Веќе е универзална пракса за Христијаните од Христовото воскресение да ја држат неделата како посебен ден. Но дали Христијаните за ова свое верување имаат подлога?
Црквата имала, а и денес има луѓе кои дале задоволувачки одговори на ова прашање.
Во Делата 20:7 пишува: И во првиот ден од седмицата кога се собрале учениците за да прекршат леб, Павле бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, беседеше со нив и го продолжи словото до полноќ.
Внимавајте на зборовите: „ И во првиот ден од седмицата“. Тоа е првиот ден од седмицата, а тоа била неделата. Неделата е знак на спасението по милост. Саботата е знак на Стариот Завет, а неделата на Новиот Завет.
Расправата за тоа дали денот за одмор е саботата или неделата, воскреснала дури во почетокот на 19 век. Денес има малку верници кои правилно го сфатиле принципот на Божјата благодат. Затоа нажалост многу од Христијанството, создадоа Јудаизам и систем на дела. И кога некој го нагласува држењето на саботата, тоа овозможува извонредна прилика за некои заслуги и гордост. Може да се држи саботата, но да се нема поим за спасението во Исуса Христа.
Ние Новозаветните Христијани сме оптужени од некој, дека не ја познаваме Библијата, дека сме непослушни кон Божјиот закон, дека сме го примиле жигот на ѕверот, ако ја држиме неделата и дека следиме човечки обичаи, а не Божјиот збор.
Ние не сакаме никого да судиме, бидејќи Бог е судијата, но сакаме да го изнесеме она што не учи Библијата. Не оптужуваат дека ние го славиме денот на сонцето, бидејќи недела на англиски се вика Сандеј.
Према тоа и ние можеме да речеме дека тие го слават денот на Сатурн, бидејќи на англиски саботата се вика Сатурдеј.
Меѓутоа не е така, кај нас Словените неделата буквално значи „не делати“ или „ не работи“, а кај Русите ја нарекуваат уште поубаво „Васкрс“ или денот на Воскресението. Господ Исус Христос во овој ден воскресна и од тогаш до денес Христијаните ја празнуваат неделата.
Апостол Јован во Откровението 1:10 пишува:
„Еден неделен ден бев обземен од дух“ – ова е преводот на Караџиќ, но во преводот на Константинов стои:
„Во Господов ден.“ Значи неделата се нарекува
„Господов ден“ како и „Господовата вечера“.
Во овој ден од Воскресението до денес, наоѓаме наново-родени Христијани кои неделата ја посветиле за посебно бого-служење и одмор.
Да не заборавиме дека Делата Апостолски е книга која ни зборува за транзитот помеѓу Стариот и Новиот завет, од Јудаизмот во Христијанство, од Сабота во Недела. Кога Христос умре тој ја погреба Саботата, но ја воскресна Неделата. Дали неделата е Библиска или Папска уредба?
Дозволете да видиме дека неделата има корени уште во Стариот завет.
1.
орПророштвата во стариот Завет за неделата.
Во Стариот завет наоѓаме многу директни но и типолошки пророштва за неделата. Преминот од сабота во недела е проречен уште во Стариот завет.
А) Типолошки пророштва.
Прво типолошко пророштво за неделата се наоѓа во Еврејскиот празник на „првиот сноп“. За тоа пишува во (3 Мојсеева 23:9-14):
„Господ му рече на Мојсеа, кажи им на Израелците, и речи им кога ќе влезат во земјата, што ви ја давам, и кога ќе ја пожнеете во неа жетвата, донесете му го свештеникот првиот сноп на својата жетва. Тој нека го раздвижи снопот пред Господа, за да биде примен за вас.“
--- надополнето ---
А кога?
Понатаму вели:
„ Свештеникот нека го раздвижи утредента по саботата.“ Како да го протумачиме ова пророштво? Тоа ни го толкува апостол Павле, тој вели:
„ Но сега Христос воскресна од мртвите, како првенец на оние кои умреле.“
Оној прв сноп кој свештеникот требаше да го раздвижи по саботата е пророштво за Господ Исус Христос и неговото воскресение.
Но кога е проречено дека Господ Исус ќе воскресни?
„Утредента по саботата“. Тоа значи во неделата. Евангелијата ни сведочат за тоа. (Матеј 28:1, Марко 16:1-2, Лука 24:1, Јован 20:1)
Затоа Јован во Откровението неделата ја нарекува
„Господен ден“. Евреите ја продолжија саботата до денес, но Христос го немаат.
Втор празник кој ја прорекува неделата е празникот на двата леба за движен принос или денот на Педесетницата.
Пишува:
„А почнувајќи од утрешниот ден по саботата – денот кога донесувате сноп за движен принос – избројте полни седум седмици. Тогаш на денот по седмата сабота, на Педесетницата, принесете му на Господа нов лебен принос. Донесете му од вашите живеалишта по два леба за движен принос“.
(3 Мојсеева 23:15-21)
Потоа во 21 стих додава:
„ На истиот ден свикајте собир, нека ви биде свет собир, не работете никаква работа.Тоа е вечен закон за вашите поколенија, каде и да живеете вие.“
Овој празник е педесет дена после празникот на првиот сноп. Тоа значи седум недели (7х7=49)
„ А почнувајќи од утрешниот ден по саботата.“
Тоа е педесеттиот ден или Педесетница – денот кога слезе Светиот Дух (за ова читаме во Делата Апостолски 2:1-2):
„А кога дојде денот на Педесетницата, сите беа заедно на исто место. И одненадеж стана шум од небото како кога дува силен ветар и ја исполни целата куќа, во која седеа.“
Денот на Светиот дух е Педесетница или Пентекост, бидејќи е рамно педесет дена од Христовото воскресение. Овој ден е проречен дека ќе биде во недела. За овој ден пишува:„ Но истиот ден свикајте собир, нека ви биде свет собир, не работете никаква работа. Тоа е вечен закон за вашите поколенија, каде и да ќивеете вие.“
Затоа на нашиот јазик, се вика недела од коренот на зборот „Не делати“. Двата најзначајни настани не се случиле во сабота туку во недела, а тоа се Христовото воскресение и слегувањето на Светиот Дух или Педесетница. На овој ден два леба се принесени за жртва. Тоа е раѓањето на Црквата во која се вклучени и Евреите и Незнабошците. Саботата беше сенка и најде исполнување во Христа.
б) Уште едно типолошко пророштво.
Секој Евреин требало да го обреже своето дете на осмиот ден. Обрезувањето упатувало на Духовното обрезание на телото, кое нашиот Господ Исус Христос го направи со својата смрт и воскресение. Осмиот ден е нов почеток. Тој е слика на довршеното дело. За ова пишува апостол Павле:
„ Во него сте и обрезани со неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово.“ (Колосјаните 2:11)
Не само што старата природа е осудена на крстот со смртта Христова, туку е донесена нова победа, бидејќи сега преку воскресението во нас тече нов живот. Што се однесува до верниот човек, стариот е погребан, а новиот е воскреснат во недела. Дојде крајот на старото создавање, а со него и саботата. Сега ние сме нови созданија, а обележје на ова е неделата. Овој ден е осми или прв ден кој следува по стариот. Тој го отсликува обрезанието, го отсликува спасението по милост – Недела.
--- надополнето ---
В) Пророштво за новиот ден
Псалмистот го прорекол овој нов ден:
„ Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана крај-аголен камен. Тоа е од Господа и е прекрасно во нашите очи! Ова е денот што Господ го направи, да му воскликнуваме и да му се радуваме Нему!“ (Псалм 118:22-24)
Во овој текст е проречена смртта и воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Тој е отфрлениот камен, но Отецот небески направи Тој да биде крај-аголен камен на Црквата. Воскресението требало да се случи во од Бога одреден ден.
„ Ова е денот што Господ го направи“. (Псалм 118:24)
Неделниот ден е ден кој го создал Господ, и тој не е ден како саботата. Не смее да биде ден на страв, туку ден на радост.
„ Да воскликнеме и да му се радуваме нему.“ Овој Псалм го толкува апостол Петар
:„ Тоа нека ви биде познато на сите вас и целиот народ Израелски, дека во името на Исуса Христа Назареецот, кого вие го распнавте, а кого Бог го воскресна од мртвите, овој стои пред вас здрав. Овој камен, што вие како ѕидари го отфрливте, стана глава на аголот и во никој друг нема спасение. (Дела Апостолски 4:10-11)
Затоа денот кој Бог го одредил е ден, во кој отфрлениот камен стана крај-аголен камен. За овој ден пишува:
„ Ова е денот што Господ го направи, да му воскликнуваме и да му се радуваме Нему!“
И затоа овој ден се вика Господов Ден!!!
Ова Јован го запишал после воскресението Христово, кога неделата е прифатена како Господов ден. На овој ден ангелот рече:
„ Не бојте се! “ (Матеј 28:5).......а Господ рече :
„Радувајте се!!!“
Неделниот ден почна со зборовите
„Не бојте се“ и „Радувајте се“. А кога ги најде учениците собрани во неделата навечер им рече:
„Мир вам!!!“
Значи, неделата не е замена за саботата, туку ден на радост и веселба. Господ кажа за Новиот Завет:
„ Еве доаѓаат денови – говори Господ, кога ќе склучам нов завет со Израилевиот дом и со Јудиниот дом. Не завет каков што склучив со нивните татковци. “ (Еремија 31:31)
Не како стариот завет.
А сега да ги погледнеме пророштвата за престанок на саботата:
1. Пророштво за престанок на саботата.
а) Целиот Мојсеев систем престанува на крстот
Ова јасно го учи целиот Нов Завет и никој не смее да го порекнува. Мојсеевиот систем кој им е даден на Евреите, заменет е со
Новиот пат. (Евреите 10:19)...
Новиот завет (Евреите 8.13).......и
Новата служба (2 Коринтјаните 3:8).
„Оти кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот. ( Евреите 7:12)
Еве неколку стихови кои ова го потврдуваат:
„ Зошто законот беше даден преку Мојсеа, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа. (Јован 1:17)
Ова подразбира промена. Во Римјаните 6:14, Павле вели:
„Оти вие не сте под законот, туку под Благодатта.“
Исто така да погледнеме во Галатјаните 3:24-25:
„ И така законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата; а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитач (закон).“
Или пак во Римјаните 10:4:
„ Бидејќи свршетокот на законот е Христос.“
На првиот Црковен собор, заклучокот на апостолите бил:
„ Бидејќи чувме дека некои што излегоа од нас, ве смутиле со зборови и ги одвратиле душите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите законот, на кои ние не сме им заповедале.“ (Дела 15:24)
Ставањето на Христијаните под Мојсеевиот закон, вклучувајќи ја и саботата не дошло од Апостолите. Тие го осудиле ова учење. Некои велат дека овде се работи за Церемониалниот закон.
НЕ!!! Целиот систем оди заедно, бидејќи Павле пишува:
„ А му сведочам пак на секој човек, кој што се обрезува, дека тој е должен да го извршува целиот закон.“ (Галатјаните 5:3)
Обрезанието оди со целиот систем. И кога Христос умре на крстот, целиот систем престана.
б) Пророштво за престанок на саботата.
Утврдивме дека целиот Мојсеев систем престана на Голгота, со тоа и саботата, но ако на некој се уште не му е јасно, еве директно пророштво, кое Бог го кажува преку (Осија 2:11):
„ Ќе и направам крај на сите нејзини веселби, прослави, млади месечини, саботи и на сите нејзини празници.“
Во Мојсеевиот закон постојат вечни елементи на моралниот закон. Иако Мојсеевиот ситем е укинат со доаѓањето на Новиот Завет, вечниот морален закон не е укинат. Така ние ги наоѓаме сите девет заповеди освен саботата во Новиот завет, а за саботата Бог вели:
„ Ќе ја укинам!!!“
Кога саботата би била дел од вечниот морален закон, Бог немало да каже:
„Ќе ја укинам!“
Замислете само кога Бог би рекол ќе ја укинам првата заповед и сега можите да имате други богови, или ќе ја укинам седмата заповед, па сега можите да вршите прељуба, и тн.
Кога тоа би го рекол, Бог би бил автор на гревот, но тој јасно вели
:„ Ќе ги укинам саботите нејзини!“ – и овде се мисли на Седмичните саботи. Бог во никој случај не дозволува кршење на Моралниот закон. Иако сега не сме под законот, ние не му сме на Бога без закон.
Господ рече за Новиот завет:
„ Ќе ви дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во вас! Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го сложам, мојот дух во вас внатре, за да одите по моите закони и за да ги пазите и вршите моите наредби.“ (Езекија 36:26-27)
Сите овие наредби и закони ги наоѓаме во Новиот завет. Ние сега индиректно ги исполнуваме Божјите заповеди, слушајќи го евангелието Христово, преку Светиот Дух.