…. учењето на Исус е нешто различно од она што го вели Павле.
Значи според тебе се она што е запишано од апостол Павле во Библијата не е валидно и не претставува никаков авторитет (анти Библиско е) ?????
Според тебе излегува дека апостол Павле не е апостол, туку некој агент кој е инволвиран од страна на Евреите (фарисеите и садукеите) за да го искриви учењето Исусово, така? Или погрешно сум те разбрал?
Исто така, според тебе произлегува дека Павловите зборови не важат и не се Бого-вдахновени или поедноставно, Бог не ни зборува преку устата на апостол Павле?
Валидни за тебе се само Исусовите зборови ?
Ако е така како што напишав, и ако се исфрли се она што е Павлово и мириса на тоа учење, тогаш нема да постои Нов завет, бидејќи 90% од Новиот завет се неговите посланици. Тоа значи дека и евангелијата 70-80% треба да се исфрлат, затоа што тука не се запишани само Исусовите зборови , туку и зборовите на останатите Евангелисти, како што се Матеј, Марко, Лука и Јован.
Па така според тебе Новиот Завет би бил само неколку страни со Исусовите зборови? Или сума-сумарум, се што кажал Исус, би можело да се запише на една разгледница.
Дечко, дали Ти ја прифаќаш Библијата во оваа форма како што е напишана, со сите овие 66 книги, кои што го претставуваат канонот на Библијата?
Ако не го прифаќаш тоа, ако не ги прифаќаш Павловите зборови како Бого-вдахновени, тогаш имаш проблем со твојата теологија и немој да ме убедуваш дека Бог рекол вака - Бог рекол така, бидејќи или веруваме во целост тоа што го зборува Библијата или имаме проблем кога ќе почниме да отфрламе ова чини – ова нечини.
…. Но кога велиш законот бил погребан, укинат со жртвата Исусова. Такво нешто нема кажано Исус. Никаде Тој не рече дека после него нема да постои законот.
Значи според тебе валидни се само Исусовите зборови, а се друго е ветар и магла? Така?
А кој рече дека законот не постои во светов? Тој постои, но не важи повеќе за оние кои се Исусови и кои се под Милост. За тие што не се Исусови законот важи и ќе бидат судени според тој исти закон.
„....Законот и Пророците беа до Јована......“(Лука 16:16) Зарем овие не се Исусови зборови??????
„...зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда ниедна плот.. (Рим. 3:20)
Или овие се Павлови зборови и не важат.
...оние што ги прават делата на Законот, проколнати се, бидејќи е пишано: "Проклет да е секој, кој не е постојан во се што е напишано во книгата на Законот и не го исполнува тоа." (Галт. 3:10)
А зошто повеќе не важи законот за оние кои се Исусови по вера?
Еве го одговорот:
„А сега без Закон се јави Божјата правда. Божјата правда преку верата во Исуса Христа е во сите и врз сите оние што веруваат, зашто нема разлика: сите згрешија и се лишени од Славата Божја. Но ќе се оправдаат преку дар, со Божјата благодат (Милост), а преку откупот на Христа Исуса... (Римјаните 3:21-24)
Според ова произлегува дека во Стариот завет Божјата правда се задоволуваше со држење на законот, но сега во Новиот завет,
без Закон се јави Божјата правда, врз сите оние што веруваат.
Проблемот е во тебе што овие Павлови зборови (кои што се Бого-вдахновени и произлегуваат од Бог) претставуваат горчлива таблета која што не можеш да ја проголташ, бидејќи се уште си му роб на Старо-заветниот закон, иако Исус се нуди да те ослободи од тоа ропство.
„Христос не откупи од проклетството на Законот... ( Галатјаните 3:13) .....но ти сеуште си под тоа Проклетство, бидејќи си роб на законот и не сакаш да се ослободиш од него.
„Законот ни стана наш воспитувач до Христос,....“ (Гал. 3:24)
„....Законот и Пророците беа до Јована......“(Лука 16:16)
Затоа слободно можам да ти речам:
„ ...
вие што посакавте да се оправдувате со Законот, го изгубивте Христа, отпаднавте од Благодатта (Милоста).......
а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.“ (Гал.5:4)
„.... но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку вера во Христос Исус,
и ние поверувавме во Христос Исус, за да бидеме оправдани преку вера во Христос, а не преку делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден.“
(Гал. 2:16)
…. Ете некои работи се измениле – нема веќе потреба од принесување жртви, доволна беше Исусовата жртва за сите нас. Понатаму ете Исус ги очисти и сите јадења, па така и свинското стана чиста храна. Ете и за обрезанието има дека не е битно, туку следењето на заповедите. Значи некои работи од законот се промениле и не важат повеќе, исто како што не важат веќе ни оние јудејските празници, пасха, годишните саботи итн.
Како бе се измениле??? Па нели законот не се менува???????? Од каде сега ова??? Па ти тврдеше дека законот не се менува и дека ќе трае додека Исус да дојде...или за цела вечност (како тврдеше ти)???
Зарем принесувањето жртви не беше Божја заповед? Кога можеше пред Исус да се спасуваат преку жртвата, зошто и денес да не можи? Законот си е закон!!!
Нели свинското беше нечиста храна и Бог им заповеда да не јадат свинско на евреите? Кога Бог заповеда не е ли тоа Божја заповед????
Нели Обрезанието беше заповед од Бог??? Велиш дека и за обрезанието има дека не е битно? А кој рече дека не е битно? Павле????
Значи кога тебе не ти одговара, Павловите зборови не важат, а кога ти одговара да си ја потхрануваш твојата суета, Павловите зборови важат? Така? Интересна теологија си изградил, се гледа.
Велиш дека:
некои работи од законот се промениле и не важат повеќе, исто како што не важат веќе ни оние јудејските празници, пасха, годишните саботи итн.
Велиш дека некои работи од законот се промениле? Зарем со ова не си КОНТРАДИКТОРЕН?
Па и јас ти велам дека се промениле и дека законот повеќе не важи за оние кои се Христови, туку за оние кои сеуште сакаат да му бидат робови на тој исти закон, и кои што не сакаат да го напуштат тоа ропство, барајќи спасение со своја сила и мудрост, а отфрлајќи ја Исусовата Милост и Благодат.
Кој ти рече дека не важат веќе ни оние јудејските празници, пасхата, годишните саботи итн. Ајде појди во Израел да видиш дали не важат Јудејските празници, годишните саботи, свинското, обрезанието, жртвувањето, и се она што Бог им заповедал во стариот завет?
И ден денес за Евреите важат исто како што и за тебе важат, бидејќи и Тие и Ти сеуште сте под ропството на законот и никогаш нема да бидете слободни се додека не му дозволите на Исус да ве ослободи преку неговата Благодат и Милост дадена за сите Ново-заветни верници кои се надеваат единствено на неговото дело на Голгота, а не на своите сили и напори нешто ситно да направат за да би некако се спасиле, но законот е дециден:
"Проклет да е секој, кој не е постојан во се што е напишано во книгата на Законот и не го исполнува тоа."
Го исполнуваш ли Ти сето она што го бара законот од тебе? Ако НЕ го исполнуваш, законот вели дека си ПРОКЛЕТ, а на ПРОКЛЕТИТЕ знаеш каде им е местото – Огненото езеро.
А на сите кои се под крилото на Исусовата Милост и Благодат, немаат потреба од законот, бидејќи тие веќе го исполниле преку Исусовата правда и преку неговата смрт на Голгота.
Се она што не враќа на Старото, и бара да го напуштиме Новото, не е од Бога туку е од Лукавиот.
Но за неделните Саботи Исус нема напоменато дека нема да важат. Оти зошто тој учеше за нив, ако тие повеќе немало да важат. Види вака - Исус додека беше на земјава учеше за законот. Не го укинуваше нити навести дека ќе се укине. Туку го толкуваше, и сакаше да им го врежи во срцата на лугето, и да се раководат според заповедите Божји. Ете претходно напоменав дека некои делови не важат повеќе. Но Исус кога зборуваше за заповедите, за неубивањето, не вршењето прељуба итн не можиш да речеш дека тие не важат.
-
Каде Исус има напоменато дека обрезанието е прекинато, кога и самиот беше обрезан?
- Каде Исус има напоменато дека месечните и годишните саботи се прекинати, а неделните саботи уште важат?
- Каде Исус Има напоменато дека Пасхата не важи повеќе?
- Каде Исус има напоменато дека жртвувањето не важи повеќе?
Или како тебе ќе ти одговара во моментот, така ќе си задржуваш и ќе си отфрлаш од заповедите? Ова чини- ова нечини. Ова важи- ова не важи.
Какви Христијани ќе сме ние ако не слушаме ништо од она што го зборуваше Исус. Ако сме едино под благодатта, а не под никакви заповеди - тогаш изгледа Исус џабе го поминал својот земен живот учејки не да ги слушаме заповедите. Какви Христијани сме ние ако не го следиме Исусовото учење?
Па нели: по Благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас - Божји дар е; не е од дела, да не би некој да се пофали. (Ефесјаните 2-8)
Какви Христијани ќе бидеме ако се уште сме под законот, а не под Благодатта (Милоста)?????
Ти истовремено сакаш и во вода да пливаш и на снег да се скијаш. Можно е тоа? Немој молим те!!
Исус додека беше на земјата беше во стариот завет, затоа мораше да го држи законот, во спротивно немаше да го исполни, но со неговото воскресение заврши се она што тој го исполни за неговите следбеници. Ако си негов следбеник се е за тебе завршено, ако не си, е тогаш важи се она што важеше во Стариот завет за сите , па и за Исус!
Е сега зошто Павле тврдил дека законот не важи не знам,
Е па кога не знаеш, се додека не научиш и не ја проголташ онаа горчлива таблета за тебе, која се нарекува Милост и Благодат, немој да тресиш Глупости. Најпрво научи, па потоа дебатирај.
Може Павле имал тактика, бидејки тој сакал да ја рашири религијата, а како ќе го прави тоа ако им вели дека има 1000 заповеди и закони кои треба да се исполнуваат. Па никој не би ја прифатил оваа нова религија. Затоа можеби Павле сакал прво сите да поверуваат во Христа, а потоа полека да го прифаќаат Христовото учење заедно со Неговите заповеди.
Може имал тактика, а што ако немал тактика и сето што го напишал е така како што јас го тврдам, а не како што Ти тврдиш и фантазираш?
Што правиме тогаш? Ќе речиш ПАРДОН, само кај Бога нема ПАРДОН пријателе. Или си под Законот како Тебе, или си под Милоста како Мене, СРЕДИНА НЕ ПОСТОИ.
Со почит, Госпел.