- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 277
- Поени од реакции
- 29
И двајцата претходно бевме заборавиле дека всушност Саботата е дадена уште при постанокот на светот:
И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи. И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
Значи Саботата не е дадена само не евреите. Дадена е на сите луѓе.
Ова што го тврдиш не е точно.
На почетокот кога Бог го создаде светот и на седмиот ден отпочина, никаде не им запоповеда на Адам и Ева дека мораат да ја држат саботата. Напротив... словото убаво вели: И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи (но не и Адам и Ева). И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
Каде во овие стихови гледаш заповед кон Адам и Ева дека мораат да ја држат саботата?........и дека саботата е дадена не само за Евреите туку и за сите останати луѓе?
НИКАДЕ го нема тоа!!!
Саботата за прв пат е заповедана од Бога на Евреите, кога излегоа од Египетското ропство, додека беа во пустињата.
А останатите кометари дека е заповедана на почетокот, тоа се само АДВЕНТИСТИЧКИ финти и погрешни толкувања, кои што не држат место и немаат никаква поткрепа во Библијата. Во тоа биди сигурен.
И за крај...тоа што се декларираш како Православен Христијанин...и тоа не е точно. Биди реален и коректен и признај дека си следбеник на Елена Вајт и нејзиниот култ наречен АДВЕНТИЗАМ и немој да не „дриблаш“ нас форумџииве. Понашањето те открива, дека си следбеник на култ.
Незнам зошто се срамиш да го признаеш она во кое веруваш и кое го исповедаш - а тоа е АДВЕНТИЗМОТ.
Со почит, Госпел.
--- надополнето ---
Затоа што си МУСЛИМАН и си следбеник на друга вера и друга книга, затоа не можиш да видиш убедлив доказ.Jaс ни на едно место каде ти изнацитира не видов убедлив доказ дека саботата е поништена и укината а наместо неа ставена Недела или било кој друг ден.
Па зошто тогаш не ја држите саботата, туку го држите Петокот, како свет ден кај вас Муслиманите?Саботата Бог ја даде на самиоѕт почеток. Кога го создаде светот.
Се чудам.... зошто вие Муслиманите изигравате „ запршка“ во секоја манџа? Зошто ја испревртувате Библијата, кога и онака не сте нејзини следбеници, а се лутите кога некој друг ќе ви го испревртува куранот?Саботата ја воспостави како знак на него. На неговото создавање на светот на океании, планини, мориња птици.... Саботата не е создадена за човек туку за Бог. И кога Исус ќе рече:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно
Матеј 5 17-19
Тој вели дека
1. Не е дојден да поништи закон и пророци
2. Тие закони ќе постојат се додека постои небото и земјата и додека не се исполни се (А се уште не е исполнето се, имено се чека второто доаѓање Исусово и страшниот суд)
3. Никој да не не научи да прекршиме и најмала од тие заповеди.
Ова Исус го кажа. Јасно и директно. Без симболи, алегории, парабболи, незавиткано во прикаски. Појасно од ова нема. И сега се најдоа луѓе слаби во веа и дух да избаруваат што одоколу споменал некој си Павле или некој друг, некој човек смртен и неговите зборови да хги става над и посилни, повредни од оние на Исуса!?!?!
Рајот нема да биде пренатрупан со луѓе, ретко ретко кој ќе успее да влезе во него. Тоа место треба да се залужи на овој свет и во овој живот. Не со вапцања јајца, носење златен крст на ланче и прекрстување ко ќе поминеш покрај црква.
Мислам дека треба да имате малку „коректност“ и да не се мешате таму каде што не ви е местото, а тоа е Христијанството!!
Немојте да бидете како „муви наплувки“. Оставете ги христијаните да полемизираат за нивното верување, а вие полемизирајте за вашето, и онака имате и кај вас еден куп испревртени работи, за кои што ни „шејтанот“ не може да ви го најде крајот.
Затоа ...после се прават непотребни тензии помеѓу Христијани и Муслимани, поради мешање таму каде што не им е местото.
Секогаш сум бил коректен со вас Муслиманите, затоа барам малку коректност и од ваша страна. Гледајте си го вашиот пат.
Со почит, Госпел.