Liverpool v Chelsea | 07.11.10 | Anfield Road,Liverpool | 17 h |

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    78
Статус
Затворена за нови мислења.
Утакмицава ќе биде многу жустра. Бар така се надевам. За Челзи не сум компетентен да зборувам и анализирам, само знам дека Челзи си е Челзи, актуелен шампион и лидер оваа година на табелата. Тоа само по себе си збори, за нас ненавивачи на Челзи, гледано од 3та гледна точка.

А за Ливерпул можам да си кажам неколку реченици. Катастрофален старт имавме, повеќе од јасно, арно ама надеж ми даваат 3те победи едноподруго, од кои 2 во премиер. Синоќа против Наполи беше далеку послаб тим од оној кој ќе излезе со Челзи во недела. Многу битни 3 триумфа, заслужени или не заслужени, го креваат моралот и самодовербата на екипата. Посебно кога вакви 3 едноподруго победи не се памтат од незнам кога наназад. Затоа очекувам да покажат заби, да ја згазнат убаво топката и да покажат игра што личи на Ливерпул, и конечно да се искачиме каде што ни е местото.
Бај д веј, ако Џерард ја закачи на рамења екипата исто како што направи синоќа ќе има добра шанса за поволен резултат.

Ќе си чекаме до недела да го видиме резултатот, искрено кажано не се надевам многу на победа, најмногу ми мириса на нерешено, а најважно сакам да видам добра и цврста игра од двете страни.
 
Минатата сезона им подрарија победа и титула во ПЛ, сега се надевам дека ќе покажат „Црвениве“ малце заби и нема да ја продадат...

А Челзи се Челзи и не се непобедливи. + имаат некои повредени.
 
Чичко ај одјеби.Неам намера да ти објаснуам тебе што и како.
Можеш да појдеш да ги собереш френките и чушките,слободен си.
Абе не дека несакаш,туку незнаеш да објасниш,а уствари шо има да се објаснува?:toe:
Заврши сезоната на чушките и френките.:))
 
Ќе биде доста жустро , во недела . Утакмицава ќе биде добра увертира за Ливерпул колку толку да ја врати во живот оваа никаква сега за сега сезона и самодовербата да им се крени за понатамошниот тек од сезоната . Челзи ко челзи , јак црвст компактен тим , со доста искусен тренер . Џо Кол со посебен мотив на мечов .
Типувам 1х , значи победа на домаќинот или нерешен исход , а така ќе ја пишам у кладилница
 
^

Само што Џо Кол нема да игра,тоа друга работа.
И зашто да е мотивиран,кога ниту е избркан од Челзи,ниту имаше лоши односи со Челзи.Сам сакаше да си замине.
 
^

Само што Џо Кол нема да игра,тоа друга работа.
И зашто да е мотивиран,кога ниту е избркан од Челзи,ниту имаше лоши односи со Челзи.Сам сакаше да си замине.

Незнаев дека не игра . Епа зошто сакаше сам да замине , дека немаше доволна минутажа во Челзи , да се покаже дека е добар играч . Али нема везе , ете не играл
 
Џо Кол не е 100% отпишан од составот за во недела. Ќе биде одлука 5 до 12. Ама и да не игра, не гледам хендикеп.
 
Кец како планина и враќање на Ливерпул во походот кон титулата. :vozbud:
И нерешено би било супер да излезе, секогаш е добредојдено кога тим од долниот дел на табелата ќе му одземе бодови на Челзи.
 
Незнаев дека не игра . Епа зошто сакаше сам да замине , дека немаше доволна минутажа во Челзи , да се покаже дека е добар играч . Али нема везе , ете не играл

Не,сакаше да зема плата како Лампард и Тери :tapp:

Реално,натпреваров би завршил Х,сепак навивачки се надевам на победа и 3 бода :)
 
Реално од навивач на Ливерпул....
Тактички.... Хоџсон не може да му се спротистави на Анчелоти, мислам дека тука нема што да барам, доволно видов до сега шо се може да направи на тактички план Хоџсон!
Сепак како што и сите досега потенцираа....... ова е дерби..... дерби мечевите не се победуваат со некакви си тактики или ѕвезди.......победува Срцето и желбата за победа!

Ако нашиот Капетан излезе со он срце со кое излезе како со мечот против Наполи... мислам дека мечот не наш!

Се надевам дека конечно ке профункционира и Торес!

Мој тип........

Ливерпул - Челзи 3-1
Џерард
Торес
Мираљес
......
Иванович


ПС. Во центарот на вниманието.........................................
Raul-Meireles.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom