L
Liberation
Гостин
Ја све тоа поштуем и не се контрам дека материјата каква што ние ја перцепираме е составена од помали честици со определена фрекфенција. Само, ќе треба да поразговараме за природата на енергијата.Материјата онаква каква што ја перцепираме е само енергија кондензирана преку фреквенција, т.е. флуктуацијата во атомското јадро.
Која е таа апсолутна свест? Супериорниот ум? Бог?Основа на се е свеста...
"Мојата" или "Твојата" свест се перспективи на апсолутната свест. Кога јас не сум бил роден мојата перспектива (индивидуалност) непостоела, со моето раѓање се формирала одвоена, индивидуална свест или "его", од апсолутната свест.
Каде била снегулката пред да дојде зимата? Каде била земјата пред да постои сонцето?
Да била свеста основа на се’ (вклучително и на твојата свесност), индивидуална или апсолутна, ти сега ќе можеше да зборуваш за искуствата во твоите претходни животи. Ама ти тврдиш дека “твојата перспектива (на свеста) непостоела“ пред да се родиш ти, ами со твоето раѓање таа се формирала одвоена. Тогаш, бидејќи твојата индивидуална свест пред да се родиш била споена, дел од апсолутната свест, кои информации можеш да ни ги пренесеш за неа (пошто си бил дел од неа)?
Некои идеалисти таа апсолутна свест, супериорен ум, го нарекуваат и изедначуваат со денешната перцепија за “бог“. Дали ти себе си се сметаш за “мини-бог“ на Земјата?
--- надополнето ---
Материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.
За фотонот стои дека има маса 0, ама сепак знаеме дека има маса, мала, скоро нула, ама има (Е=mc)
Глуонот исто така е со 0 за маса. Ама сепак тој е составен дел од протоните и неутроните и учествува во нивната маса.