и за Албанија каде таргет се Македонците.
Во понеделник Димитров оди на во Албанија каде ке се сретнел со бугарските здруженија и со т.н прва летачка бригада наредните 8 дена на лице место ке прибираат документи за бугарски државјанства.
Елена Ивановска
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=66779
Arno im tekna...