Ако Исус тогаш го укинал законот - а со тоа и Саботата, објасни ми зошто ете неговите следбеници и после овој четврток си слават Сабота
Лука 23
54 А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55 По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.
А исто објасни ги и овие стихови
Псалм 89-30 Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;
31 ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;
32 со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,
33 но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.
34 Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.
Псалм 111-7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!
Откровение 14-12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.
Броеви: 23:19 Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?
--- надополнето ---
Во заповедите.
Значи спаѓа а? Значи не спориш дека Исус ја заповедал и Саботата? Тогаш зошто се буниш против неа?
--- надополнето ---
А на што треба да се повикуваме? Ако не на Исусовите зборови, кои се и зборови Божји. Да не го слушаме Исуса?
Сите христијански деноминации, искуствено покажуваат дека принципот „сола скриптура„ е погрешен, а таа грешка уште подобро и попрактично ја покажуваат подвижниците во Римската Црква, кои тврдеа дека не им треба никој меѓу нив и Христа, па го чинеа и го чинат тоа кое го чинат: живеат во самоубедување/прелесет дека се на прав пат.
Биди спокоен, почитувај ја саботата и живеј со тоа убедување, нема да бидеш ни првиот ни последниот кој живее во самоубеденост.
--- надополнето ---
Си постјат и цркви и верници кои ја слават Саботата. Си постоеа со векови и милениуми и нив христијанската црква ги осудуваше заради тоа како еретици. Интересно е што Павловото хритијанство ги обвинува за еретизам оние кои го следат Исусовото христијанство. Имено првите ученици и следбеници на Исуса си останаа верни на јудаизмот и старите закони баш онака како и самиот исус кажуваше. Си ја почитуваа сабоотата, принесуваа жртви во храмовите, се обрежуваа живееа во комуни базирани на заедничка сопственост, се воздржуваа од јадењата забранети со закон..... Павле тоа го прекрши го укина и така ги научи и луѓето (Баш како опоменуваше Исус дека може да се случи). Светите оци кои се дрзнаа тоа да го стават под прашање беа исклучувани о црквата (а не ретко и ликвидирани). Во црквата останаа оние кои одеа по црковните догми. Има големи разлики меѓу црквите кои ги основале апостолите на Исус и она која ја основал павле. Египетската (коптската) Шпанската, Ирската, Келтската, Ерусалемската.... беа спротивно од она што го учел Павле. И сега велат назаерните (ебонити) чиј член бил Исус и ги водел и учел назарените и цеела ерусалемска заедница која била назаренска и го следела исуса па брат му јаков па ред други счледбеници и роднини на исус биле еретици и одпадници од самиоѕт тој Исус?!?! Али историјата на црквата не му се дава на паствата да ја чита и проучува. За секоја црква (вклучителоно и православната) посстои само една вистина (нивнма) и еден пат (нивен) кој треба да се знае се друго е ерес за кој не смее да се бара анализа и проучува.
Хмммм, кажи ми дека сум во криво, ако кажам дека токму ти си тој кој ќе ни ја покаже точната историја и вистинската вистина Христова....Патем кажано, поновата историја ни посочува дека токму поединци, кои се
надвор од Црквата, што значи дека се
надвор и од
Христа и од вистината, се впуштија во своеглаво откривање и „проучување„ на Писмото па се сетија дек токму тие се во право, за разлика од православните „идолопоклоници„, па си формираа приватни здруженија, кои, ради убедливост, ги нарекоа „црви„ а на своите храмови, пак ради убедливост, закачија крстови.
А во меѓувреме, како што пред малку пишав, посочи ми ги книгите од наведените богослови, за да можам да се обратам до образовани богослови, со кои ќе провериме дали Августин и Тертулијан рекле дека Христос има(л) лик таков како што тие велат.