САД, Велика Британија и Турција бараат единствена Босна и независно Косово

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Државниот секретар на САД Хилари Клинтон при посетата на Балканот идниот месец, ќе порача дека БиХ мора да остане единствена држава, а раководството на Србија ќе го охрабри да почне разговори со Приштина и да го признае независно Косово, оцени Стивен Мејер, од Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон.

Американскиот експерт наведува дека Клинтон ќе им порача на босанските лидери, а особено на оние од Република Српска (РС), дека БиХ мора да остане единствена држава и дека треба да се интегрира во НАТО и во ЕУ. Мејер потенцира дека таа сигурно ќе му честита на претседателот на Србија на одлуката фундаментално да ја промени резолуцијата на Србија во ОН, со што попушти под притисокот на ЕУ и на САД.

- Таа ќе го поттикне Тадиќ да го преземе следниот чекор - да ги одржи разговорите со Приштина и на крајот да ја признае независноста на Косово, бидејќи тоа ќе и' помогне на Србија побрзо да се приближи кон НАТО и ЕУ - истакна Мејер.

Мејер смета дека најважно за раководствата на БиХ и на Србија ќе биде јасната порака дека политиката на САД не се променила, без оглед на променетите околности на Балканот.

Министрите за надворешни работи на Турција и Британија Ахмет Давутоглу и Вилијам Хејг нагласија дека претстојните избори во БиХ се клучни за иднината на земјата и апелираа граѓаните да изберат одговорни политичари кои сами ќе ги решаваат проблемите на земјата.

- Крајно време е политичките лидери во БиХ да ја затворат книгата од минатото и со компромиси да најдат решение на прашањата од државен интерес. На Босна по изборите и треба одлучност, компромис и лидерство - апелираат министрите.

--- надополнето ---

Клинтон најави посета во октомври на Србија и Косово


Американската државна секретарка Хилари Клинтон во средата (29-ти септември) рече дека ќе ги посети Србија и Косово следниот месец и изрази надеж дека престојните разговори меѓу Белград и Приштина ќе бидат плодни.
Во коментарот за време на заедничкото појавување со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, во Вашингтон, Клинтон изјави за новинарите дека ќе отпатува за регионот „за околу десет дена“ во обид да го олесни помирувањето меѓу двете балкански држави.
„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Белград и Приштина и можноста не само да разговарам со водачите, туку и со граѓаните“, рече Клинтон. „Бидејќи е важно да ја задржиме целта на таа иднина во главите на Србите и на Косоварите, бидејќи има тешки прашања што тие ќе мора да ги разрешат.“
Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН усвои резолуција во која бара од Белград и Приштина да се вклучат во дијалог кој ќе има за цел унапредување на соработката, олеснување на напредокот на двете земји на патот кон интеграцијата во ЕУ и подобрување на животите на своите граѓани.
По усвојувањето на документот, Ештон имаше одделна средба со српскиот претседател Борис Тадиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, на која разговараше околу можната агенда на разговорите, кои ќе бидат посредувани од ЕУ.
Новите преговори се очекува да се фокусираат на широк спектар практични прашања, од заштитата на културните и историските места до соработката во областите како што се царината, трговијата и економијата, транспортот, телекомуникациите, пограничната безбедност и борбата против организираниот криминал.
За време на дебатата во саботата на 65-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк, Тадиќ рече дека земјата е подготвена за разговори, кои ќе започнат „наскоро“. Но, тој исто така ги повика членките на светската организација кои сé уште не го признале Косово да се воздржат од признавање во текот на следните преговори.
Седумдесет држави, вклучително и Соединетите Држави и 22 од сите 27 држави во ЕУ, го признаа Косово од неговото прогласување независност од Србија во февруари 2008 година. Белград вети дека никогаш нема да го следи примерот на овие држави. Во деновите по усвојувањето на резолуцијата на ОН овој месец, некои српски официјални претставници и политичарии инсистираа на тоа дека прашањето на косовскиот статус треба да се вклучи во престојните разговори.
Приштина и западните дипломати ја отфрлија оваа опција.
Соединетите Држави, се разбира, го поддржуваат Косово како независна држави и ние веруваме дека дијалогот нема да значи повторување на прашањето за статусот на Косово“, српските медиуми го цитираа соопштението на Американската амбасада во Белград оваа недела. Главен приоритет за двете страни е најпрво да се најдат решенија за „клучните“ прашања во областите на снабдувањето со енергија, телекомуникациите и движењето на луѓето, стоките и услугите, рече водачот на српската Либерал-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во средата. Прашањето за статусот на Косово треба да се дискутира кога ќе стане остварливо и реално, белградската Б92 ја цитираше неговата изјава.
Вашингтон останува посветен на помагањето на сите западнобалкански држави да ги остварат своите цели на евроатланска интеграција и е подготвен да го олесни помирувањето меѓу Србија и Косово, рече Клинтон во средата.
„ЕУ и Соединетите Држави се подготвени да помогнат и да олеснат, да ги поддржат и убедат страните да ги постигнат овие договори меѓу себе“, рече таа по разговорите со Ештон. „Но, во крајна линија, водачите и народот се тие што треба ... да донесат одлука за својата иднина.“

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2010/09/30/feature-01
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
site se zalagaat da vlezat vo vozot (NATO) a za makedonija nikoj ne se zalaga koj ja ferma
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
САД, Велика Британија и Турција бараат единствена Босна и независно Косово


Pa i taka treba da bide,zaradi stabilnosta i mirot na balkanot...
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Славјански ке браат еден ден и Курдистан,само нека се сврти Турција на друга страна.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
САД,Велика Британија,Турција и Израел, овие четри држави се една клапа,,,,каде што ги убиваат цивилите без никаква причина,ево например израелците со палестинците, турците со курдите, американците и британците со Авганистанците итн, овие држави се крвопијци, овие земји и да се зачачкат мегу себе, пак се заедни...
А ЕУ ке се распадне, и тоа САД има да ги растури,преку Велика Британија и Турција...
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Како и да е Македонија треба веќе бистро да размислува за кој блок ќе биде.
Гледам во историја сите земји што биле „блоковски“ и од победничка и од губитничка страна, сите и денес се големи/колку толку јаки држави. (барем појаки од нас).
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
САД,Велика Британија,Турција и Израел, овие четри држави се една клапа,,,,каде што ги убиваат цивилите без никаква причина,ево например израелците со палестинците, турците со курдите, американците и британците со Авганистанците итн, овие држави се крвопијци, овие земји и да се зачачкат мегу себе, пак се заедни...
А ЕУ ке се распадне, и тоа САД има да ги растури,преку Велика Британија и Турција...

Cekaj be cekaj, bez ironija, ako se napadne Makedonija od nekoi teroristicki grupi, ti kako ke reagiras????
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Независно Косово, Единствена Босна и Независен Санџак, поширока автономија за Прешево и Бујановац. Е Слобо Слобо на што стока остави држава.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Независно Косово, Единствена Босна и Независен Санџак, поширока автономија за Прешево и Бујановац. Е Слобо Слобо на што стока остави држава.
Грешката е многу пред слобо.
Во нашиот код, да веруваш на латините, на своите очи да им вадиш.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Уште старите римјани го имале како еден од најважните правни институти ,институтот дека договорите мора да се почитуваат(пакта сунт серванта) како основен услов за стабилноста и мирот.Тој институт и денеска теоретски е најважен во меѓународното право но тоа во последниве 20 години сесрдно го кршат САД и нивните сателити и тоа на таков арогантен начин што во се потсетуваат на Хитлерова Германија.Со уставот на Југославија беше определено кои се основачите на југословенската федерација и кои можат да се одвојат од нејзе.Тоа беше потврдено и со Бадинтеровата комисија и потоа со серија меѓународни конференции.Косово во ниеден случај нема никакво легално право да се одвои,тоа го пишува и во 1244 резолуцијата(а прочитајте ги и изјавите на американските преставници за тоа под чив суверенитет е Косово веднаш по војната).Но американската ароганција отиде дотаму што решија на нивните пријатели да им дадат туѓа земја и со тоа да им пратат порака на сите кои нема да им клекнат пред нозе дека тоа истото ќе ги снајде и нив ако се обидат да им се спротистават .Но и покрај сево ова сепак мислам дека најмногу на сите нас не боли тоа што сега го прават а тоа е правењето од нас идиоти со нивните арогантни објаснувања дека тоа што го јнаправиле е исправно а не е насилно,ограбувачки,фашистички.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Секоја деформација на крајот избива со пукање на материјалот.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Pa neli vo 1999 OVK bese teroristicka organizacija proglasena od doticnata Klinton?

Tuku ne ziveeme poke vo 1999, tuku vo 2010, se e mozno sega.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Независно Косово, Единствена Босна и Независен Санџак, поширока автономија за Прешево и Бујановац. Е Слобо Слобо на што стока остави држава.
Малку ако се подразмислиш ќе видиш дека баш Слобо е крив што тоа што го наброја се случува.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Уште старите римјани го имале како еден од најважните правни институти ,институтот дека договорите мора да се почитуваат(пакта сунт серванта) како основен услов за стабилноста и мирот.Тој институт и денеска теоретски е најважен во меѓународното право но тоа во последниве 20 години сесрдно го кршат САД и нивните сателити и тоа на таков арогантен начин што во се потсетуваат на Хитлерова Германија.Со уставот на Југославија беше определено кои се основачите на југословенската федерација и кои можат да се одвојат од нејзе.Тоа беше потврдено и со Бадинтеровата комисија и потоа со серија меѓународни конференции.Косово во ниеден случај нема никакво легално право да се одвои,тоа го пишува и во 1244 резолуцијата(а прочитајте ги и изјавите на американските преставници за тоа под чив суверенитет е Косово веднаш по војната).Но американската ароганција отиде дотаму што решија на нивните пријатели да им дадат туѓа земја и со тоа да им пратат порака на сите кои нема да им клекнат пред нозе дека тоа истото ќе ги снајде и нив ако се обидат да им се спротистават .Но и покрај сево ова сепак мислам дека најмногу на сите нас не боли тоа што сега го прават а тоа е правењето од нас идиоти со нивните арогантни објаснувања дека тоа што го јнаправиле е исправно а не е насилно,ограбувачки,фашистички.
Па србулињата први почнале да го газат тој принцип и непочитуваат ттој закон. Пратиле тенкови тешка артилерија авијација флоти борбени бродови ракети и до заби вооружена војска и парамилиции да масакрираа пали и разурнува низ Словенија, Босна, Хрватска кои по тоа исто право сакале да се отцепат, па после им текнало дека “то било древно право и закон кој ете сега ко дошло јајце на г... морало да се почитува“ Ко не им текна дека постои таков закон и право ко стрелаа по Вуковар, Сребреница, ко гранатирале и убивале со снајпери старци и деца низ сарајево?
Тие самите се откажале од тоа право у нема повеќе шо да се повикуваат на него, ни во случај на Косово ни за медвеѓа прешево бујановац, ни за санџак ни за војводина ни за шумадија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom