Sabbath - седмиот ден

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
До некаде си во право...
Римските пагани им забележувале на раните рисјани, зашто овие (рисјаниве) го слават денот неделен (Сандеј) денот на Сонцето, кој бил прагански празник! Арно ама, рисјаниве велат дека Христос Е за нив Сонцето, кое ќе биде непотребно во рајските услови на битисување.
Kултот на сонцето бил древен пагански ритуал кој црквата не можела да го искорени та затоа таа го присвоила како свој. Масовно христијаните покрај тоа што верски ја почитувале саботата, си ја славеле и неделата во чест на богот на сонцето, масовно Христијаните го славеле 25 декември денот на раѓањето на сонцето измешани со паганските маси ширум римското царство. Се до 3ти век нема ни помен од денот на Исусвото раѓање и неговото славење се до 4ти век кога и го прогласија 25 декември како ден на раѓањето на Исус. Во 440 година папата Леон пишува “Има меѓу нас такви коишто сметаат дека треба да се слави овој ден (25 декември) не толку поради раѓањето на Христос туку поради излегувањето на новото сонце“..... и потаму опишува “Пред да влезат во базиликата на светиот апостол Петар, тие застануваат на скалите и покорно ја наведнуваат главата во правец на сончевиот диск“ та и денес во христијанските цркви за Исус се кажува како “Сонце на правдината“ “Новото сонце“.
Како што и паганските обичаи и верувања во големата мајка божица, христијанството ја прифатило под свое како обожување на Марија, мајката на Исус.
Да напоменам дека ерусалемските христијани, оние кои Исуса го гледале како човек а не бог, оние кои го виделе и слушнали Исуса што и како зборува, го виделе и следеле и живееле со него, останале верни на јудаизмот. Се клањале и молеле во храмовите, се обрежувале, се воздржувале од месо жртвовано на други богови, на удавени животни, живееле во заедници на принцип на заедничка сопственост и имале за водач некој од Исусовата фамилија кои се наследувале еден со друг на тоа место како династија.
Павле имал поинакво видување како треба да биде новата вера, тој знаел дека со такви обичаи закони и прописи не може да привлече во свои редови други народи. Ретко кој би се откажал од се што има, би се обрежал и би почнал да следи строги старозаветни закони, нарочно римјаните. Затоа ги исфрлил сите тие обврски (и покрај кавгите со братот на Исуса и ерусалемските христијани) и ги ослободил од било какви обврски. Создал една вера многу лабава комотна релаксирана, каде не треба многу ни издатоци ни одзема многу време. Нема обврски од принесување на скапи жртви (волови, овци, птици....) нема потреба од пазење на обреди и прописи под закана за тешки дури и смртни казни, значи доволно е само да речеш “Јас го почитувам и признавам бог“ и да добиеш надеж дека ќе живееш вечно воскреснат до Исуса во рајот, па дури му се дава надеж и на злите “Покајте се макар и на секунда пред смртта и се ќе ви се прости “
затоа христијанството доби замав и меѓу богати и меѓу сиромашни, на богатите им го гарантираше богатрството, моќта и власта како нешто дадено од бога кое мора да се почитува, на сиромашните им ветуваше живот вечен без некои маки и труд овоземен тоа да го стекнат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Ме интересира дали ова некој го почитува т.е дали навистина недела го смета за ден за одмор и не прави некој потешки работи ако има за извршување туку му се предава на денот за одмор? Кај нас дома обично се одбиват да се шијат во недела и во празник или некој слични работи, не ми е јасно дали само така рекле старите или стои како уште еден обичај да речам.
Неделата е ден за посета на неделна богослужба.
Неделата е ден за давање помош (материјална, духовна...) на оние на кои им треба помошта.
неделата е ден за богомудрување кај членовите од Црквата.
Неделата е ден за читање верска литература.
Неделата е ден за телесен одмор.

Во недела, тековните потреби за живеење се сведуваат на минимум, особено потешките физички работи. Не е забрането да се работи она кое е потребно за одржување во живот, што не е исто со перењето теписи во неделен ден.

--- надополнето ---

Kултот на сонцето бил древен пагански ритуал кој црквата не можела да го искрени та затоа таа го присвоила како свој. Масовно христијаните покрај тоа што верски ја почитувале саботата, си ја славеле и неделата во чест на богот н асонцето, масовно Христијаните го славеле 25 декември денот на раѓањето на сонцето измешани со паганските маси ширум римското царство. Се до 3ти век нема ни помен од денот на Исусвото раѓање и неговото славење се до 4ти векокога и тѕаа го прогласи 25 декември како ден на раѓањето на Исус. Во 440 година папата Леон пишува “Има меѓу нас такви коишто сметаат дека треба да се слави овој ден (25 декември) не толку поради раѓањето на Христос туку поради излегувањето на новото сонце“..... и потаму опишува “Пред да влезат во базиликата на светиот апостол Петар, тие застануваат на скалите и покорно ја наведнуваат главата во правец на снчевиот диск“ та и денес во христијанските цркви за Исус се каќува како “Сонце на правдината“ “Новото сонце“.
Како што и паганските обичаи и верувања во големата мајка божица, христијанството ја прифатило под свое како обожување на Марија, мајката на Исус.
Да напоменам дека ерусалемските христијани, оние кои Исуса го глеале како човек а не бог, оние кои го виделе и слушнали Исуса што и како зборува, го виделе и следеле и живееле со него, останале верни на јудаизмот. Се клањале и молеле во храмовите, се обрежувале, се воздржувале од месо жртвовано на други богови, на удавени животни, ќивееле во заедници на принцип на заедничка сопственост и имале за водач некој од Исусовата фамилија кои се наследувале еден со друг на тоа место како династија.
Павле имал поинакво видување како треба да биде новата вера, тој знаел дека со такви обичаи закони и прописи не може да привлече во свои редови други народи. Ретко кој би се откажал од се што има, би се обрежал и би почнал да селди строги старозаветни закони, нарочно римјаните. Затоа ги исфрлил сите тие обврски (и покрај кавгите со братот на Исуса и ерусалемските христијани) и ги ослободил од било какви обврски. Создал една вера многу лабава комотна релаксирана, каде не треба многу ни издатоци ни одзема многу време. Нема обврски од принесување на скапи жртви (волови, овци, птици....) нема птреба од пазење на обреди и прописи под закана за тешки дури и смртни казни, значи доволно е само да речеш “Јас го почитувам и признавам бог“ и да добиеш надеж дека ќе живееш вечно воскреснат до Исуса во рајот, па дури му се дава надеж и на злите “Покајте се макар и на секунда пред смртта и се ќе ви се прости “
затоа христијанството доби замав и меѓу богати и меѓу сиромашни, на богатите им го гарантираше богатрството, моќта и власта како нешто дадено од бога кое мора да се почитува, на сиромашните им ветуваше живот вечен без некои маки и труд овоземен.
Е па, како што ми рече еден мој брат во Христа, во муабет, дека за него е поприфатливо паганското практикување на верата од паганите/незнабожците, отколку да прифати модерно толкување на рисјанството. На мое чудење, братот ми подобјасни, па неговито став ми стана појасен, дури и прифатлив. Имено, паганите точно знаат што прават, само што целта-славењето на Бог им е троа извретно. Модерните рисјани пак, како рече братот, ем ќе те (ме) оддалечат од Христа, а за возврат, ќе ти (ми) понудат ништо.

Сето ова кое си го напишал погоре, е само световно толкување на верата, но не и црковно. Световно, оти е толкувано од световни луѓе, кои верата и Црквата ги толкуваат и ги гледаат од надвор, ги гледаат пасивно, со ставови засновани на купишта предрасуди кои световните луѓе ги имаат кон верата и кон Црквата. Да се биде член во Црквата, значи и комплетна промена и разбивање на бетонот (светогледот) во својата глава, а тоа значи и гледање на верата не пасивно, туку со лична активност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Ме интересира дали ова некој го почитува т.е дали навистина недела го смета за ден за одмор и не прави некој потешки работи ако има за извршување туку му се предава на денот за одмор? Кај нас дома обично се одбиват да се шијат во недела и во празник или некој слични работи, не ми е јасно дали само така рекле старите или стои како уште еден обичај да речам.
Нешто повеќе од нефаќање потешка работа...присуство на богослужби во црква (пример вчера имало вечерна богослужба во Св. Петка по повод денешниот ден и славата на самата црква)...заеднички ручек на пример со блиските...ама ретко кој го почитува посебно она за во црква. Обично немаме време преку недела за други обврски-мораме да ги надокнадиме некако па тоа го правиме за викенд...брзодвижечко општество. Додека се завртиме, од лето дојде и НГ.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Сепак во Библијата Бог ни вели да го празнуваме денот Саботен како ден за одмор. Нашите Христијани ги менувале законите како што им одговарало. Ист е примерот и со некои од другите заповеди ( за иконите и идолите). Се заобиколуваат, се изменуваат заповедите а тоа не треба да се прави.

--- надополнето ---

Саботата, како ден за одмор, му е дадена само на Израилот, на старозавените јудеи. Јудеите сеуште се држат до Стариот Завет па затоз ја слават саботата. Во православната Црква, се слави и саботата, но не како ден Божји, туку како сеќавање на старозаветната сабота, како старозаветна пасха/премин.

Во Новиот Завет, кого го живееме, неделата е ден Божји, т.е. саботата како седми ден за одмор, е пренесена на првиот ден од седмицата-неделата.

Не само на Израилот, туку на човештвото. Односно сите оние што го сакаат и веруваат во Господ треба да ги почитуваат сите негови заповеди. За Христијаните не важи само Новиот Завет, тој е продолжение на Стариот.

А бидејќи неделата се смета за прв ден од неделата која е логиката да се одмара на првиот ден. Шест дена работи, а на седмиот, последен ден одмарај.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Нешто овде не ми е јасно...ме интересира како оние вери/секти кои ја празнуваат саботата и истовремено се држат до Законот, Заветот од збор до збор во Стариот Завет...како тие ги разбираат и практикуваат заповедањата и објаснувањата на Бог за жртва сепаленица на пример. Отсекогаш ме збунувале изворните христијани, адвентистите, оние кои го обвинуваат православието за движење во погрешна насока во врска со сиве овие ритуали и заповеди кои ги дал самиот Бог.
Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата:
„Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.
Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа. Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.
Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.
Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови.
Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.
Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.
Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
Ако некој сака да принесе жртва паленица од ситниот добиток - од овците или од козите - нека принесе машко без недостаток.
Нека го заколе пред Господа, на северната страна на жртвеникот. А Ароновите синови, свештениците, нека го испрскаат со крв жртвеникот од сите страни.
Дали дома имаат жртвеници, олтари и ножеви за принесување на жртви сепаленици?
 
T

Tetro

Гостин
Хммм, кој ли ден воскреснал Христос :raz:
Но и тој ден (ако веќе се раководиме според ова) не треба да не се мрда со прст или да не се помогне за да се "прослави".
Има голем број народ што работи во недела...но еве муслиманите и во петок работат. Не сум сигурен, но сметам дека за одредени струки или ако ова се случува не по своја вина...дека ваљда не е грев, но не сум сигурен.
Мики и Калипсо ќе знаат точно :)
Од темите кајшто се активни и сум ги читал, Мики и Калипсо одговараат на многу прашања со некоја шема позната само за нив.
Прашања кои не се во нивната "шема" ги игнорираат, исто како што се случува на поголемиот дел од прашањата кои ќе им ги остави некој кој не е упатен до толку во бизнисот.

ај не лажи!
Висиш на форум цело време, си работел нон стоп...how yes no.
:)
Не бе, не висам. Компјутерот не го гасам, затоа така ти се чини. Инаку има моменти и кога сум отсутен и тоа по повеќе денови. Теренската работа бара одговорност. :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Kултот на сонцето бил древен пагански ритуал кој црквата не можела да го искорени та затоа таа го присвоила како свој. Масовно христијаните покрај тоа што верски ја почитувале саботата, си ја славеле и неделата во чест на богот на сонцето, масовно Христијаните го славеле 25 декември денот на раѓањето на сонцето измешани со паганските маси ширум римското царство. Се до 3ти век нема ни помен од денот на Исусвото раѓање и неговото славење се до 4ти век кога и го прогласија 25 декември како ден на раѓањето на Исус. Во 440 година папата Леон пишува “Има меѓу нас такви коишто сметаат дека треба да се слави овој ден (25 декември) не толку поради раѓањето на Христос туку поради излегувањето на новото сонце“..... и потаму опишува “Пред да влезат во базиликата на светиот апостол Петар, тие застануваат на скалите и покорно ја наведнуваат главата во правец на сончевиот диск“ та и денес во христијанските цркви за Исус се кажува како “Сонце на правдината“ “Новото сонце“.
Како што и паганските обичаи и верувања во големата мајка божица, христијанството ја прифатило под свое како обожување на Марија, мајката на Исус.
Да напоменам дека ерусалемските христијани, оние кои Исуса го гледале како човек а не бог, оние кои го виделе и слушнали Исуса што и како зборува, го виделе и следеле и живееле со него, останале верни на јудаизмот. Се клањале и молеле во храмовите, се обрежувале, се воздржувале од месо жртвовано на други богови, на удавени животни, живееле во заедници на принцип на заедничка сопственост и имале за водач некој од Исусовата фамилија кои се наследувале еден со друг на тоа место како династија.
Павле имал поинакво видување како треба да биде новата вера, тој знаел дека со такви обичаи закони и прописи не може да привлече во свои редови други народи. Ретко кој би се откажал од се што има, би се обрежал и би почнал да следи строги старозаветни закони, нарочно римјаните. Затоа ги исфрлил сите тие обврски (и покрај кавгите со братот на Исуса и ерусалемските христијани) и ги ослободил од било какви обврски. Создал една вера многу лабава комотна релаксирана, каде не треба многу ни издатоци ни одзема многу време. Нема обврски од принесување на скапи жртви (волови, овци, птици....) нема потреба од пазење на обреди и прописи под закана за тешки дури и смртни казни, значи доволно е само да речеш “Јас го почитувам и признавам бог“ и да добиеш надеж дека ќе живееш вечно воскреснат до Исуса во рајот, па дури му се дава надеж и на злите “Покајте се макар и на секунда пред смртта и се ќе ви се прости “
затоа христијанството доби замав и меѓу богати и меѓу сиромашни, на богатите им го гарантираше богатрството, моќта и власта како нешто дадено од бога кое мора да се почитува, на сиромашните им ветуваше живот вечен без некои маки и труд овоземен тоа да го стекнат.
А која е врската на култот на сончевиот диск кој бил првата организирана монотеистичка религија (Акенатон,Мозес,Арон) и која произлегува од Египет,заедно со Мојсеј ?
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
sto mislite koj den e sabotaa peti sesti ili sedmi,koj den bil sabota spored starata hristijanska religija i evrejskata religija ,
toj den vakticki spored starata hristijanska religija i evrejskata toj den e sedmiot den na nedelata a petok e sestiot den na needelata , oddeka nedelata se smeta za prv den vo nedelata zboruvam za starite religii i kulturi, da napomenam spored islamskiot kalendar petok e sestiot den na nedelata ;
1 јаум ал-ахад يوم الأحد (прв ден - недела
2 јаум ал-итнајн يوم الإثنين (втор ден - понеделник
3 јаум атх-тулаатаах يوم الثُّلَاثاء (тред ден - вторник
4 јаум ал-арбиа`aa' يوم الأَرْبِعاء (четврти ден - среда
5јаум ал-кхамис يوم الخَمِيس (петти ден - четврток
6 јаум ал џума يوم الجُمُعَة (соборен ден - петок
7јаум ас-сабт (сабота)

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Уште еден последен офтопик, ветувам :)
Од темите кајшто се активни и сум ги читал, Мики и Калипсо одговараат на многу прашања со некоја шема позната само за нив.
Прашања кои не се во нивната "шема" ги игнорираат, исто како што се случува на поголемиот дел од прашањата кои ќе им ги остави некој кој не е упатен до толку во бизнисот.
Кога ќе видиш двајца форумџии да мора да одговорат на десетици и стотици (со оние изминатите неактивни) атеисти, сатанисти, муслимани, евангелисти, адвентисти, изворни и не знам какви уште не, треба да се има компјутер во мозок за сите овие текстови, книги, цитати, закони, обичаи... да се владеат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398


Не само на Израилот, туку на човештвото. Односно сите оние што го сакаат и веруваат во Господ треба да ги почитуваат сите негови заповеди. За Христијаните не важи само Новиот Завет, тој е продолжение на Стариот.

А бидејќи неделата се смета за прв ден од неделата која е логиката да се одмара на првиот ден. Шест дена работи, а на седмиот, последен ден одмарај.
Мојсеј е старозаветен јудејски патријарх, водач на јудеите а не на филистејците. Мојсеј ги доби Заповедите на две камнени плочи и Заповедите се однесуваа исклучиво на јудеите, а не на било кој пагански народ од тоа време. Ако велиш дека треба да го почитуваме и Стариот Завет, тогаш ќе личиме на денешните јудеи. Ако трба да го почитуваме Стариот Завет, ќе треба и денес да го почитуваме и Мојсеевиот Закон. Ако треба да го почитуваме Стариот Завет, со тоа, го погазуваме Новиот, Христовиот Завет и Неговата крсна смрт.

--- надополнето ---

Од темите кајшто се активни и сум ги читал, Мики и Калипсо одговараат на многу прашања со некоја шема позната само за нив.
Прашања кои не се во нивната "шема" ги игнорираат, исто како што се случува на поголемиот дел од прашањата кои ќе им ги остави некој кој не е упатен до толку во бизнисот.
Посочи кои се тие прашања кои сум ги одбегнал за одговарање. Ако ми е познат одговорот на некое псотавено прашање, давам одговор. Ако немам одговор или не го знам одговорот, не пишувам. Што е тоа кое не се вклопува во шемата? На крајот на краиштата, ако прашањето е погрешно, тогаш треба да дадам погрешен одговор.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Мојсеј е старозаветен јудејски патријарх, водач на јудеите а не на филистејците. Мојсеј ги доби Заповедите на две камнени плочи и Заповедите се однесуваа исклучиво на јудеите, а не на било кој пагански народ од тоа време. Ако велиш дека треба да го почитуваме и Стариот Завет, тогаш ќе личиме на денешните јудеи. Ако трба да го почитуваме Стариот Завет, ќе треба и денес да го почитуваме и Мојсеевиот Закон. Ако треба да го почитуваме Стариот Завет, со тоа, го погазуваме Новиот, Христовиот Завет и Неговата крсна смрт.
Како бре така? Зарем ти го признаваш само Новиот Завет? Тоа не може. Значи по твое 10 Заповеди не вредат за Христијаните? Постанокот на светот не е вистинит бидејќи не е забележан во Новиот Завет? Велиш ако треба да го почитуваме Стариот Завет со тоа го прекршуваме Новиот. Та самиот Исус се држеше до Стариот Завет, и самиот вели дека тој треба да се почитува и дека не треба ништо да се изменува. А Христијанството води корени од Јудејството, така да треба да ги почитува и сите закони од Стариот Завет.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од Стариот Завет, ги наследуваме само 10-те Божји Заповеди, но сега издгинати од Христа Богчовекот не само на телесно ниво, како во Сатриот Завет, туку и на духовно. Никаде не спорев дека Постанокот не важи-важи, и тоа како. Важи и за јудеите но и за абориџините. Но најголемиот дел од Стариот Завет се однесува само на тогашниот одбран народ Божји, а не и на самарјаните или вавилонците.

Тоа што Христос, човекот, ги држеше старозаветните одредби, тоа за Него и беше природно, оти Он Е јудеец, по својата човечка природа. Согласно пророштвата, Христос ги исполни и Законот (Мојсеев) и Пророците. На Тајната вечера, Он го постави Новиот Завет, со што старозаветните одредби престанаа да важат. Денес е на сила Новиот Завет.

Но ако си толку ревносен кон Стариот Завет, посочи, дали ти самиот го почитуваш и како тоа го чиниш?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
На Тајната вечера, Он го постави Новиот Завет, со што старозаветните одредби престанаа да важат. Денес е на сила Новиот Завет.
Грешка. Старозаветните одредби никогаш не престанале да важат. Тие ќе важат се додека постои светот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред, во право си...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom