САД, Велика Британија и Турција бараат единствена Босна и независно Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Единствена Босна би било тешко да се оствари, бидејќи Република Српска е многу патритоски настроена и има намери во блиска иднина да се припои кон Србија , а Косово Србите и со признавање и не признавање веќе си го изгубија, така да само со војна можат да си го вратат што би предизвикало нови немири и крвопролевања на Балканов.

Патриотизмот и национализмот отвараат нови војни кој во овој момент никој на Балканот не ѓи посакува. Припојувањето на Босна кон Србија во овој момент не е возможно. За 10-15 години Босна ќе заврши исто како Косово и неговиот Северен дел. Босанското прашање кое иако вистински не е отворено веќе е запечатено во наредните десетина години. Косово е се уште нерешено прашање и проблем за Балканот. Северниот дел е вистински и реален проблем како за Косово така и за Србија.
 
Кога успееа од 0 Грци да направат Грција со 300% Грци дури до антика, притоа да исчистат се што им се најде на пат македонско, тогаш што е проблем за било каква држава, дали е Санџак, западна Македонија, Косово.
Кај нас немаше Милошевич па маме ни ебаа, Македонија на долго и на широко е 10 пати палена и масакрирана.
Оти ?
 
АМЕРИКАНСКИОТ АНАЛИТИЧАР БРУС ЏЕКСОН ЗА ПОСЕТАТА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН

среда, 13 октомври 2010


ЕУ неспособна, САД се враќа на Балканот



ЕУ практично ништо повеќе нема направено во регионот од ангажирањето на Американците во БиХ во 1994 и во Косово во 1999 година, како и по сите досегашни американски ангажмани за стабилизација на Балканот. Освен тоа, Грција и натаму ја блокира Македонија, додека Хрватска се уште чека на влезот во ЕУ, забележува Џексон, објаснувајќи дека Клинтон е незадоволна со темпото на интеграцијата на овој регион во Унијата

0341C75D7DCFED4BBFB8F058F6362A9A.jpg
Посетата на државниот секретар на САД Хилари Клинтон на Балканот е своевидна критика упатена на сметка на Европската унија за она што таа досега го нема направено, смета Брус Џексон, американски аналитичар и член на Советот за надворешна политика.
Во интервју за Би-Би-Си, Џексон вели дека ЕУ практично ништо повеќе нема направено во регионот, од ангажирањето на Американците во Босна и Херцеговина во 1994 и во Косово во 1999 година, како и по сите досегашни американски ангажмани за стабилизација на Балканот.
- Освен тоа, Грција и натаму ја блокира Македонија, додека Хрватска се уште чека на влезот во ЕУ, забележува американскиот аналитичар, објаснувајќи дека Клинтон е незадоволна со темпото на интеграцијата на овој регион во Унијата.
Според Џексон посетата на американскиот државен секретар во Сараево, Белград и Приштина претставува враќање на САД на Балканот и обид за завршување на незавршената работа, по запоставувањето на регионот од претходната администрација на претседателот Џорџ Буш. Џексон открива дека Клинтон веќе има обезбедно поддршка од демократите и од републиканците за американско ангажирање во овој европски регион, што по неговото мислење беше суспендирано изминатите осум години.
Меѓутоа, балканската турнеја на Клинтон не значи и ревизија на позицијата на официјален Вашингтон околу независноста на Косово, забележува Џексон, инсистирајќи на тоа дека не може да има нови албанско-српски преговори за косовскиот статус. Џексон ја отфрла и можноста САД да прифатат нова промена на границите на Балканот, како што за тоа повремено се разговара во Европа.
- Само ако претседателот Барак Обама сака да биде сменет може да прифати нови граници на Балканот или во Југоисточна Европа, забележува Џексон, приговарајќи и на ЕУ што не може да извлече поука од европските трагедии, во кои беа вовлекувани и Американците. Тој посочува на склоноста на Европа за менување на границите, "по што се повикуваат САД за да го чуваат пеколот што го има направено".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8C1D9296327BE547A19EB52D470391F9
 
Подржувам независно Косово и единствена Босна, треба целиов регион да се интегрира да се цивилизира и конечно да профунционира за доброто на сите кои живеат на Балканов...


Istotaka podrzuvaat golema Albanija do Rusija :drk::tapp:

--- надополнето ---

a tebe so ti e gajle za Kosovo i Bosna?

А тебе шо ти е гајле, зошто него му е гајле за Косово и Босна!? размисли малку, колку глупаво ти е прашањето, човекот си дава свој коментар на темата, и не ми е гајле не ме цитирај, ова само за да ти доловам колку ти е заникаде прашањето..:smir:
 
Интересна е изјавата на Борис Тадич дадена во присусство на Хилари Клинтон дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Хилари во Косово беше пречекана со високи почести од страна на Државата и народот кој никогаш нема да заборави што направи Клинтон за Албанскиот народ на Косово упатувајќи јасна порака дека Косово останува независно,интересно е што не го спомнува Северниот дел на Косово како дел од независната држава. Хилари од Србија упати јасна порака дека ја сака Србија во ЕУ и дека најповеќе се трудела во доближувањето кон ЕУ,незнам дали мислеше на изменетата резолуција од страна на Србија,која се однесуваше за невисноста на Косово или Србија забрзано и успешно ѓи исполнува рефеормите. Босна останува цела . Значи да Америка е вклучена во проблемот помеѓу Србија и Косово,се интересира за Босна да остане во овие граници,ЕУ се договори со Хрватска и Словенија. Каде е Македонија ? И зошто Америка не заземе јасен став околу нашиот проблем ?
 
Интересна е изјавата на Борис Тадич дадена во присусство на Хилари Клинтон дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Хилари во Косово беше пречекана со високи почести од страна на Државата и народот кој никогаш нема да заборави што направи Клинтон за Албанскиот народ на Косово упатувајќи јасна порака дека Косово останува независно,интересно е што не го спомнува Северниот дел на Косово како дел од независната држава. Хилари од Србија упати јасна порака дека ја сака Србија во ЕУ и дека најповеќе се трудела во доближувањето кон ЕУ,незнам дали мислеше на изменетата резолуција од страна на Србија,која се однесуваше за невисноста на Косово или Србија забрзано и успешно ѓи исполнува рефеормите. Босна останува цела . Значи да Америка е вклучена во проблемот помеѓу Србија и Косово,се интересира за Босна да остане во овие граници,ЕУ се договори со Хрватска и Словенија. Каде е Македонија ? И зошто Америка не заземе јасен став околу нашиот проблем ?
Мира на Босна во голема степен е зависен от Србиja. Косово си е свршена работа,поне докато американците са внатре. После-един господ знае... РМ-не е ни приоритет ни на САД,ни приоритет на ЕУ. РМ изпушти можност при администрациjaта на Буш(когато САД призна РМ под уставното име) да реше проблемите.
Според мен пакета е готов - Ср,Рм и евентуално Албаниja,като Србиja скоро ке получи статут на кандидатка(до краja на годината може),а предпоставувам и Албаниja догодина.Но и не изклучувам можност да се пропусни и този воз.Мора да признаеме дека политическите маневри са ком своja краj. След това има само 2 изхода. Хрватска ке приврши преговорните глави и ке почне процес на ратификациja по националните парламенти на неjниja договор,за да може во 2012 да е во униjaта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom