Ајде јас ќе се потрудам исцрпно да ти одговорам и да ти ја разрешам дилемата. Најпрво да ти кажам дека ако сакате да отворате бизнис мора сериозно да ја сфатите работата единствено само тие што играат по правилата и што сериозно ја имаат сфатено работата само тие успеваат, јас искрено на бизнисот гледам света работа и единствена работа во која што можеш да се докажеш кој си и што можеш да направиш, најпрво треба да ми кажеш со колку финансиски средства располагате во кој град сте и какво ви е окружувањето односно дали околу вас има интернет кафе или некаква продавница за компјутери, меѓутоа пред да ми ги кажеш одговорите на овие прашање од прилика знам во каква ситуација сте и во основа знам и каква е застапеноста на овие бизниси низ Македонија. Пред да ти кажам што е вистинскиот избор за бизнис прво сакам да посветите внимание и да вложите труд во тоа да сте единствени и иновативни да внесите некоја новост во пазарот и се разбира максимално посветено да работите, сите кои лакомеле за пари во првите 2,3 години пропаднале така да во првите години посветете се на иновациите и на промоцијата а парите и профитот сами ќе си дојдат едноставно бидете претприемачи. Е сега мојот избор од овие два бизниси ќе биде продавница за опрема за компјутери и лаптопи, со самиот наслов на дејноста што ти ја насочив има иновативност односно многу малку се продавници само за опрема за компјутери сите почнуваат така и потоа купуваат по еден или два лаптопи или еден или два персонални компјутери и сакаат бизнис и профит нема шанси да го остварат тоа, затоа што сите одиме да купуваме од големите продавници каде што има поголем избор е сега мислам дека вие немате толку финансиски сретства да отворите продавница од калибарот на АМЦ, КУПИЛАПТОП, НИКО и слични. Затоа ќе се задржите на опрема за компјутери и лаптопи и тоа не обична опрема каква што можеме од секаде да купиме туку опрема која ќе биде необична и која ретко или никогаш ја немаме сретнато на пазарот, тука пред се станува збор за некои интересни мауси тастатури гаџети кои се приклучуваат на усв, светилки, додатоци за лаптопи и за компјутери, интересни усб стикови и слично, се разбира дека ќе набавите и производи кои се стандардни.
Зошто го одбирам баш овој бизнис причината е следна: со малку пари ќе можете да имате голем избор на опрема за компјутери ќе можете да имате разновиден асортиман, и ќе имате нешто што другите го немаат а тоа се несекојдневните производи.
МОЈ СОВЕТ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ БИЛО ШТО ДА РАБОТИТЕ НАПРАВЕТЕ БИЗНИС ПЛАН ЗАДОЛЖИТЕЛНО,
Кога ќе го направите ќе сфатите зошто ви реков да го направите
П.С. За бизнис идеи бараат пари, а јас ви давам бесплатен совет и бесплатна идеја ова само на кајгана на форумот можете да го најдете
За било што понатаму слободно контактирајте ме и кажете ми што направивте и за што се одлучивте ( пред се затоа што максимално поддржувам млади кои сакаат да започнат свој бизнис)
Се надевам дека од кај вас ќе можам да купам вакво мини фрижидерче и пивото да ми биде ладно додека седам на компјутер.