Како ви се допаѓа инфлацијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Види, ние како земја сме водечки по бројот на Нострадамуси кои што предвидоа хипер-инфлација во последниве 10-тина години. Мислам дека во Гинис треба да не стават. Али знаеш како иде тоа: кучињата си лаат, караванот си тера. Ти како искусен предвидувач на економските појави слободно чувај си ги своите заштеди во девизно орочени депозити(еуро) и земај си камата од 4 до 5%, а ја ке си продолжам да ги чувам во денарско орочени депозите и ке си земам камата од 8 до 10%. Ке се зачудиш колку повеќе се збогатиле оние кои ги чувале парите во денари во последните 15-тина години. Ама ако, ми се допаѓа што постојат плашила кои ги одвраќаат граѓаните да си ги чуваат парите во денари. Токму таквите плашила се една од причинати за каматата на денарите да е толку висока. :)

Има и друга варијанта...
Курсот на еврото да го оддржуваат како и до сега,а каматните стапки...ете за денари нека се и повисоки...или исти...
И за литар бензин да се плаќа 200 денари а за леб 50-60 денари...
Е тогаш и тие со евра и со тие со денари...ќе го јадат...освен оние со други валути,настрана од венчаниот пар евро-денар...
Како што сме енергетски независни дури и делумно и за храна зависиме...убавини...
Секако енергенсите не поскапеа последниве 10 години...ни тураат марихуана во сокчето...:vozbud:
 
Апсолутно си во право за една економија колку толку да ја "припитоми" стапката на инфлација(канцер на економијата ја нарекуваат)
Грешно си сфатил дека инфлацијата е канцер на економијата.
Секоја Светска Економија има инфлација од 2 до 5 проценти на годишно ниво и тоа е неопходно за раст на економијата.

Канцер е во случај на трицифрена, четирицифрена стапка на инфлација. Дури и двоцифрена стапка на инфлација на краток рок може да биде и добро за една економија и не е алармантно.
Проблемот кај нас е што според очекувањата на владата, 2% раст на економијата, од кои сигурен сум дека најмногу овој раст се остварува поради Спомениците и другите трошења на владата. Во ситуација без странски инвестиции, домашните фирми слабо инвестираат, а домаќинствата слабо трошат, единствен што се гледа и слуша на вести дека троши е Државата. Ова задолжување може еден ден да ни се врати како на Грциве, ама да се надеваме дека нема да дојдеме до тоа дереџе.
 
Тоа е увезена инфлација, поради растот на цената на енергенсите и храната на Светскиот пазар. Ништо алармантно...

--- надополнето ---

Интересно е која е улогата на вечниот трговски дефицит и кој се крсти во него,за да опстане системов каков што е,а кој што го имаме 19 години...сега колку дојде накај милијарда долари ако и повеќе...

Нема инфлација и не се штанцаат пари?
Колку била паричната маса еве...средина на деведесетите кога фабриките работеа и сеуште имаше некоја реална економија,а не префрлање од шупливо во празно?
Кога беа 50.000+ а не 200.000 на платен список?
Значи имаме бдп на ниво од пред 25 години а за исто време зголемување на паричната маса..за колку пати (најмалку 3 а можеби и 4,5 пати).

Паричната маса е зголемена тројно а бдп-то не може да дојде на ниво на 1990!?

И нема инфлација...хехеххе....цените се наголемени тројно како што се и парите во оптек во последниве 13-14 години...
А финални производи се паразити на државна цицка кои прават најголем обрт на средства т.е реална економија има малку...
Денарот паѓа во однос на сите можни валути освен еврото со кое е врзан на политичка основа како дел од државната монетарна политика а во реалноста...подобро да не знаеме која му е вредноста...:nesvest:

За статистиките со потрошувачка кошница...веројатно биле правени према правилниците за хранење и облекување логораши во Треблинка, соодветно хигиенските услови (према кошницата доволно е да се нема тифус...) и социјален живот кој исто така према таа статистика добиена од нашите ценети економисти кореспондира со логорскиот...
Дефинитивно не слегле од вселенскиот брод “HMS Government payroll“ и не ја посетиле планетава сосе Македонија затоа имаме извештаи дека на 4-члено семејство му биле доволни 600 грама кашкавал месечно и дека немало инфлација при зголемување на паричната маса за 3-4 пати,вештачко и грчевито држење на курсот на еврото при скокање на сите валути за 10-15 денари во период од 1-2 години и дека цените шо ги гледаме дека растат постојано е резултат на некоја мистериозна,непозната сила...

Хиперинфлација is coming?
Имаме покритие за дефицитот, дури и се откупува повеќе девизи на менувачкиот пазар, отколку што се продава, а извор се нашите иселеници и привремено вработени во странство, т.е. девизните резерви растат.
Но вака не можеме бесконечно, иако мислам дека трговскиот дефицит е нешто помал оваа во однос на предходната година. Проблем е реалниот сектор, немање странски инвестиции... Поради неликвидноста на стопанството банките се позаинтересирани за пониски камати да купуваат записи од НБРМ и владата.
Процентот на лоши пласмани на банките исто така расте и од она малку што го пласираат во стопанството, така да за нив единствен излез е да ги пласираат во записи. Инаку може да заглават.

Денарот е врзан за еврото и сега расте во однос на доларот.
 
Проблемот кај нас е што според очекувањата на владата, 2% раст на економијата, од кои сигурен сум дека најмногу овој раст се остварува поради Спомениците и другите трошења на владата. Во ситуација без странски инвестиции, домашните фирми слабо инвестираат, а домаќинствата слабо трошат, единствен што се гледа и слуша на вести дека троши е Државата. Ова задолжување може еден ден да ни се врати како на Грциве, ама да се надеваме дека нема да дојдеме до тоа дереџе.
У ствари според очекувањата на НБРМ, ова се нејзини проекции. Не знам владата дали ги има истите проекции, најверојатно ќе ги ускладат.
Уште да не троши државниот апарат, ќе влеземе у минус со трошење...нема пари во банките, нема пари кај народот...се е под контрола :)
Наместо да ги држи каматите високи, нашата држава може малку и да попушти -јапонците сега имаат камата нула
Јапонија:Каматите на нула

Токио Јапонската централна банка ја намали основната каматна стапка практично на нула и објави дека ќе издвои 60 милијарди долари за купување на државни обврзници и други добра во напорите да го поттикне економското заздравување на земјата. Новата каматна стапка изнесува од нула до 0.1 отсто.
Ама тогаш ќе скокнат цени, ќе скокне инфлација колку што гледам...ќе отидеме јабана ако не ги држат уздите на овој начин.
 
У ствари според очекувањата на НБРМ, ова се нејзини проекции. Не знам владата дали ги има истите проекции, најверојатно ќе ги ускладат.
Уште да не троши државниот апарат, ќе влеземе у минус со трошење...нема пари во банките, нема пари кај народот...се е под контрола :)
Наместо да ги држи каматите високи, нашата држава може малку и да попушти -јапонците сега имаат камата нула
Јапонија:Каматите на нула

Ама тогаш ќе скокнат цени, ќе скокне инфлација колку што гледам...ќе отидеме јабана ако не ги држат уздите на овој начин.
Кај нас камата=0 никогаш :)

Инаку на вести кажаа дека Владата ја очекува таа стапка на раст.

Исто така, нема шанси да се намалат одеднаш каматните стапки, Народната Банка иде на сигурно. Ако ти текнува, кога излеговме од рецесија владата одма искочи со вест дека Македонија успешно се справила со кризата, за да веќе во наредниот квартал забележиме негативна стапка на раст. Владата од една страна ја "моли" НБРМ да ја намали к.с. а од друга страна не и помага во тоа.
 
Интересно е која е улогата на вечниот трговски дефицит и кој се крсти во него,за да опстане системов каков што е,а кој што го имаме 19 години...сега колку дојде накај милијарда долари ако и повеќе...

Нема инфлација и не се штанцаат пари?
Колку била паричната маса еве...средина на деведесетите кога фабриките работеа и сеуште имаше некоја реална економија,а не префрлање од шупливо во празно?
Кога беа 50.000+ а не 200.000 на платен список?
Значи имаме бдп на ниво од пред 25 години а за исто време зголемување на паричната маса..за колку пати (најмалку 3 а можеби и 4,5 пати).

Паричната маса е зголемена тројно а бдп-то не може да дојде на ниво на 1990!?

Хиперинфлација is coming?

Ќе бидам краток ако БДП во 90-ста бил 100 денеска е на некои 60-65% и знаеме нема ништо ново башка државата е најголем работодавец-катаклизмично е да имаш поволна географска положба хидро потенцијал земјиште а пак да бидеме веќе земја како АФРИКА!!!

П.С не верувам дека ќе има хиперинфлација ама галопирачка е можна.

--- надополнето ---

Кај нас камата=0 никогаш :)

Инаку на вести кажаа дека Владата ја очекува таа стапка на раст.

А ќе ја извадат реалната инфлација од БДП или само 1.5%???

бидејќи реалната не е под 5% т.е немаме раст тапкаме во место додека терминот проект се наметна како и терминот ИНВЕСТИЦИЈА кога се прават споменици,лавој,шмизли па над 100 милиони евра се фрлија за ацета уште 40...бог да чува а здравството е уништено,образованието слично и секако ЛОБОТОМИЈАТА ПРОДОЛЖУВА:vozbud:

--- надополнето ---


Луртз причината за тоа е фактот што јапонија не само што има резерви туку јапонија има проблем-нејзината економија е зависна воглавно од ИЗВОЗ а и е извозно ориентирана што значи домашната потрошувачка е мала...ептен-сега целта е да се зголеми и домашната потрошувачка-па и Кина ја стаса јапонија:)

--- надополнето ---

Грешно си сфатил дека инфлацијата е канцер на економијата.
Секоја Светска Економија има инфлација од 2 до 5 проценти на годишно ниво и тоа е неопходно за раст на економијата.

Канцер е во случај на трицифрена, четирицифрена стапка на инфлација. Дури и двоцифрена стапка на инфлација на краток рок може да биде и добро за една економија и не е алармантно.
Проблемот кај нас е што според очекувањата на владата, 2% раст на економијата, од кои сигурен сум дека најмногу овој раст се остварува поради Спомениците и другите трошења на владата. Во ситуација без странски инвестиции, домашните фирми слабо инвестираат, а домаќинствата слабо трошат, единствен што се гледа и слуша на вести дека троши е Државата. Ова задолжување може еден ден да ни се врати како на Грциве, ама да се надеваме дека нема да дојдеме до тоа дереџе.

Добро во економската литература се користи тој термин инаку знам дека како што кризите се иманентни исто така е и со инфлацијата а државата...ма што троши изврши премногу вработувања,партизација на важни сфери и немаше инвестиции па бог да чува БИК инвестиција ли е???

Инаку ввладата моментално применува кејнзијанска политика но не ја применува добро,имено подобро ќе беше пола милијарда да се троши за патишта,за железница па за коридор 8 и се разбира неколку хидроцентрали ама....
 
Луртз причината за тоа е фактот што јапонија не само што има резерви туку јапонија има проблем-нејзината економија е зависна воглавно од ИЗВОЗ а и е извозно ориентирана што значи домашната потрошувачка е мала...ептен-сега целта е да се зголеми и домашната потрошувачка-па и Кина ја стаса јапонија:)
Па и кај нас е исто (во однос на зависноста), тука некаде...само обратно -увоз :)
 
Ебате бројлерите, ко у "Серник" тоа инкубаторите да ве растат.
 
05-10-10 17:37

Дали има можност се распише петиција Роберт Мугабе да дојде на место гувернер на НБРМ по заминувањето на Гошев...чоекот има богато искуство со инфлацијата,знае,умее,го бидувааааааа....:vozbud:
Штета шо нема државјанство...ама и за тоа има чаре...

02 декември 2010

Груевски во Триполи се сретна со Мугабе

:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom