Sabbath - седмиот ден

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Зарем Sabbath ,денот за одмор ,не е Сабота? Зошто кај христијаните овој свет ден е засменет со Недела? Не ли е најголем грев да се изменуваат, да не се почитуваат Божјите заповеди?
 
Седмиот ден Господ го предвидел за одмор, не шестиот. Што ако се вика Сабат, кај Евреите Сабат е петок колку што знам.
 
Седмиот ден Господ го предвидел за одмор, не шестиот. Што ако се вика Сабат, кај Евреите Сабат е петок колку што знам.
Јом ха шеше е петок, сабота е Сабат а Сабат се слави (како ден на бога) од зајдисонце во петок па до вечерта во Сабота. Значи го фаќа и дел од петок и речиси цела сабота.
 
Јом ха шеше е петок, сабота е Сабат а Сабат се слави (како ден на бога) од зајдисонце во петок па до вечерта во Сабота. Значи го фаќа и дел од петок и речиси цела сабота.

Така некако беше не памтам, одамна бев во Израел и чудно ми беше што од петок до сабота ништо не правеа, масите после јадење не ги креваа, струја не гасеа и го чекаа наредниот ден :)
 
Од заоѓањето на сонцето во петок до зајдисонце сабота. Зимно време почнува порано и завршува порано, а летно подоцна. Пред да почне Сабат се чисти целата куќа и се приготвува вечера за во петок и ручек за саботата. од кога ќе започне Сабатот не смее ништо да се работи, не се користи струја, телевизија не се гледа, телефон не се користи, ножици, пенкала, коли не се возат и тн. вечерата е семејна каде што жената ги пали свеќите и несмее да збори се додека мажот не ја прочита молитвата, главата на жената е покриена со некое везено марамче. Во сабота наутро се оди во синагога на миса. Поздравот на сабат е Шабас шалом.
Што во превод значи мирен сабат.
Зошто за христијаните неделата е седмиот ден посветен на бога, а кај евреите седмиот ден е сабота незнам со сигурност но најверојатно има врска со Воскресението, предпоставка.
 
Така некако беше не памтам, одамна бев во Израел и чудно ми беше што од петок до сабота ништо не правеа, масите после јадење не ги креваа, струја не гасеа и го чекаа наредниот ден :)

Тоа е чиста глупост.
Буквално тумачење на рецепт за торта е погрешно, а да не правиме муабет за религиски доктрини.
 
И христијаните си ја славеа саботата како ден божји али во Римското царство ден за празник и одмор беше Недела (ден на богот на сонцето) така да се прешалтаа во недела за да се вкопат во државните рамки (зборувам за доцен Рим и Константин.
 
А јас што имам за работа секој ден, значи дека сум најголем грешник?
Одмарам само по 5-6 саати на ден максимум. Значи неделно ми се собираат околу 40 саати одмор. :toe:
 
"Ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера и празна ќе беше нашата надеж"
Хммм, кој ли ден воскреснал Христос :raz:
Но и тој ден (ако веќе се раководиме според ова) не треба да не се мрда со прст или да не се помогне за да се "прослави".
И им рече Господ: "Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата."
Свето Евангелие Марко 2, 27-28
А јас што имам за работа секој ден, значи дека сум најголем грешник?
Одмарам само по 5-6 саати на ден максимум. Значи неделно ми се собираат околу 40 саати одмор. :toe:
Има голем број народ што работи во недела...но еве муслиманите и во петок работат. Не сум сигурен, но сметам дека за одредени струки или ако ова се случува не по своја вина...дека ваљда не е грев, но не сум сигурен.
Мики и Калипсо ќе знаат точно :)
 
И христијаните си ја славеа саботата како ден божји али во Римското царство ден за празник и одмор беше Недела (ден на богот на сонцето) така да се прешалтаа во недела за да се вкопат во државните рамки (зборувам за доцен Рим и Константин.

До некаде си во право...
Римските пагани им забележувале на раните рисјани, зашто овие (рисјаниве) го слават денот неделен (Сандеј) денот на Сонцето, кој бил прагански празник! Арно ама, рисјаниве велат дека Христос Е за нив Сонцето, кое ќе биде непотребно во рајските услови на битисување.
 
А јас што имам за работа секој ден, значи дека сум најголем грешник?
Одмарам само по 5-6 саати на ден максимум. Значи неделно ми се собираат околу 40 саати одмор. :toe:
ај не лажи!
Висиш на форум цело време, си работел нон стоп...how yes no.
:)
 
Зарем Sabbath ,денот за одмор ,не е Сабота? Зошто кај христијаните овој свет ден е засменет со Недела? Не ли е најголем грев да се изменуваат, да не се почитуваат Божјите заповеди?

Саботата, како ден за одмор, му е дадена само на Израилот, на старозавените јудеи. Јудеите сеуште се држат до Стариот Завет па затоз ја слават саботата. Во православната Црква, се слави и саботата, но не како ден Божји, туку како сеќавање на старозаветната сабота, како старозаветна пасха/премин.

Во Новиот Завет, кого го живееме, неделата е ден Божји, т.е. саботата како седми ден за одмор, е пренесена на првиот ден од седмицата-неделата.

Кој е ставот Христов кон саботата, види во евангелијата. Колку настани се случиле во денот неделен, ради кои неделата е земена како ден за одмор, пак имаш во евангелијата. Првата генерација од покрстени јудеи во рисјани, сеуште, по инерција, ја славела саботата.
 
Ме интересира дали ова некој го почитува т.е дали навистина недела го смета за ден за одмор и не прави некој потешки работи ако има за извршување туку му се предава на денот за одмор? Кај нас дома обично се одбиват да се шијат во недела и во празник или некој слични работи, не ми е јасно дали само така рекле старите или стои како уште еден обичај да речам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom