Ова:Посочи кои се тие прашања кои сум ги одбегнал за одговарање. Ако ми е познат одговорот на некое псотавено прашање, давам одговор. Ако немам одговор или не го знам одговорот, не пишувам. Што е тоа кое не се вклопува во шемата? На крајот на краиштата, ако прашањето е погрешно, тогаш треба да дадам погрешен одговор.
то е долга тема но има и те каква врска, евреите својата религиуја воглавном ја засновале во ропство кај други народи, значи вавилон и египет, вавилон каде беше персискиот дуализам, зло и добро и нивна борба меѓусебна, египет каде се запознале со монотеизмот, можеби го превзеле и обрежувањето, и од каде ги избвил загадочниот Мозе (кое не е еврејско име). Ра Мозе, Тут Мозе, Пта Мозе.... што значи син, син на ра син на птах, на Тут. Можеби по смрта на Акенатон, кога египет ги враќа старите богови и го брише него од пописот на цареви и секоја трага за него и кога ги прогонува сите следбеници на едниот бог, некој си египќанец од кого остана само она додавка син (мозе0 или пак бил син на некој познат толку да беше доволно да се каже само синот... значи има темели за едно такво веројатно сценарио. Али тоа прашање бара посебна тема да се диискутира, за влијанијата на другите религии во настанокот на јудаизмот.А која е врската на култот на сончевиот диск кој бил првата организирана монотеистичка религија (Акенатон,Мозес,Арон) и која произлегува од Египет,заедно со Мојсеј ?
Моеш да го замолиш газдата да те ослободи у сабота оти си го празнуваш како неработен-ама ако си саботјанин. Ако не те пушти не грешиш ти туку тој (ем те дискриминира врз верска основа )А јас што имам за работа секој ден, значи дека сум најголем грешник?
Која е таа работа која трае бесконечно долго? Некоја посебна служба? Ако е така, тогаш, според редот во Црквата, потребна е консултација со свештеник-духовник, кој ќе ти посочи конкретен совет, зависно од службата која ја вршиш. Напросто, нездраво е речиси непрекидното работење, а притоа да не се одвои ни грам време за богомудрување и богомислие.Ова:
А јас што имам за работа секој ден, значи дека сум најголем грешник?
Одмарам само по 5-6 саати на ден максимум. Значи неделно ми се собираат околу 40 саати одмор.
Да, ред е да се почитува неделата, како ден за одмор.Да се вратиме на темата: Значи во ред ли е тоа што ја празнуваме неделата, а не саботата?
Нема што да длабам. Јасно е дека Господ Бог ни ја дал Саботата за одмор и за Божји ден да ја празнуваме. Треба да се преиспитаат некои работи.Да, ред е да се почитува неделата, како ден за одмор.
И сега, нормално, ќе го кажеш спротивното, ќе се фатиш за некој надживеан старозаветен стих, ќе почнеш да „длабиш„ теологија заснована на еден стих, и ќе речеш дека Исус никаде не ја укинал саботата, туку дека ја почитувал, ќе речеш дека Исус дојде да го исполни Законот и Пророците, и ќе речеш дека ниту јота не смее да се промени во Законот...
И така натаму...
Јасно е дека Господ Бог ни ја дал Саботата за одмор и за Божји ден да ја празнуваме. Треба да се преиспитаат некои работи.
Точно така!! За прв пат им заповеда во пустината. Тој настан е опишан во 2 Мојсеева 16 глава. Но прашањето е: На кого Бог им заповеда да ја празнуваат (светкуваат) Саботата и за кого важи таа заповед? На сите народи кои што живееја во тоа време на земјата, Единствено на Израилот (Еврејскиот народ), и дали таа заповед беше упатена за Христијаните и дали важи Саботата за нив?1. За прв пат ја дава заповедта во пустината Син, при излегувањето од Египет, кога им дава леб(мана) на народот и на шестиот ден им вели дека ќе им даде за два дена бидејќи Sabbath ќе биде ден за одмор. Подоцна ја има и во 10 заповеди како што знаеме.
2. На Мојсеј и на народот. На сите негови верници.
Го има тоа во Библијата, не можам да пребарувам сега за да ти постирам.
Ауч, тука како сведок да си бил кога им велел и си сигурен дека тоа било така. :jaj:Христијаните својата религија ја наследуваат од Евреите, а со тоа и сите дадени заповеди. Христос бил евреин и тој ја почитувал Саботата, а тоа и го учел. Исус е нашиот учител, штом и Тој го учел тоа тогаш нели треба да се почитува? Ако не тогаш не треба да се почитува ниту една од заповедите и ништо друго што Господ им го рекол ним.
А што станува со другите одредби, правила од Стариот Завет...со законите. Дали треба селективно да се почитуваат и практикуваат?Христијаните својата религија ја наследуваат од Евреите, а со тоа и сите дадени заповеди. Христос бил евреин и тој ја почитувал Саботата, а тоа и го учел. Исус е нашиот учител, штом и Тој го учел тоа тогаш нели треба да се почитува? Ако не тогаш не треба да се почитува ниту една од заповедите и ништо друго што Господ им го рекол ним.
Не е точно тоа што го тврдиш. Ако ја наследуваат од Евреите се уште ќе се викаше ЈУДАИЗАМ, а не Христијанство. Според тоа ..бидејќи не се вика Јудаизам туку Христијанство, нивната вера започнува од Хриостос па наваму.Христијаните својата религија ја наследуваат од Евреите, а со тоа и сите дадени заповеди.
Кај пишува дека Исус учел дека треба да се држи саботата? Па нели фарисеите секогаш го критикуваа дека ја нарушува саботата?Христос бил евреин и тој ја почитувал Саботата, а тоа и го учел. Исус е нашиот учител, штом и Тој го учел тоа тогаш нели треба да се почитува?
И ова не е точно! Треба да го држиме само она што Исус му го заповеда на своите следбеници, а тоа се двете негови заповеди и се она што го опишува Новиот Завет. Силата на стариот завет беше до Христа. Од Христа наваму силата е во Исуса Христа и неговиот Нов завет, што не значи дека Стариот завет не треба да го читаме и да се поучуваме од него, но не и да го држиме.Ако не тогаш не треба да се почитува ниту една од заповедите и ништо друго што Господ им го рекол ним.