Sabbath - седмиот ден

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Матеј 24 11 и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина. 12 И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.
13 А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.
14 И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”
15 ”И така, кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето - за која зборува пророкот Даниел - како стои на свето место; кој чита - нека разбере! -
16 Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите;
17 а кој ќе биде на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа;
18 и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката!
19 Горко им на бремените и на доилките во тие денови!
20 Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,
21 зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде.

Зарем овде не ти зборува дека ќе има луѓе што ќе сакаат да го заблудат народот? А ова за Саботата? Нели можеш да видиш дека овде ти вели дека Саботата ќе важи и во иднина?

35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Право да ти кажам, 100 пати да го препрочитам стихов, нема да „налетам„ на саботата. Како тебе ти успева да ја видиш саботата? Со кои зборови, посочи стих, каде Христос заповеда да ја славиме саботата па може и ќе ти поверувам...

А што се однесува до лажните пророци, причај ми о томе...Во тие „лажни пророци„, протестантите редовно ги „гледаат„ православните богослови, а православните богослови пак, точно укажуваат на тоа, кои се лажните пророци-а тоа се сите основачи на вонцрковните заедници, кои се кријат зад фирмите „црква„ и „христијани„, и кои, ај што се лажат сами себе дека се ѓоамити пророци, туку ги лажат и своите поданици во својата пророчка улога.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Право да ти кажам, 100 пати да го препрочитам стихов, нема да „налетам„ на саботата. Како тебе ти успева да ја видиш саботата? Со кои зборови, посочи стих, каде Христос заповеда да ја славиме саботата па може и ќе ти поверувам...
20 Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,

Со волкави букви ти го напишав и ти пак не го виде? Ти постирав и претходно многу делови каде Исус зборува за Саботата, и секаде вели како таа се празнува. А никаде не вели еден збор за неделата. Никаде. Што да ти правам кога стоиш слеп пред Исусовите зборови.

Ами на ова да одговореше:

Ај вака да те прашам. Да речеме дека црквата не ја замени Саботата. Да речеме дека до ден денеска Христијаните се уште си слават Сабота, а не неделеа. Дали сметаш дека некој читајки ја Библијата би заклучил, би забележал, дека всушност погрешен ден славиме? Дека треба да се слави недела, недела да биде неработен ден? И по кој тоа цитат од Библијата такво нешто би забележал?
Ами ова

- издигнување на 10-те Божји Заповедни на духовно ниво
Кои се десетте заповеди? Четвртата не е Саботата?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
20 Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,

Со волкави букви ти го напишав и ти пак не го виде? Ти постирав и претходно многу делови каде Исус зборува за Саботата, и секаде вели како таа се празнува. А никаде не вели еден збор за неделата. Никаде. Што да ти правам кога стоиш слеп пред Исусовите зборови.

Оваа реченица, Христос ја има кажано пред да биде распнат, пред да воскресне и пред да ја создаде својата Црква. Од друга страна пак, во наведениот стих, Он никаде не вели дека треба да ја славиме саботата. Тоа што Он ја споменува саботата во конкретниот стих и настан, тоа е многу логично: Христос им проповедаше пред се, на своите, на јудеите, за кои саботата навистина беше (и сеуште е) ден за одмор. Со формирањето на Црквата, Он го укинува јудејското свештенство, а воедно, на Тајната Вечера Он го воведе Новиот Завет, со што отпадна старозаветниот Закон, така да Црквата е сосема нова креација, аналогна на Ноевата арка, во која не се спасуваат само јудеите, туку сите поединци кои сакаат спас на своите души. Така, Црквата е „она„ кое е ново во Новиот Завет и за која Стариот Завет е само претходница на совршениот Нов Завет. Црквата не е прост продолжеток на Стариот Завет и затоа во Црквата важат нови правила на игра.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
A каде Исус забранил да се држи саботата?
 
Се што кажал пред да го распнат не важи? Стварно? Кога рекол не убивај, после воскресението тоа нема да важи. Може да се убиваме? Какви глупости зборуваш бе човеку? Од кај ги вадиш овие работи. Секако не од Библијата. Ти човече ги менуваш ставовите во согласност со потребниот одговор на дадени прашања. Еднаш едно збориш, после нешто сосем друго и различно. Но слушај, има одговор и на ова во Библијата. На се има одговор таму.

Еве што им кажува Исус после неговото воскресение

Матеј 28
18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.
19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се; што Сум ви заповедал!
20 И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”

Ете, се што кажал си важи, сите заповеди си важат. И не само за јудеите, него за сите народи.
 
А саботата? Дека е саботата спомената? Во се што Христос заповедал, спаѓа и денот за одмор, кој го тоа спори?

--- надополнето ---

A каде Исус забранил да се држи саботата?
На Велики Четврток, во куќата од Св. Ап. Марко, Христос го воведе Новиот Завет, а претходно, преку симболиката со смоквата, Христос го укина јудејското свештенство. Христос самиот рече дека пророците и Законто важеа до Јована (Крститиелот).

Нели се очигледни новините кои Он ги воспостави? Нели е Новиот Завет битно поинаков од Стариот? Нели (ние) би наликувале на јудеи доколку и денес би ги почитувале старозаветните одредби? Во крајна истанца, зашто Христос дојде првиот прат, зашто доброволно беше распнат, зашто воскресна, зашто ни вети дека пак ќе дојде? За да биде се исто како и во Стариот Завет?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Со кои зборови, посочи стих, каде Христос заповеда да ја славиме саботата па може и ќе ти поверувам...
Он никаде не вели дека треба да ја славиме саботата
Ајде сега, наброј кои се тие Заповеди, оти во она кое Христос го вели, во контретниве стихови, никаде не е спомената саботата.
Но не ми кажа каде е спомената саботата, во стиховите на кои самиот се повикуваш. „Подразбирањето„ на нешта кои никаде не се споменати, е чисто субјективен заклучок, кој лесно може да биде и погрешен.
Логиката ти е базирана од немање на аргументи и нема своја тежина и издржаност. Еве што е факт:

Бог му дал заповеди и прописи на човештвото. Сабота како Божија почивка е дадена и повторена повеќе пати низ заветотт. Закон. И тој закон важи додека тој што го донел - не го укине или замени со некој друг закон. Дали Исус дојде да ги укине законите?
“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5. 17 - 19
Е сега по твојата логика би требало црквата да даде каде Исус рекол дека не треба да ја славиме саботата, Каде Исус ја заменил саботата со недела. Како што рекол јасно дека не е дојден да ги поништи законите, дека ќе важат и најмалите од законите се додека постои небото и земјата и додека не се исполни се.... има ли некој збор конкретен на Исус каде би рекол “Дојдов да ги поништам и сменам законите“ или “Не ја држете саботата туку од сега Неделата ќе ви е свет ден...“
Не алегории не симболи кои нешто подразбираат затоа што :
„Подразбирањето„ на нешта кои никаде не се споменати, е чисто субјективен заклучок, кој лесно може да биде и погрешен.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е армо де, тогаш, слави ја саботата и одморај во саботен ден, кој ти брани? И уше 100 пати да се повикаш на Христови зборови, а притоа да не кажеш што се поразбира во кажаното, нема ништо друго да ти преостане осевн да се втриш во круг и пак да се впуштиш во цитирање на некој Христов збор. Очигледно дека смислата на постоењето на Црквата не ти е познато, па непрекидно се повикуваш само на она кое Христис го кажал, а свесно ја заобиколуваш Црквата и нејзиното учење и постоење. Да беше сабоата сеуште ден за одмор, во минативе 2 000 г, барем еден од Светите Оци или богослови, ќе се „сетеше„ на „грешката„ која Црквата ја има стпорено со пренесувањето на денот за одмор од саботата на неделата.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
На Велики Четврток, во куќата од Св. Ап. Марко, Христос го воведе Новиот Завет, а претходно, преку симболиката со смоквата, Христос го укина јудејското свештенство. Христос самиот рече дека пророците и Законто важеа до Јована (Крститиелот).

Нели се очигледни новините кои Он ги воспостави? Нели е Новиот Завет битно поинаков од Стариот? Нели (ние) би наликувале на јудеи доколку и денес би ги почитувале старозаветните одредби? Во крајна истанца, зашто Христос дојде првиот прат, зашто доброволно беше распнат, зашто воскресна, зашто ни вети дека пак ќе дојде? За да биде се исто како и во Стариот Завет?
Ако Исус тогаш го укинал законот - а со тоа и Саботата, објасни ми зошто ете неговите следбеници и после овој четврток си слават Сабота

Лука 23

54 А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55 По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.

А исто објасни ги и овие стихови

Псалм 89-30 Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;
31 ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;
32 со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,
33 но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.
34 Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

Псалм 111-7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!

Откровение 14-12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.

Броеви: 23:19 Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?

--- надополнето ---

А саботата? Дека е саботата спомената?
Во заповедите.

Во се што Христос заповедал, спаѓа и денот за одмор, кој го тоа спори?
Значи спаѓа а? Значи не спориш дека Исус ја заповедал и Саботата? Тогаш зошто се буниш против неа?

--- надополнето ---

Очигледно дека смислата на постоењето на Црквата не ти е познато, па непрекидно се повикуваш само на она кое Христис го кажал, а свесно ја заобиколуваш Црквата и нејзиното учење и постоење.
А на што треба да се повикуваме? Ако не на Исусовите зборови, кои се и зборови Божји. Да не го слушаме Исуса?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Е армо де, тогаш, слави ја саботата и одморај во саботен ден, кој ти брани? И уше 100 пати да се повикаш на Христови зборови, а притоа да не кажеш што се поразбира во кажаното, нема ништо друго да ти преостане осевн да се втриш во круг и пак да се впуштиш во цитирање на некој Христов збор. Очигледно дека смислата на постоењето на Црквата не ти е познато, па непрекидно се повикуваш само на она кое Христис го кажал, а свесно ја заобиколуваш Црквата и нејзиното учење и постоење. Да беше сабоата сеуште ден за одмор, во минативе 2 000 г, барем еден од Светите Оци или богослови, ќе се „сетеше„ на „грешката„ која Црквата ја има стпорено со пренесувањето на денот за одмор од саботата на неделата.
Си постјат и цркви и верници кои ја слават Саботата. Си постоеа со векови и милениуми и нив христијанската црква ги осудуваше заради тоа како еретици. Интересно е што Павловото хритијанство ги обвинува за еретизам оние кои го следат Исусовото христијанство. Имено првите ученици и следбеници на Исуса си останаа верни на јудаизмот и старите закони баш онака како и самиот исус кажуваше. Си ја почитуваа сабоотата, принесуваа жртви во храмовите, се обрежуваа живееа во комуни базирани на заедничка сопственост, се воздржуваа од јадењата забранети со закон..... Павле тоа го прекрши го укина и така ги научи и луѓето (Баш како опоменуваше Исус дека може да се случи). Светите оци кои се дрзнаа тоа да го стават под прашање беа исклучувани о црквата (а не ретко и ликвидирани). Во црквата останаа оние кои одеа по црковните догми. Има големи разлики меѓу црквите кои ги основале апостолите на Исус и она која ја основал павле. Египетската (коптската) Шпанската, Ирската, Келтската, Ерусалемската.... беа спротивно од она што го учел Павле. И сега велат назаерните (ебонити) чиј член бил Исус и ги водел и учел назарените и цеела ерусалемска заедница која била назаренска и го следела исуса па брат му јаков па ред други счледбеници и роднини на исус биле еретици и одпадници од самиоѕт тој Исус?!?! Али историјата на црквата не му се дава на паствата да ја чита и проучува. За секоја црква (вклучителоно и православната) посстои само една вистина (нивнма) и еден пат (нивен) кој треба да се знае се друго е ерес за кој не смее да се бара анализа и проучува.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако Исус тогаш го укинал законот - а со тоа и Саботата, објасни ми зошто ете неговите следбеници и после овој четврток си слават Сабота

Лука 23

54 А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше.
55 По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело.
56 Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.

А исто објасни ги и овие стихови

Псалм 89-30 Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;
31 ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;
32 со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,
33 но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.
34 Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

Псалм 111-7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!

Откровение 14-12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.

Броеви: 23:19 Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува?

--- надополнето ---

Во заповедите.

Значи спаѓа а? Значи не спориш дека Исус ја заповедал и Саботата? Тогаш зошто се буниш против неа?

--- надополнето ---

А на што треба да се повикуваме? Ако не на Исусовите зборови, кои се и зборови Божји. Да не го слушаме Исуса?
Сите христијански деноминации, искуствено покажуваат дека принципот „сола скриптура„ е погрешен, а таа грешка уште подобро и попрактично ја покажуваат подвижниците во Римската Црква, кои тврдеа дека не им треба никој меѓу нив и Христа, па го чинеа и го чинат тоа кое го чинат: живеат во самоубедување/прелесет дека се на прав пат.

Биди спокоен, почитувај ја саботата и живеј со тоа убедување, нема да бидеш ни првиот ни последниот кој живее во самоубеденост.

--- надополнето ---

Си постјат и цркви и верници кои ја слават Саботата. Си постоеа со векови и милениуми и нив христијанската црква ги осудуваше заради тоа како еретици. Интересно е што Павловото хритијанство ги обвинува за еретизам оние кои го следат Исусовото христијанство. Имено првите ученици и следбеници на Исуса си останаа верни на јудаизмот и старите закони баш онака како и самиот исус кажуваше. Си ја почитуваа сабоотата, принесуваа жртви во храмовите, се обрежуваа живееа во комуни базирани на заедничка сопственост, се воздржуваа од јадењата забранети со закон..... Павле тоа го прекрши го укина и така ги научи и луѓето (Баш како опоменуваше Исус дека може да се случи). Светите оци кои се дрзнаа тоа да го стават под прашање беа исклучувани о црквата (а не ретко и ликвидирани). Во црквата останаа оние кои одеа по црковните догми. Има големи разлики меѓу црквите кои ги основале апостолите на Исус и она која ја основал павле. Египетската (коптската) Шпанската, Ирската, Келтската, Ерусалемската.... беа спротивно од она што го учел Павле. И сега велат назаерните (ебонити) чиј член бил Исус и ги водел и учел назарените и цеела ерусалемска заедница која била назаренска и го следела исуса па брат му јаков па ред други счледбеници и роднини на исус биле еретици и одпадници од самиоѕт тој Исус?!?! Али историјата на црквата не му се дава на паствата да ја чита и проучува. За секоја црква (вклучителоно и православната) посстои само една вистина (нивнма) и еден пат (нивен) кој треба да се знае се друго е ерес за кој не смее да се бара анализа и проучува.
Хмммм, кажи ми дека сум во криво, ако кажам дека токму ти си тој кој ќе ни ја покаже точната историја и вистинската вистина Христова....Патем кажано, поновата историја ни посочува дека токму поединци, кои се надвор од Црквата, што значи дека се надвор и од Христа и од вистината, се впуштија во своеглаво откривање и „проучување„ на Писмото па се сетија дек токму тие се во право, за разлика од православните „идолопоклоници„, па си формираа приватни здруженија, кои, ради убедливост, ги нарекоа „црви„ а на своите храмови, пак ради убедливост, закачија крстови.

А во меѓувреме, како што пред малку пишав, посочи ми ги книгите од наведените богослови, за да можам да се обратам до образовани богослови, со кои ќе провериме дали Августин и Тертулијан рекле дека Христос има(л) лик таков како што тие велат.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Сите христијански деноминации, искуствено покажуваат дека принципот „сола скриптура„ е погрешен
Да да знам, погрешно е да се повикуваме на Библијата, на Божјиот збор.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А во меѓувреме, како што пред малку пишав, посочи ми ги книгите од наведените богослови, за да можам да се обратам до образовани богослови, со кои ќе провериме дали Августин и Тертулијан рекле дека Христос има(л) лик таков како што тие велат.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?52848-Прашања-за-Христијанството-II&p=3938265&viewfull=1#post3938265

дадено уште пред сат време
друга тема е тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да да знам, погрешно е да се повикуваме на Библијата, на Божјиот збор.
Не е погрешно да се повикуваме на зборот Божји, туку е погрешен идолатрискиот однос кон Светото Писмо, во стилот „Јас, Писмото па Бог„.

--- надополнето ---

Пошто дома го имам толкувањето од професорот, не ми е проблем да видам на кои извори се повикува проф. Гроздановски. ПАтем кажано, во Црквата постојат извесни резерви за учењето од блажениот Августин, а Тертулијан е сметан за едед од најраните учители во Црквата, но не ми е познато дека е титулиран со „Свет Отец„, што значи дека Црквата има причина за таквиот став кон Тертулијан. На Ориген пак, светоста воопшто не му е доделена, поради неговите искривувања во изворното црковно учење, иако се покажал како добар учител.

Ќе проверам, во секој случај...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom