- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Државниот секретар на САД Хилари Клинтон при посетата на Балканот идниот месец, ќе порача дека БиХ мора да остане единствена држава, а раководството на Србија ќе го охрабри да почне разговори со Приштина и да го признае независно Косово, оцени Стивен Мејер, од Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон.
Американскиот експерт наведува дека Клинтон ќе им порача на босанските лидери, а особено на оние од Република Српска (РС), дека БиХ мора да остане единствена држава и дека треба да се интегрира во НАТО и во ЕУ. Мејер потенцира дека таа сигурно ќе му честита на претседателот на Србија на одлуката фундаментално да ја промени резолуцијата на Србија во ОН, со што попушти под притисокот на ЕУ и на САД.
- Таа ќе го поттикне Тадиќ да го преземе следниот чекор - да ги одржи разговорите со Приштина и на крајот да ја признае независноста на Косово, бидејќи тоа ќе и' помогне на Србија побрзо да се приближи кон НАТО и ЕУ - истакна Мејер.
Мејер смета дека најважно за раководствата на БиХ и на Србија ќе биде јасната порака дека политиката на САД не се променила, без оглед на променетите околности на Балканот.
Министрите за надворешни работи на Турција и Британија Ахмет Давутоглу и Вилијам Хејг нагласија дека претстојните избори во БиХ се клучни за иднината на земјата и апелираа граѓаните да изберат одговорни политичари кои сами ќе ги решаваат проблемите на земјата.
- Крајно време е политичките лидери во БиХ да ја затворат книгата од минатото и со компромиси да најдат решение на прашањата од државен интерес. На Босна по изборите и треба одлучност, компромис и лидерство - апелираат министрите.
--- надополнето ---
Клинтон најави посета во октомври на Србија и Косово
Американската државна секретарка Хилари Клинтон во средата (29-ти септември) рече дека ќе ги посети Србија и Косово следниот месец и изрази надеж дека престојните разговори меѓу Белград и Приштина ќе бидат плодни.
Во коментарот за време на заедничкото појавување со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, во Вашингтон, Клинтон изјави за новинарите дека ќе отпатува за регионот „за околу десет дена“ во обид да го олесни помирувањето меѓу двете балкански држави.
„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Белград и Приштина и можноста не само да разговарам со водачите, туку и со граѓаните“, рече Клинтон. „Бидејќи е важно да ја задржиме целта на таа иднина во главите на Србите и на Косоварите, бидејќи има тешки прашања што тие ќе мора да ги разрешат.“
Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН усвои резолуција во која бара од Белград и Приштина да се вклучат во дијалог кој ќе има за цел унапредување на соработката, олеснување на напредокот на двете земји на патот кон интеграцијата во ЕУ и подобрување на животите на своите граѓани.
По усвојувањето на документот, Ештон имаше одделна средба со српскиот претседател Борис Тадиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, на која разговараше околу можната агенда на разговорите, кои ќе бидат посредувани од ЕУ.
Новите преговори се очекува да се фокусираат на широк спектар практични прашања, од заштитата на културните и историските места до соработката во областите како што се царината, трговијата и економијата, транспортот, телекомуникациите, пограничната безбедност и борбата против организираниот криминал.
За време на дебатата во саботата на 65-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк, Тадиќ рече дека земјата е подготвена за разговори, кои ќе започнат „наскоро“. Но, тој исто така ги повика членките на светската организација кои сé уште не го признале Косово да се воздржат од признавање во текот на следните преговори.
Седумдесет држави, вклучително и Соединетите Држави и 22 од сите 27 држави во ЕУ, го признаа Косово од неговото прогласување независност од Србија во февруари 2008 година. Белград вети дека никогаш нема да го следи примерот на овие држави. Во деновите по усвојувањето на резолуцијата на ОН овој месец, некои српски официјални претставници и политичарии инсистираа на тоа дека прашањето на косовскиот статус треба да се вклучи во престојните разговори.
Приштина и западните дипломати ја отфрлија оваа опција.
Соединетите Држави, се разбира, го поддржуваат Косово како независна држави и ние веруваме дека дијалогот нема да значи повторување на прашањето за статусот на Косово“, српските медиуми го цитираа соопштението на Американската амбасада во Белград оваа недела. Главен приоритет за двете страни е најпрво да се најдат решенија за „клучните“ прашања во областите на снабдувањето со енергија, телекомуникациите и движењето на луѓето, стоките и услугите, рече водачот на српската Либерал-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во средата. Прашањето за статусот на Косово треба да се дискутира кога ќе стане остварливо и реално, белградската Б92 ја цитираше неговата изјава.
Вашингтон останува посветен на помагањето на сите западнобалкански држави да ги остварат своите цели на евроатланска интеграција и е подготвен да го олесни помирувањето меѓу Србија и Косово, рече Клинтон во средата.
„ЕУ и Соединетите Држави се подготвени да помогнат и да олеснат, да ги поддржат и убедат страните да ги постигнат овие договори меѓу себе“, рече таа по разговорите со Ештон. „Но, во крајна линија, водачите и народот се тие што треба ... да донесат одлука за својата иднина.“
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2010/09/30/feature-01