GoD.HateUSaLL
Фар акрос д диштанс
- Член од
- 30 март 2008
- Мислења
- 8.339
- Поени од реакции
- 8.238
вау
субјективно мислење на објективно прашање xD
за кого постои? хм...шо знам
дали тоа шо не ја глеаме ултравиолетовата светлина за нас не постои?
кога ни ги сјебуе очите и гори кожата, али сепак не ја глеаме?
за нас не постои а за птиците кои ја гледаат - да?
чуден одговор пер
постои за сите
дали сме СВЕСНИ дека постои, друго прашање
стојам на материјализам
Не си прај сеа сам себе убијал, не се прај верник шо на атеист пробува да му го докаже Бог со тоа шо му дава примери шо не ги гледа а постојат О_О
Значи.
Да правиме разграничување, разлика.
Свесност НЕ е еднакво со ГЛЕДАЊЕ.
Да, ултравиолетовата светлина не ја гледам, АЛИ сум СВЕСЕН дека таа ПОСТОИ, затоа шо пред 210 години Johann Wilhelm Ritter ја открил, и низ низа експерименти е докажано нејзиното постоење.
Муабетов ми е.
Се додека не си свесен за постоење на нешто, тоа за тебе не постои. Истото неможеш ни да го докажеш дека постои, наравно.
Кога ќе го спознаеш, ќе постои, и истото, ќе можеш да го докажеш дека постои.
Наравно, ако не си свесен дека нешто постои, не значи ултимативно дека тоа не постои. Али можеш, како што горе убаво се изразив "Да си дозволиш да кажеш дека НЕ постои, затоа што тоа не е Докажано, и немаме никакви спознанија за истото."
Малце звучи глупо и малце е конфузно, али ај, коа ги спомна птиците...
За птицата Зорка постои црвот на дрвоно до коцка кај нас у насеље, знаеш и сам, постои...Затоа што таа го гледа и има спознание за црвот Марио.
За тебе, моментално, постои? Коа немаш никакви сознанија за него?
Ако Не, тогаш, не грешиш.
Ако Да, тогаш, докажи?
Малце е апсурдно тоа наше тврдење дека и без да знаеме дека нешто постои, тоа си постои. Зашто обично тоа тврдење го кажуваме за работи кои знаеме дека постојат. Кога би ви наметнал прашање за кое никој незнае дали нешто постои, дали тогаш, тоа, би постоиело?
Ако да, тогаш, докажи? - Неможеш.
Ако не, тогаш, не грешиш. Со тоа што, оставаш шанса, можеби, тоа да постои.
--- надополнето ---
Да те прашав пред 4 дена, ќе можеше истово да го тврдиш?Е, тие 500 планети постоеле и пред да ги откриеме. Постојат уште милиони такви. И ќе ги откриеме!
Мислам дека после постовиве, ми ја разбираш поентава...