НАСА стави "Охридско Езеро" на Титан

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
На предлог на „Планетариумот“ при МКЦ, Меѓународната астрономска унија и НАСА, решија едно од езерата на сателитот Титан, да биде именувано „Охридско езеро“. Со овој чин, Македонија е една од првите земји во светот, која учествува со свои топоними во именувањето на вселената. Меѓународната астрономска унија (IAU) го воведе принципот на хуманизација, процес на именување и афирмација на културните вредности на народите, како и на природните карактеристики и вредности на државите. Врз основа на овие принципи и постоечки критериуми, одговорните при Планетариумот во Младинскиот културен центар, до Работната група за номенклатура на планетарниот систем, во месец јуни 2010, предложи неколку имиња кои се поврзани со Македонија, културата, традицијата и природните богатства во нашата држава.

Работната група за номенклатура на планетарниот систем објави дека е прифатен предлогот едно од езерата на површината на сателитот Титан, да биде именувано како ОХРИДСКО ЕЗЕРО. Инаку, Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствен сателит во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се открија езера и мориња од течен метан и етан за кои денес тече процедурата за нивно именување. Охридското езеро на Титан има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина.

Со испраќањето на вселенски бродови кон планетите и сателитите на Сончевиот планетарен систем се добија детални информации за изгледот на површината и нивните физички карактеристики. Со тоа, се наметна потребата од изработка на детални мапи на површините на телата, како и именување на кратерите, планините, долините, езерата, морињата.

Извор: Точка

Секоја чест!
 
Ќе се налутат вонземјаните, после ќе имаме и со нив спор за името :pos2:


И ќе речат дека Цар Самоил е нивни :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
 
Вистинскиот скопјанец ке најде начин како да го измоча.
 
Потона брод во Охридското езеро, загинаа 15 Вонземјани - :pos:
 
Ај да видиме сеа дали бугарон пак ке тепа на маратонот...
 
Кој знае какви цени ќе налупаат сеа “тамошните охриѓани“ за летната сезона што ќе дојди...
 
Баш ме интересира каква ќе биде охридската пастрмка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom