V
Viktor g
Гостин
Тоа е точно дека постојат исклучоци но ако добиеш да кажеме 5 -10 корпи во една дискотека која ти е мотивацијата да продолжиш и да го бараш исклучокот? Зошто девојката да не го направи првот чекор или бар мал знак дека е заинтересирана за тебеЗначи од неколку поста главен заклучок е дека жените се актерки невидени, едвај чекаат да ви бапнат корпа, а нема врска што се сами и чекаат светлосни години за некој да им пријде. Очигледно сечие искуство е приказна само по себе, така да кога станува збор за запознај се во кафиќ или дискотека приказните кои ги знам се бројат на ситно. Има и причина за тоа која искрено ја разбирам. Ви пристапува комплетен странец за кој не знаете ни дали името точно го кажал, а да се разбереме јас стојам на ставот кој само си се потврдува со секој изминат ден во ова Скопје дека луѓето се тачки без разлика на пол и не знаеш што да очекуваш од нив. Нормалните луѓе денес се на цена, ретки се и се вистинско откритие што е смешно. Се деформиравме целосно.
Цела тема е посветена на тоа како жените се дрски при прв пристап, па нормално дека ќе имате и такви реакции, секакви жени има, ама да ставите минус на цел женски пол зашто некоја си ви ставила двојка при прв пристап е трагично, сам себе го убијал работава.
И пак ќе кажам, Скопје и не е така голем град, луѓето се тие, а башка ретко ги менуваат навиките, ако излегуваат на едно место не се мрдаат на друго, е сега кога веќе знаете кој оди таму си знаете со кого си фаќате работа отприлика. Гледате како одма знаете во кој кафиќ кој излегува и што може да се очекува.
Кралиците на ноќниот живот во Скопје ви се лоша услуга за егото. Знаете што ве чека.
И ако смеам да додадам нешто што за жал морам да го признаам макар што сум женско, не давајте жена да почувствува очај или барем само мал трепет во пристапот, е тука имате шанса да видите змија на дело и ќе ве мота како сака во мнозинството случаи. Јас се надевам дека нема да го стрефите баш тој тип.