Sabbath - седмиот ден

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
А бе ептен ми е срам, ама еве, пак пишувам постови. Но како веќе реков, очигледно е дека не можеш (не можете) а да не почнете дискусија, без претходно да излачите солидна количина плунка, насочена кон Црквата па на плунката да почнете да градите испразна теологија, сведена на цитати, без грам дела и никакво покајание. Море, куќа се гради на камен/цврста основа, а не на течност...

Ептен јака ви е основата, според онаа народната:

ЖИМИ НАЈМИЛО, ЖИМИ НАЈДРАГО, ЖИМИ КРСТ И КАНДИЛО!!! :pop:

Од Кандило :pop: појака основа....АМИН....Какви учители, такви ученици. Тешко на таа куќа изградена на ваква основа. Ви се чудам на умот....

А кога си веќе кај делата и покајанието.....и нив ви ги видовме какви ви се и колкави ви се........
 
Знаете има едно мислење, став или толкување по кое се што е напишано во Писмото ќе биде во склад. Без контрадикторности - воглавно помеѓу Исусовото и Павловото учење. Сега во овој пост ќе се обидам да го искажам тоа толкување.

Значи со убаво темелно разгледување и сваќање на писмата од Павле, и без вадење на одредени реченици надвор од нивниот контекст може да се забележи дека Павловото учење е во склад со Христовото. Да почнеме од фамозниот Матеј 5-17. Овде значи се вели дека Исус не е дојден за да го укине законот. Ова е точно. И претходно Бог има кажано на неколку места дека Неговиот закон е совршен и дека ќе трае за сите времиња. Е сега по Павловите зборови многу луѓе тврдат дека Павле го укинал законот, или законот го укинал Исус на крстот. Но ова не држи вода. Ни најмалку. Зошто?

Затоа што Павловото излагање не е всушност дека законот повеќе не важи. Дека е укинат. Кога зборува дека сме под благодатта, и дека верата може да не спаси, ова е така но дали со тоа се укинува законот?

Римјаните: 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

Павле вели не.

6:15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!

Кога вели Павле дека никој не може да се оправда преку делата на законот - знаете на што мисли? Не дека законот не важи. Него дека човекот многу тешко може да ги исполни сите цртички од законот.

Матеј 19
25 Кога учениците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”
26 Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сè е возможно.”

Еве сега каков е ставот на Исуса кон законот. Тој ни вели дека е невозможно за човекот целосно да го исполни. Неговото учење е дека законот важи за сите времиња, а на човекот должност му е да го исполнува. Е сега пред Исуса за прекршување на само еден дел од законот, луѓето беа виновни дека го прекршиле целиот закон. И казната беше смрт. Еве за саботата. Старе4цот кој што собирал дрвја во Саботата бил казнет од Господа со смрт. Епа луѓе баш ова се промени со Исусовото доаѓање. Тој го замени баш тоа.

4 Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба. 5 А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?”
6 Тоа го рекоа за да Го искушаат, за да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата.
7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!”
8 И пак се наведна и пишуваше по земјата.
9 А тие, кога го чуја тоа, бидејќи совеста ги убеди, излегуваа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните. И Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде.
10 Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?”
11 Таа одговори: „Ниеден, Господи.” Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.”

Ете што е променето. Пред Исуса женава требаше да се казни со смрт. Но Исус учеше на покајание и прошка. Исус не ја казнил жената со смрт, него и го опростил гревот и и вели да не греши повеќе. Значи за луѓето е скоро невозможно да го испочитуваат целиот закон. Но затоа го имаме Христа, и аако некаде згрешиме може да побараме прошка од Исуса и Тој така да не спаси. Со опростување на гревовите. А не со смрт.

Ете Мики, кој што ми велеше дека со законот ќе сме наликувале на јудеите. Не е така. Бидејки јудеите без Христа имаат тотално различен став кон законот. Ние Христијаните го имаме Исуса да не искупи од гревовите наши, да ни помогне во исполнувањето на законот. Зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден.

Без Христа не можеме да го исполниме целиот закон. Каде и да е ќе се сопнеме некаде. Но Исус ни дава прошка и ни овозможува втора шанса.

Еве госпел, точно е и ова Павле што го збори

Вие што посакавте да се оправдувате со Законот, го изгубивте Христа, отпаднавте од Благодатта

Ако сметаме дека можеме да се оправдаме само со законот, тогаш зошто ќе ни е Исус? Баш како што и ти рече претходно. Но неможеме да се оправдаме само со законот, него ни треба Христа да ни помогне таму каде што ќе згрешиме. Да ни опрости и да продолжиме понатаму трудејки се да не грешиме понатаму. оти Исус вели Милост сакам, а не жртва.

Значи под Христовата благодат сме денеска, баш како што Павле зборува. И тоа не значи дека сега имаме право да грешиме, да живееме без законот, да го укинеме законот. Тоа не ни дава за право да не ги исполнуваме 10те заповеди, нити да ја укинеме Саботата. Ета според било кој стих од Павле ова може да се заклучи

И така, убедени сме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.(Рим. 3:28)

Не можеме да се оправдаме преку делата на законот. Не можеме да го додржиме, и затоа сме под благодатта, и со верата може да се спасиме. Да ни се прости. И така се оправдуваме со делата и со верата во Исуса. Ова е единствениот начин да се спасиме. Само со делата не можеме. Само со верата не можеме - Христијанството не учи анархија, да живееме во беззаконие а само со верата да се спасиме.

Разгледајте го убаво ова што го напишав и ќе видите дека ова е единственото толкување според кое и Господовите зборови и пророштвата и Исусовите зборови и Матеј 5-19 ќе бидат во склад. А и Павловото учење. Ова е единствениот начин, инаку Павле ќе излезе дека е еретик, лажго и учел погрешна теологија од онаа на Исуса.

Заклучок - законот си важи, а со тоа и Саботата.
 
…. учењето на Исус е нешто различно од она што го вели Павле.

Значи според тебе се она што е запишано од апостол Павле во Библијата не е валидно и не претставува никаков авторитет (анти Библиско е) ?????

Според тебе излегува дека апостол Павле не е апостол, туку некој агент кој е инволвиран од страна на Евреите (фарисеите и садукеите) за да го искриви учењето Исусово, така? Или погрешно сум те разбрал?

Исто така, според тебе произлегува дека Павловите зборови не важат и не се Бого-вдахновени или поедноставно, Бог не ни зборува преку устата на апостол Павле?
Валидни за тебе се само Исусовите зборови ?

Ако е така како што напишав, и ако се исфрли се она што е Павлово и мириса на тоа учење, тогаш нема да постои Нов завет, бидејќи 90% од Новиот завет се неговите посланици. Тоа значи дека и евангелијата 70-80% треба да се исфрлат, затоа што тука не се запишани само Исусовите зборови , туку и зборовите на останатите Евангелисти, како што се Матеј, Марко, Лука и Јован.

Па така според тебе Новиот Завет би бил само неколку страни со Исусовите зборови? Или сума-сумарум, се што кажал Исус, би можело да се запише на една разгледница.

Дечко, дали Ти ја прифаќаш Библијата во оваа форма како што е напишана, со сите овие 66 книги, кои што го претставуваат канонот на Библијата?

Ако не го прифаќаш тоа, ако не ги прифаќаш Павловите зборови како Бого-вдахновени, тогаш имаш проблем со твојата теологија и немој да ме убедуваш дека Бог рекол вака - Бог рекол така, бидејќи или веруваме во целост тоа што го зборува Библијата или имаме проблем кога ќе почниме да отфрламе ова чини – ова нечини.

…. Но кога велиш законот бил погребан, укинат со жртвата Исусова. Такво нешто нема кажано Исус. Никаде Тој не рече дека после него нема да постои законот.

Значи според тебе валидни се само Исусовите зборови, а се друго е ветар и магла? Така?
А кој рече дека законот не постои во светов? Тој постои, но не важи повеќе за оние кои се Исусови и кои се под Милост. За тие што не се Исусови законот важи и ќе бидат судени според тој исти закон.

„....Законот и Пророците беа до Јована......“(Лука 16:16) Зарем овие не се Исусови зборови??????

„...зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда ниедна плот.. (Рим. 3:20)
Или овие се Павлови зборови и не важат.

...оние што ги прават делата на Законот, проколнати се, бидејќи е пишано: "Проклет да е секој, кој не е постојан во се што е напишано во книгата на Законот и не го исполнува тоа." (Галт. 3:10)

А зошто повеќе не важи законот за оние кои се Исусови по вера?
Еве го одговорот:

А сега без Закон се јави Божјата правда. Божјата правда преку верата во Исуса Христа е во сите и врз сите оние што веруваат, зашто нема разлика: сите згрешија и се лишени од Славата Божја. Но ќе се оправдаат преку дар, со Божјата благодат (Милост), а преку откупот на Христа Исуса... (Римјаните 3:21-24)

Според ова произлегува дека во Стариот завет Божјата правда се задоволуваше со држење на законот, но сега во Новиот завет, без Закон се јави Божјата правда, врз сите оние што веруваат.

Проблемот е во тебе што овие Павлови зборови (кои што се Бого-вдахновени и произлегуваат од Бог) претставуваат горчлива таблета која што не можеш да ја проголташ, бидејќи се уште си му роб на Старо-заветниот закон, иако Исус се нуди да те ослободи од тоа ропство.

„Христос не откупи од проклетството на Законот... ( Галатјаните 3:13) .....но ти сеуште си под тоа Проклетство, бидејќи си роб на законот и не сакаш да се ослободиш од него.

Законот ни стана наш воспитувач до Христос,....“ (Гал. 3:24)

„....Законот и Пророците беа до Јована......“(Лука 16:16)

Затоа слободно можам да ти речам:

„ ...вие што посакавте да се оправдувате со Законот, го изгубивте Христа, отпаднавте од Благодатта (Милоста).......а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.“ (Гал.5:4)

„.... но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку вера во Христос Исус, и ние поверувавме во Христос Исус, за да бидеме оправдани преку вера во Христос, а не преку делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден.“
(Гал. 2:16)

…. Ете некои работи се измениле – нема веќе потреба од принесување жртви, доволна беше Исусовата жртва за сите нас. Понатаму ете Исус ги очисти и сите јадења, па така и свинското стана чиста храна. Ете и за обрезанието има дека не е битно, туку следењето на заповедите. Значи некои работи од законот се промениле и не важат повеќе, исто како што не важат веќе ни оние јудејските празници, пасха, годишните саботи итн.

Како бе се измениле??? Па нели законот не се менува???????? Од каде сега ова??? Па ти тврдеше дека законот не се менува и дека ќе трае додека Исус да дојде...или за цела вечност (како тврдеше ти)???

Зарем принесувањето жртви не беше Божја заповед? Кога можеше пред Исус да се спасуваат преку жртвата, зошто и денес да не можи? Законот си е закон!!!

Нели свинското беше нечиста храна и Бог им заповеда да не јадат свинско на евреите? Кога Бог заповеда не е ли тоа Божја заповед????

Нели Обрезанието беше заповед од Бог??? Велиш дека и за обрезанието има дека не е битно? А кој рече дека не е битно? Павле????

Значи кога тебе не ти одговара, Павловите зборови не важат, а кога ти одговара да си ја потхрануваш твојата суета, Павловите зборови важат? Така? Интересна теологија си изградил, се гледа.

Велиш дека: некои работи од законот се промениле и не важат повеќе, исто како што не важат веќе ни оние јудејските празници, пасха, годишните саботи итн.

Велиш дека некои работи од законот се промениле? Зарем со ова не си КОНТРАДИКТОРЕН?

Па и јас ти велам дека се промениле и дека законот повеќе не важи за оние кои се Христови, туку за оние кои сеуште сакаат да му бидат робови на тој исти закон, и кои што не сакаат да го напуштат тоа ропство, барајќи спасение со своја сила и мудрост, а отфрлајќи ја Исусовата Милост и Благодат.

Кој ти рече дека не важат веќе ни оние јудејските празници, пасхата, годишните саботи итн. Ајде појди во Израел да видиш дали не важат Јудејските празници, годишните саботи, свинското, обрезанието, жртвувањето, и се она што Бог им заповедал во стариот завет?
И ден денес за Евреите важат исто како што и за тебе важат, бидејќи и Тие и Ти сеуште сте под ропството на законот и никогаш нема да бидете слободни се додека не му дозволите на Исус да ве ослободи преку неговата Благодат и Милост дадена за сите Ново-заветни верници кои се надеваат единствено на неговото дело на Голгота, а не на своите сили и напори нешто ситно да направат за да би некако се спасиле, но законот е дециден:

"Проклет да е секој, кој не е постојан во се што е напишано во книгата на Законот и не го исполнува тоа."

Го исполнуваш ли Ти сето она што го бара законот од тебе? Ако НЕ го исполнуваш, законот вели дека си ПРОКЛЕТ, а на ПРОКЛЕТИТЕ знаеш каде им е местото – Огненото езеро.

А на сите кои се под крилото на Исусовата Милост и Благодат, немаат потреба од законот, бидејќи тие веќе го исполниле преку Исусовата правда и преку неговата смрт на Голгота.
Се она што не враќа на Старото, и бара да го напуштиме Новото, не е од Бога туку е од Лукавиот.

Но за неделните Саботи Исус нема напоменато дека нема да важат. Оти зошто тој учеше за нив, ако тие повеќе немало да важат. Види вака - Исус додека беше на земјава учеше за законот. Не го укинуваше нити навести дека ќе се укине. Туку го толкуваше, и сакаше да им го врежи во срцата на лугето, и да се раководат според заповедите Божји. Ете претходно напоменав дека некои делови не важат повеќе. Но Исус кога зборуваше за заповедите, за неубивањето, не вршењето прељуба итн не можиш да речеш дека тие не важат.
-

Каде Исус има напоменато дека обрезанието е прекинато, кога и самиот беше обрезан?
- Каде Исус има напоменато дека месечните и годишните саботи се прекинати, а неделните саботи уште важат?
- Каде Исус Има напоменато дека Пасхата не важи повеќе?
- Каде Исус има напоменато дека жртвувањето не важи повеќе?

Или како тебе ќе ти одговара во моментот, така ќе си задржуваш и ќе си отфрлаш од заповедите? Ова чини- ова нечини. Ова важи- ова не важи.

Какви Христијани ќе сме ние ако не слушаме ништо од она што го зборуваше Исус. Ако сме едино под благодатта, а не под никакви заповеди - тогаш изгледа Исус џабе го поминал својот земен живот учејки не да ги слушаме заповедите. Какви Христијани сме ние ако не го следиме Исусовото учење?

Па нели: по Благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас - Божји дар е; не е од дела, да не би некој да се пофали. (Ефесјаните 2-8)

Какви Христијани ќе бидеме ако се уште сме под законот, а не под Благодатта (Милоста)?????

Ти истовремено сакаш и во вода да пливаш и на снег да се скијаш. Можно е тоа? Немој молим те!!

Исус додека беше на земјата беше во стариот завет, затоа мораше да го држи законот, во спротивно немаше да го исполни, но со неговото воскресение заврши се она што тој го исполни за неговите следбеници. Ако си негов следбеник се е за тебе завршено, ако не си, е тогаш важи се она што важеше во Стариот завет за сите , па и за Исус!

Е сега зошто Павле тврдил дека законот не важи не знам,

Е па кога не знаеш, се додека не научиш и не ја проголташ онаа горчлива таблета за тебе, која се нарекува Милост и Благодат, немој да тресиш Глупости. Најпрво научи, па потоа дебатирај.

Може Павле имал тактика, бидејки тој сакал да ја рашири религијата, а како ќе го прави тоа ако им вели дека има 1000 заповеди и закони кои треба да се исполнуваат. Па никој не би ја прифатил оваа нова религија. Затоа можеби Павле сакал прво сите да поверуваат во Христа, а потоа полека да го прифаќаат Христовото учење заедно со Неговите заповеди.

Може имал тактика, а што ако немал тактика и сето што го напишал е така како што јас го тврдам, а не како што Ти тврдиш и фантазираш?
Што правиме тогаш? Ќе речиш ПАРДОН, само кај Бога нема ПАРДОН пријателе. Или си под Законот како Тебе, или си под Милоста како Мене, СРЕДИНА НЕ ПОСТОИ.

Со почит, Госпел.
 
Ме престигна, прочитај го постот пред твојот.
 
Знаете има едно мислење, став или толкување по кое се што е напишано во Писмото ќе биде во склад. Без контрадикторности - воглавно помеѓу Исусовото и Павловото учење. Сега во овој пост ќе се обидам да го искажам тоа толкување.

Значи со убаво темелно разгледување и сваќање на писмата од Павле, и без вадење на одредени реченици надвор од нивниот контекст може да се забележи дека Павловото учење е во склад со Христовото. Да почнеме од фамозниот Матеј 5-17. Овде значи се вели дека Исус не е дојден за да го укине законот. Ова е точно. И претходно Бог има кажано на неколку места дека Неговиот закон е совршен и дека ќе трае за сите времиња. Е сега по Павловите зборови многу луѓе тврдат дека Павле го укинал законот, или законот го укинал Исус на крстот. Но ова не држи вода. Ни најмалку. Зошто?

Затоа што Павловото излагање не е всушност дека законот повеќе не важи. Дека е укинат. Кога зборува дека сме под благодатта, и дека верата може да не спаси, ова е така но дали со тоа се укинува законот?

Римјаните: 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

Павле вели не.

6:15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!

Кога вели Павле дека никој не може да се оправда преку делата на законот - знаете на што мисли? Не дека законот не важи. Него дека човекот многу тешко може да ги исполни сите цртички од законот.

Матеј 19
25 Кога учениците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”
26 Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сè е возможно.”

Еве сега каков е ставот на Исуса кон законот. Тој ни вели дека е невозможно за човекот целосно да го исполни. Неговото учење е дека законот важи за сите времиња, а на човекот должност му е да го исполнува. Е сега пред Исуса за прекршување на само еден дел од законот, луѓето беа виновни дека го прекршиле целиот закон. И казната беше смрт. Еве за саботата. Старе4цот кој што собирал дрвја во Саботата бил казнет од Господа со смрт. Епа луѓе баш ова се промени со Исусовото доаѓање. Тој го замени баш тоа.

4 Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба. 5 А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?”
6 Тоа го рекоа за да Го искушаат, за да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата.
7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!”
8 И пак се наведна и пишуваше по земјата.
9 А тие, кога го чуја тоа, бидејќи совеста ги убеди, излегуваа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните. И Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде.
10 Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?”
11 Таа одговори: „Ниеден, Господи.” Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.”

Ете што е променето. Пред Исуса женава требаше да се казни со смрт. Но Исус учеше на покајание и прошка. Исус не ја казнил жената со смрт, него и го опростил гревот и и вели да не греши повеќе. Значи за луѓето е скоро невозможно да го испочитуваат целиот закон. Но затоа го имаме Христа, и аако некаде згрешиме може да побараме прошка од Исуса и Тој така да не спаси. Со опростување на гревовите. А не со смрт.

Ете Мики, кој што ми велеше дека со законот ќе сме наликувале на јудеите. Не е така. Бидејки јудеите без Христа имаат тотално различен став кон законот. Ние Христијаните го имаме Исуса да не искупи од гревовите наши, да ни помогне во исполнувањето на законот. Зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден.

Без Христа не можеме да го исполниме целиот закон. Каде и да е ќе се сопнеме некаде. Но Исус ни дава прошка и ни овозможува втора шанса.

Еве госпел, точно е и ова Павле што го збори

Вие што посакавте да се оправдувате со Законот, го изгубивте Христа, отпаднавте од Благодатта

Ако сметаме дека можеме да се оправдаме само со законот, тогаш зошто ќе ни е Исус? Баш како што и ти рече претходно. Но неможеме да се оправдаме само со законот, него ни треба Христа да ни помогне таму каде што ќе згрешиме. Да ни опрости и да продолжиме понатаму трудејки се да не грешиме понатаму. оти Исус вели Милост сакам, а не жртва.

Значи под Христовата благодат сме денеска, баш како што Павле зборува. И тоа не значи дека сега имаме право да грешиме, да живееме без законот, да го укинеме законот. Тоа не ни дава за право да не ги исполнуваме 10те заповеди, нити да ја укинеме Саботата. Ета според било кој стих од Павле ова може да се заклучи

И така, убедени сме дека човекот се оправдува со верата, без дела според Законот.(Рим. 3:28)

Не можеме да се оправдаме преку делата на законот. Не можеме да го додржиме, и затоа сме под благодатта, и со верата може да се спасиме. Да ни се прости. И така се оправдуваме со делата и со верата во Исуса. Ова е единствениот начин да се спасиме. Само со делата не можеме. Само со верата не можеме - Христијанството не учи анархија, да живееме во беззаконие а само со верата да се спасиме.

Разгледајте го убаво ова што го напишав и ќе видите дека ова е единственото толкување според кое и Господовите зборови и пророштвата и Исусовите зборови и Матеј 5-19 ќе бидат во склад. А и Павловото учење. Ова е единствениот начин, инаку Павле ќе излезе дека е еретик, лажго и учел погрешна теологија од онаа на Исуса.

Заклучок - законот си важи, а со тоа и Саботата.

Исус вели:

Матеј: 6:24 Никој не може да им слугува на двајца господари, оти, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре.

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре.

Не можеш да му служиш на Законот како еден господар кој бара од тебе се да исполниш, во спротивно ако се исполниш а во едно погрешиш си Изгубен и Проколнат, ..........а истовремено да му служиш на друг господар кој те помилувал и од роб те направил слободен.

Првиот господар ти вика: ако не исполниш се како што бара Законот заслужуваш СМРТ, а вториот господар ти вика: надевај се и верувај во мене, дека јас можам да те ослободам и да те направам од роб - слободен. Кога јас сум те ослободил - зошто пак се враќаш во Ропство? - така еден ден ќе те праша Исус кога ќе застанеш пред него.

Законот е ТОВАР и БРЕМЕ, а Милоста е СЛОБОДА (нема повеќе товар и бреме) Затоа Исус вели : Дојдете сите кои сте обременети, јас да ве ослободам.

А тоа дека ќе бидеш и под Законот и под Милоста - тоа е најголемата Сатанска игра, сакајќи да ги заведе и да ги одтргне луѓето од Милоста која е БЕСПАЛАТНА. Ако беше со дела, ќе се викаше Заработено Спасение со Плата.
 
Јаков 2 -14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?

17 Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.
24 Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера.

Ете. Нема ништо сатанско овде. Сатанско има ако велиш се оправдуваш само со вера. Може да го прекршувам законот во секоја буква, а верата да ме спаси. Е ова е сатанско, да живееш во грев, а да мислиш дека вербата во Исус ќе те спаси.
 
Знаете има едно мислење, став или толкување по кое се што е напишано во Писмото ќе биде во склад. Без контрадикторности - воглавно помеѓу Исусовото и Павловото учење. Сега во овој пост ќе се обидам да го искажам тоа толкување.

Значи со убаво темелно разгледување и сваќање на писмата од Павле, и без вадење на одредени реченици надвор од нивниот контекст може да се забележи дека Павловото учење е во склад со Христовото.

Чекај, чекај, чекај малку......

Овие не се твои зборови: …. учењето на Исус е нешто различно од она што го вели Павле.

Од каде па сега ова, дека Павловото учење е исто со Исусовото? Ова се нарекува КОНТРАДИКТОРНОСТ!!! значи ти немаш изградена твоја јасна теологија, туку леташ таму каде што ветрот ќе те однесе.

Уште малку ако принапишиш ќе излези дека и Исус тоа што го зборува не е во согласност со Библијата, бидејќи Исусовата наука не е иста со Мојсеевата!!!

Ајде ....да почекам уште некој ден, можеби ќе излезе дека Исус не бил историска личност, туку лик од Грчката Митологија!!! ХАХАХАХАХАХХА

Интересна е твојава ТЕОЛОГИЈА да не речам ИДЕОЛОГИЈА или за некој ден МИТОЛОГИЈА!!!!

Секоја ти чест!!!

Со почит, Госпел.
 
Епа така како што ти го постави, дека законот бил укинат и дека само верата може да не спаси - навистина излегува дека Павле збори спротивно на Исуса. Затоа ти дадов убаво образложение со кое Павле нема да е еретик и лажго. Прочитај го убаво целиот пост ќе видиш дека само така ќе имаат смисла и Исусовите и Павловите зборови, и ќе нема контрадикторности меѓу нив.
 
Е ова е сатанско, да живееш во грев, а да мислиш дека вербата во Исус ќе те спаси.

Како можеш да живееш во грев ако Исус те исчистил преку крвта пролиена на Голгота? Ако секој оној што се нарекува Христијанин не се „наново-родил“, не го променил својот Живот, начин на живеење и мислење, тогаш тој не може да биде Христов.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та ниеден што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“ (Јован 3:16)

Бог вели: секој што ВЕРУВА ВО НЕГО нема да погине (загине, умри), но ќе има живот вечен.

Никаде не пишува : оној што ќе го држи законот, но ако погреши во нешто, ќе побара прошка и извинување од Исус и ќе му биде простено и нема да умри!! НИКАДЕ ТАКА НЕМА ДА СРЕТНЕШ ВО БИБЛИЈАТА!!!

Бог умре за сите нас грешните, бидејќи не можевме да го држиме законот, Тој го Исполни и со неговата правда сите ние кои се нарекуваме Христијани сме Оправдани. Секое друго тумачење не е од Бога, туку од Лукавиот.

Тоа е така, бидејќи Лукавиот сака да ја стави под сенка Милоста и Благодатта и жртвата Христова направена на Голгота, и да ги врати луѓето назад во ропство и под Проклетството на законот.

Се додека не му дозволиме на Исус да не ОТКУПИ од Проклетството на Законот, преку крвта Христова, оној прв господар кој се вика Закон, никогаш нема да не пушти на слобода и да ни дозволи да бидеме слободни.
Или го прифајќаш Исус за Ослободител од законот или сеуште ќе си бидеш под законот и ќе му робуваш се додека не те осуди на големиот и страшен суд божји, затоа што не си го исполнил као што тој ти заповедал.

Откупот доаѓа само со крвта исусова. Крвта е Платата со која Исус Плати за сите верни. Кога си откупен, не можиш да бидеш Роб на првиот.
 
Нема повеќе грев? Се е добро? Се слушаш што зборуваш?

Еве што рекол Исус за тие што ќе ги учат луѓето дека законот е укинат

19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;

Ама вие не читате, само слепо си го браните вашето мислење.

Матеј: 16:27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела.

Откровение: 2:23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
20:12 И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела.
20:13 И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела.

Римјаните2
6 Кој ќе му даде секому според неговите дела:
7 на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот;
8 а на оние, кои се противаат и не и се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост.

--- надополнето ---

1Петрово 17 И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,
25 а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.

1 Јованово: 3:8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.

Јаков 2 22 Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството.
 
Епа така како што ти го постави, дека законот бил укинат и дека само верата може да не спаси - навистина излегува дека Павле збори спротивно на Исуса. Затоа ти дадов убаво образложение со кое Павле нема да е еретик и лажго. Прочитај го убаво целиот пост ќе видиш дека само така ќе имаат смисла и Исусовите и Павловите зборови, и ќе нема контрадикторности меѓу нив.

За Христијаните Законот не да е укинат, туку е МРТОВ. Законот важи за тие како ТЕБЕ кои се сеуште под законот. За Откупените како мене,тој повеќе не можи да им наштети!!!

Кога еден ден ќе застаниш пред Отецот и ќе ги стави пред тебе сите твои беззаконија, со кое твое дело ќе се пофалиш и ќе се оправдаш? Законот ќе вика против тебе заедно со Лукавиот: Или се исполни или си мртов во своите беззаконија.

Кога јас ќе застанам пред Отецот и ќе сака да ги стави пред мене сите мои беззаконија, кои се поголеми од твоите, меѓу мене и Отецот ќе стои Исус кој ќе вика: Јас на моите плеќи ги зедов неговите беззаконија Оче и го исчистив со само една капка од мојата скапоцена крв пролеана на Голгота. Мојата правда му ја препишувам нему!!!

А кога Законот и Лукавиот ќе викаат против мене, Исус ќе им одговори: Јас платив за него со мојата скапоцена крв! Го платив данокот во крв и го Откупив од вас двајцата (законот и лукавиот). И повеќе немате работа со него.
 
Добро госпел, оди тогаш убивај, кради, имај инцест, прекрши го законот во се и верувај дека Исус ќе те спаси

Но Тој рекол А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”

”Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.
 
Нема повеќе грев? Се е добро? Се слушаш што зборуваш?

Еве што рекол Исус за тие што ќе ги учат луѓето дека законот е укинат

19 И така, кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе биде наречен најмал во царството небесно; а кој ги држи и поучува, ќе биде наречен голем во царството небесно;

Ама вие не читате, само слепо си го браните вашето мислење.

Матеј: 16:27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела.

Откровение: 2:23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
20:12 И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела.
20:13 И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела.

Римјаните2
6 Кој ќе му даде секому според неговите дела:
7 на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот;
8 а на оние, кои се противаат и не и се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост.

--- надополнето ---

1Петрово 17 И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец, поминувајте го во страв времето на својот живот како придојденици,
25 а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.

1 Јованово: 3:8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.

Јаков 2 22 Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството.

Измиениот со крвта Христова нема повеќе потреба од целосно миење, освен да му се измијат нозете од прашината на овој свет, по кој патува.
Измијаниот не значи дека во текот на животот нема да направи некој ненамерен грев, но преку покајанието простен му е и тој грев, бидејќи отакако поверувавме ние се уште ја имаме старата природа која не тера да грешиме, но ја имаме и новата природа која ни ја дава Исус откако поверуваме во него и се наново-родивме и се измивме преку бањата на преродувањето.

Тит: 3:5 Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух,
 
Сигурен сум дека рајот е полн со луѓе како Хитлер, Менсон, Елизабет Батори, Тед Банди, Влад Цепеш, Иван Грозни и слични злосторници.

--- надополнето ---

Измијаниот не значи дека во текот на животот нема да направи некој ненамерен грев, но преку покајанието простен му е и тој грев, бидејќи отакако поверувавме ние се уште ја имаме старата природа која не тера да грешиме, но ја имаме и новата природа која ни ја дава Исус откако поверуваме во него и се наново-родивме и се измивме преку бањата на преродувањето.

Епа тоа и јас го напишав дека е така. Нели напишав дека новината што Христос ја доведе е покајанието и искупувањето од гревовите. Оти

Римјаните: 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.

6:15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!
 
Добро госпел, оди тогаш убивај, кради, имај инцест, прекрши го законот во се и верувај дека Исус ќе те спаси

Но Тој рекол А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”

”Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

Римјаните 13:9 Бидејќи заповедите: "Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!", и секоја друга заповед се содржи во овие зборови: "Љуби го ближниот како самиот себеси!"
13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.

Ако Христијаните го љубат Бога со сето свое срце, со сиот свој разум но исто така го љубат ближниот како самите себе; како можат да убиваат, да прават инцест, да прељубодејствуваат, да се пијанат, да ги малтретираат своите родители, жена и деца, да лажат, да посакуваат туѓо, и т.н.

МОЖАТ ЛИ?????????????

Преку љубовта која им ја всадил Исус во нивните срца веќе го исполниле Законот и Пророците!!!

Римјаните
13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.

И тука ќе ја завршам оваа дебата за и околу законот, бидејќи законот за нас Христијаните е МРТОВ и исполнет преку љубовта која Исус ја всади во моето срце.

За мене останува МИЛОСТА и БЛАГОДАТТА Христова која не ја заслужив, туку ми беше подарена на крстот на Голгота, кога исус го промени мојот живот.

Бобане .....остани си под законот, бидејќи си роб на истиот. Јас сум слободен и сакам како слободен да го живеам остатокот од мојот овоземски живот во љубов - а
љубовта е исполнување на Законот.

Поздрав и секое ти добро. Се надевам дека ќе се видиме горе на небото ако успееш да го исполниш тоа што го бара од тебе твојот Законодавач. Во спротивно жалам, но сепак беше предупреден. Изговорите нема да важат во оној ден на Страшниот и Голем суд Божји.

За мене Исус го исполни.

Со почит, Госпел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom