Sabbath - седмиот ден

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ѓокица,

настрана тоа што си нов на форумов, но во минативе речиси 3 години, се изначитав постови од челнови кои седат дома, индивидуалистички го проучуваат Писмото (инаку Писмото ќе останеше непроучено...), самите се именуваат како вакви и такви христијани, се јавуваат на форумов и пласираат цитати од стихови за кои се убедени дека се токму од нив правилно истолкувани, сметајќи дека Писмото е прирачник за влез во Рајот, иако Писмото не ни кажува такво нешто...

Што се однесува до хунанизмот, тоа е друга тема, на која имам напишно неколку посредно посочени постови, но без да се впуштам во судење дали хуманистите ќе или не ќе го наследат Царството Христово, ќе речам дека хуманизмот е само обично човекоугодување, кое својот врв, тековно го има во идолопоклонството кон ѕзедите од шоу-бизнисот. Кракто кажано, хуманизмот ја замени љубовта кон Творецот со љубовта кон творението, па наместо да Богомудрува и делува, хуманизмот повеќе сака да се занимава со се што човеково и световно. На пример, Црквата нема позитивен став кон најпозната хуманистка од нашево време, славната мајка Тереза, која му служеше не на Творецто, туку на творенијата, а притоа Бог не и беше ни на крај памет.
 
Член од
22 ноември 2010
Мислења
19
Поени од реакции
0
...сметајќи дека Писмото е прирачник за влез во Рајот, иако Писмото не ни кажува такво нешто...
Од нечитање и непроучување на светото Писмо и чекање некој друг да ти го изџвака залакот кој што сакаш да го проголташ, се доаѓа до вакви констатации и уверувања кај голем број поединци кои се декларираат како оние „демек“ најправите верници, а всушност кога ќе им се замрсат конците, кога ќе им загусти и ќе останат без одговор, веднаш се оправдуваат со зборовите: чекај да проверам што ќе каже црквата или што ќе каже мојот духовник, оставајќи ги настрана Божјите зборови запишани во Св. Писмо, кои се единствен авторитет, за тоа дали нешто е правилно или не.

Тврдиш дека Св. Писмо не е прирачник за влез во рајот и дека Писмото не ни кажува такво нешто.
Е па еве ти доказ од самото Св. Писмо, па повели извојувај ја победата над самото Св. Писмо со твои докази:



...бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.
Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,
за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело. (2 Тимотеј 3:15-17)


Што треба како Христијани да познаваме уште од малечки? Св. Писмо или што вели Црквата и свештеникот?
Одговорот е Св. Писание.

Кој може да те направи мудар за спасение преку верата во Исуса Христа? Писмото или Црквата и свештенството?
Одговорот е Св. Писмо.

Зошто е од Бога дадедно и вдахновено целото Писмо?
За чување на полица во регалот и збирање прашина или за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело?


Еве на друго место што зборува Бог преку Св. Писмо:

Блажен е оној кој чита....(Откровение 1.3)

Никаде нема да сретниш во Св. Писмо каде што се вели: блажен е оној кој не го чита Св. Писмо и кога нешто не знаеш, појди на совет да ја прашаш Црквата и свештенството, за тие да ти го изџвакаат твојот залак, а ти само да направиш....лап, лап.

Не е лошо дури е и полезно, ако за некои работи кои што Духот не ни ги открил, да се советуваме со нашите претпоставени или нашите Браќа и сестри за работи кои не ни се јасни и не можеме да ги протолкуваме, но за работи кои се спротивни на нашата совест да се држиме како „ќориот за стапот“ и да му веруваме на свештеникот или на Црквата, повеќе одколку на Св. Писмо, е тука германците викаат: МОГРЕН МАЛКУ.

А каде во Св. Писмо пишува дека мислењето на Црквата и свештенството е нај големиот Авторитет кој што треба да го почитува еден Христијанин? Или дека мислењето на Црквата и Свештенството е по авторитетно и поголемо од тоа што го зборува Св. Писмо?




Одговорот ти го даде самото Св. Писмо. Се надевам дека го разбра? Ако не го разбра, Господ нека ти биде напомош драг пријателе.










На пример, Црквата нема позитивен став кон најпозната хуманистка од нашево време, славната мајка Тереза, која му служеше не на Творецто, туку на творенијата, а притоа Бог не и беше ни на крај памет.
А од кај знаеш ти на кого му служеше мајка Тереза? Зарем со тоа што им служеше на луѓето не му служеше на Бога?

Еве што вели Исус:

,Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘

,Доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘


Велиш дека Црквата нема позитивен став кон мајка Тереза? А дали ставот на Црквата е поважен од ставот Божји кон мајка Тереза? А што ако Црквата греши со својот став кон незе, бидејќи Црквата не е срце-видец, туку Бог е тој кој што знае што има во човечкото срце. И онака Црквата во историјата на Христијанството има направено големи пропусти, лапсуси и донесувано погрешни одлуки, кои што луѓето ги коштало глава или влез во царството небесно, и тоа баш поради погрешниот став на Црквата и нејзиното свештенство.

И за крај, од каде правото на Црквата да суди и да донесува одлуки кој е свет а кој не е свет, или кој е Божји угодник а кој не, кога Исус е судијата, а не Црквата? Од каде тоа право, или самата си го пропишала правото, по начин како онаа народната: сама си се запопувам - сама си се одпопувам, така?


Од мене толку.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Црквата нема позитивен став кон најпозната хуманистка од нашево време, славната мајка Тереза, која му служеше не на Творецто, туку на творенијата, а притоа Бог не и беше ни на крај памет.
Црквата има мошне позитивно мислење за благосовената мајка Тереза.. Зад та мислење седи папата во Рим кој е во директна линија наследник на првиот папа - свети Петар и во чие папинство веруваат над милијарда луше на планетата
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чек, чек сеа малце...Цело време си сомничав кон Црквата ама кога ќе ти притреба, се повикуваш на овој или оној од Црквата, така?

Се согласувам: Римската Црква, нормално е да каже све во суперлативи за мајка Тереза, оти Тереза не доаѓа од некоја друга заедница, туку од нивната. Истолната православна Цкрва, и за мајка Тереза и за било кој римокатолички подвожник, има поинаков став.

Св. Ап. Петар не е првиот епископ римски, туку е Лин(ус), погледни на темата „прашања за христијанството„.

--- надополнето ---

Од мене толку.
И од мене, такоџер...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Се согласувам: Римската Црква, нормално е да каже све во суперлативи за мајка Тереза, оти Тереза не доаѓа од некоја друга заедница, туку од нивната. Истолната православна Цкрва, и за мајка Тереза и за било кој римокатолички подвожник, има поинаков став.
Ех да беше од православната..... имаше да летаат славопојки ... али од “нивните е“ зато ќе ја нејќиме....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не оти не е „..од нашите..„, туку оти не е Христова.
Тууу, пак сме забегале: од сабат, на мајка Тереза. Еве, пак ќе ме караат....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Не оти не е „..од нашите..„, туку оти не е Христова.

Тебе Потпарол да не те стави Господ или „дрвен“ Адвокат, штом делиш судови кој е Христов, а кој не е????? Или така те научија твоите црковни високо-достојници? Да не треба и со Господин-Господин...Мики1....да ти се обраќаме на форумов?

Убаво ти ја плеснаа малку погоре: да беше од православната..... имаше да летаат славопојки ...

.....и тоа како имаше да летаат...кај ќе им беше крајот!!!! Хахахаха
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А бе ме навреди, ептен, признавам....останав без текст...Но, и тоа е рисјански, да ме навредуваат ради вистината, како што е од тебе ептен „изворно„, дури и „библиски„ а уште повеќе „христијански„, да упатуваш навреди.

Затоа и велам: овде има некои, кои, ако неја исплукаат Црквата, ќе нема на што да ја ѕидаат својата домашна теологија.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
А бе ме навреди, ептен, признавам....останав без текст...Но, и тоа е рисјански, да ме навредуваат ради вистината, како што е од тебе ептен „изворно„, дури и „библиски„ а уште повеќе „христијански„, да упатуваш навреди.

А што требаше, Аплаузи и букети цвеќиња да летаат, за „бисериве“ што ги делиш по форумов?

Те навредувале за вистината? И ова е за тебе е вистина??? Не оти не е „..од нашите..„, туку оти не е Христова.
И ти имаш смелост да кажеш дека некој те навредил? За срамота!!!!

Јас само те прашав дали си Подпарол или дрвен Адвокат штом си се „дрзнал“ да и судиш на мајка Тереза и си го зазел судиското место, кое не е твое.

Прашав, но не добив одговор!!! Изгледа навистина остана без текст!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
gospel,

Не да на сум разбрал, него ете гледаш учењето на Исус е нешто различно од она што го вели Павле. Но кога велиш законот бил погребан, укинат со жртвата Исусова. Такво нешто нема кажано Исус. Никаде Тој не рече дека после него нема да постои законот. Ете некои работи се измениле - нема веќе потреба од принесување жртви, доволна беше Исусовата жртва за сите нас. Понатаму ете Исус ги очисти и сите јадења, па така и свинското стана чиста храна. Ете и за обрезанието има дека не е битно, туку следењето на заповедите. Значи некои работи од законот се промениле и не важат повеќе, исто како што не важат веќе ни оние јудејските празници, пасха, годишните саботи итн. Но за неделните Саботи Исус нема напоменато дека нема да важат. Оти зошто тој учеше за нив, ако тие повеќе немало да важат.

Види вака - Исус додека беше на земјава учеше за законот. Не го укинуваше нити навести дека ќе се укине. Туку го толкуваше, и сакаше да им го врежи во срцата на лугето, и да се раководат според заповедите Божји. Ете претходно напоменав дека некои делови не важат повеќе. Но Исус кога зборуваше за заповедите, за неубивањето, не вршењето прељуба итн не можиш да речеш дека тие не важат. Какви Христијани ќе сме ние ако не слушаме ништо од она што го зборуваше Исус. Ако сме едино под благодатта, а не под никакви заповеди - тогаш изгледа Исус џабе го поминал својот земен живот учејки не да ги слушаме заповедите. Какви Христијани сме ние ако не го следиме Исусовото учење?

Слушај го Исуса, Тој убаво зборуваше

Матеј 5 21 ”Сте чуле дека им беше речено на старите: ‘Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде виновен пред судот.’
22 А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол.


Марко 10 17„Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”
19 Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”
20 Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.”


Еве ти сега добар пример дека 10 заповеди важат и тоа од Павле речено

Римјаните: 13:9 Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!” - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!”



Не можи да не важи ништо што Исус зборувал. Тој не учеше за џабе. Не e доволна само вербата во Исуса, а во делата да си грешен. И двете се битни. И верата и делата. Оти ако е битна верата само, дали и лошите луѓе кои чинат недобро се прави пред Бога? Колку што знам и Хитлер веруваше во Бога, дали и тој е спасен по верата, дали и Хитлер е во рајот?

А за стихот Лука 16-16, ако го прочитаме убаво со стихот после него ќе видиме вака

15 И им рече: „Вие се претставувате за праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто она што меѓу луѓето се смета за високо, пред Бога е гнасно.”
16 ”Законот и Пророците беа до Јована. Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.

17 Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од Законот.
18 Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; и кој се жени со оставена - прељубодејствува.”



Е сега зошто Павле тврдил дека законот не важи не знам, но Исус го зборуваше спротивното. Може Павле имал тактика, бидејки тој сакал да ја рашири религијата, а како ќе го прави тоа ако им вели дека има 1000 заповеди и закони кои треба да се исполнуваат. Па никој не би ја прифатил оваа нова религија. Затоа можеби Павле сакал прво сите да поверуваат во Христа, а потоа полека да го прифаќаат Христовото учење заедно со Неговите заповеди.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А што требаше, Аплаузи и букети цвеќиња да летаат, за „бисериве“ што ги делиш по форумов?

Те навредувале за вистината? И ова е за тебе е вистина??? Не оти не е „..од нашите..„, туку оти не е Христова.
И ти имаш смелост да кажеш дека некој те навредил? За срамота!!!!

Јас само те прашав дали си Подпарол или дрвен Адвокат штом си се „дрзнал“ да и судиш на мајка Тереза и си го зазел судиското место, кое не е твое.

Прашав, но не добив одговор!!! Изгледа навистина остана без текст!
Gospel, христијаниште низаедно изворно и библиско, не ме отекуј под појас, туку дај пиши нешто на темава, ако имаш што да пишеш, и не ме замарај, жив ти мајка ти...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не може 10те заповеди да не важат повеќе. Тие се вкоренати во Христијанството. И сите 10 заповеди се содржани во 2те Христови заповеди.

Во љуби го својот Бог - нели се содржани првите 4, да немаш други Богови, да не правиш идоли, да не го изговараш Неговото име напразно и да го празнуваш Неговиот осветен ден Сабота;
Во љуби го својот ближен - нели се содржани останатите 6 заповеди;
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Единствено верниците требаше да го слушаат Јакова - братот на Исуса. Тој што ќе каже.
Јаков бил и останал јудеец исто како и брат му Исус. Ја водел првата “црква“ како денес ја нарекуваат назаренската група од каде произлегол и Исус. Исус Назарен. Ја почитувале саботата. И низ векови и векови назарените си продолжиле да почитуваат старозаветни прописи и Саботата. За нив павле бил отпадник и еретик. Не го признавале за апосттол. Тоа е ставот на оние верници кои го продолжиле учењето на Исуса. Знале дека исус нит укинал некој закон нит ја заменил саботата за недела, знаеле и повеќе дека исус бил човек, роден нормално од жена кој ја ширел речта божја онака како е запишана во стариот завет.
Денес христијанството правилно би требало да се нарекува павликанизам. Пошто тоа не е верата ни на исус ни на неговиде ученици следбеници и семејството. Павле ги однесе своите верници во прегратките на Рим, тие се издигнаа како државна религија и се откажаа и во еден момент од исуса прогласувајќи го паганскиот цар константин за месија еден и единствен на кој Бог му даде моќ да го прочисти човечкиот род. кога константин го празнуваше 25 декември како ден на паганскиот бог на сонцето - и христијаните се приклучуваат тврдејќи (по непознати извори) дека на 25 декември се родил и исус. кога константин со декрет прогласува Недела за ден на одмор во царството во знак на почит на паганскиот бог на сонцето - и христијанските водачи ја заменуваат саботата со недела. Стануваат блиски со државата а за возврат добиваат привилегии, слободна вероисповест, заштита од државата.
Неделата е политички потег на црквата да влези во коалиција со паганскиот цар и да куртули од прогони.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Gospel, христијаниште низаедно изворно и библиско, не ме отекуј под појас, туку дај пиши нешто на темава, ако имаш што да пишеш, и не ме замарај, жив ти мајка ти...

Ајде, ајде........ Доста се криеше на форумов со твоите слатко-речиви правосалавни термини и изрази. Покажиси го вистинското лице, а не протестантите да ги обвинуваш вака зборувале - така зборувале. Кога човек ви оди „по газот“ окезени сте до уши, но кога ви стави мала сопка, знаете да бидете полоши и по арогантни дури и од Паганите, гробови варосани (читај матеј 23 глава). Време е да си го покажеш вистинското лице. Почнаа да се исполнуваат моите зборови:

Убаво е скријан на форумов да изиграваш „добар православец“ со добар “православен речник“ , но пријателче ...кога би можел да те видам на улица, дали си истиот тој МИКИ1 кој што е слатко-речив со излитени т.н. православни изрази??? Ех... кога би можел???



не ме отекуј под појас

хахахахахахаха

Ваков беше твојот „рисјански“ речник со кој се тапаниш ??????????? Па ти неможеш рисјанин да бидеш, а камо ли Христијанин.

За срамота!!!!!!












Со почит, Госпел.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А бе ептен ми е срам, ама еве, пак пишувам постови. Но како веќе реков, очигледно е дека не можеш (не можете) а да не почнете дискусија, без претходно да излачите солидна количина плунка, насочена кон Црквата па на плунката да почнете да градите испразна теологија, сведена на цитати, без грам дела и никакво покајание. Море, куќа се гради на камен/цврста основа, а не на течност...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom