Супстанција на универзумот: Материја или свесност.

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
вау
субјективно мислење на објективно прашање xD
за кого постои? хм...шо знам
дали тоа шо не ја глеаме ултравиолетовата светлина за нас не постои?
кога ни ги сјебуе очите и гори кожата, али сепак не ја глеаме?
за нас не постои а за птиците кои ја гледаат - да?
чуден одговор пер

постои за сите
дали сме СВЕСНИ дека постои, друго прашање
стојам на материјализам

Не си прај сеа сам себе убијал, не се прај верник шо на атеист пробува да му го докаже Бог со тоа шо му дава примери шо не ги гледа а постојат О_О

Значи.
Да правиме разграничување, разлика.
Свесност НЕ е еднакво со ГЛЕДАЊЕ.
Да, ултравиолетовата светлина не ја гледам, АЛИ сум СВЕСЕН дека таа ПОСТОИ, затоа шо пред 210 години Johann Wilhelm Ritter ја открил, и низ низа експерименти е докажано нејзиното постоење.

Муабетов ми е.
Се додека не си свесен за постоење на нешто, тоа за тебе не постои. Истото неможеш ни да го докажеш дека постои, наравно.
Кога ќе го спознаеш, ќе постои, и истото, ќе можеш да го докажеш дека постои.

Наравно, ако не си свесен дека нешто постои, не значи ултимативно дека тоа не постои. Али можеш, како што горе убаво се изразив "Да си дозволиш да кажеш дека НЕ постои, затоа што тоа не е Докажано, и немаме никакви спознанија за истото."

Малце звучи глупо и малце е конфузно, али ај, коа ги спомна птиците...
За птицата Зорка постои црвот на дрвоно до коцка кај нас у насеље, знаеш и сам, постои...Затоа што таа го гледа и има спознание за црвот Марио.

За тебе, моментално, постои? Коа немаш никакви сознанија за него?
Ако Не, тогаш, не грешиш.
Ако Да, тогаш, докажи?

Малце е апсурдно тоа наше тврдење дека и без да знаеме дека нешто постои, тоа си постои. Зашто обично тоа тврдење го кажуваме за работи кои знаеме дека постојат. Кога би ви наметнал прашање за кое никој незнае дали нешто постои, дали тогаш, тоа, би постоиело?
Ако да, тогаш, докажи? - Неможеш.
Ако не, тогаш, не грешиш. Со тоа што, оставаш шанса, можеби, тоа да постои.

--- надополнето ---

Е, тие 500 планети постоеле и пред да ги откриеме. Постојат уште милиони такви. И ќе ги откриеме!
Да те прашав пред 4 дена, ќе можеше истово да го тврдиш?

Мислам дека после постовиве, ми ја разбираш поентава... :)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

пуна капа контрадикторности
до утре можеме вака

lets just agree to disagree и тогаш ДВАЈЦАТА ќе сме во право :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
@statusQuO

Не е се теорија, има компетентни по форумов, тоа е факт, постои апсолутна вистина, ќе разговараме, и форумов ќе постои но подобро е кога се исчита и разбере постот на членот над тебе за да се даде подобар пост, а не веднаш цитат(научи зошто е цитатот).

Јас се извинив што се мешам, само сакав да ги поставам тие прашања бидејќи ги сметав за битни .
Како се спроведуваат законите низ универзумот? На сила? Ако кажете по закон, ќе се вртите во круг, тоа не е одговор... Ова прашање би можело да фрли нова светлина или пак нова перспектива на тоа што е супстанцијата на универзумот како бесконечен резервоар на енергија...

П.С. Постот не вели ништо не знаеме, туку вели нешто сосема друго, само мислам дека немаше време да го прочиташ, да видиш можеби по нет повеќе...

И да, мило ми е што ме обожаваш... :smir:
 
L

Liberation

Гостин
Да те прашав пред 4 дена, ќе можеше истово да го тврдиш?

Мислам дека после постовиве, ми ја разбираш поентава... :)
Абе ништо ја не разбирам, ме збудалевте :) Птица Зорка, црв Марио...

Органската материја е подложна на побрза трансформација од неорганската, па затоа примерите со постоење на Зорка и Марио воопшто не се добра компарација за постоење на стабилни неоргански форми на материјата, како планети, ѕвезди, системи... Многу Зорки и Мариовци се испилиле и се извеле, и уште многу ќе се изведат. На истата оваја Земља :)

И ќе ти тврдев дека постојат неоткриени планети. Сигурно дека не колку е оддалечена и каква температура владее на неа, ама дека има неоткриени планети, тоа е факт. И врз база на тоа ќе го темелев тврдењето.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
И ќе ти тврдев дека постојат неоткриени планети. Сигурно дека не колку е оддалечена и каква температура владее на неа, ама дека има неоткриени планети, тоа е факт. И врз база на тоа ќе го темелев тврдењето.
Како тоа е факт кога не се откриени?
За да кажеш дека е факт, треба да ги докажеш, за да ги докажеш, треба да се откриени.

Значи, пошто ти немаш никакви факти (доколку имаш, тие планети, неможеш да кажеш дека се неоткриени), јас можам комотно да кажам дека тие планети не постојат.
Со оглед на тоа дека мојот исказ неморам да го докажувам, затоа што негација не се докажува, нали <3
 
L

Liberation

Гостин
Треба енергијата да е свесна за да ги спроведе Законите, и изгради материја која ние Луѓето(како најсвесни тука на Земјата) ќе ја спознаеме и имаме можност да се изградиме себе си, и да играме по истите Закони?

Малку "човечка" логика и игра:
Сите се согласуваме (барем оние кои се занимаваат со наука) дека сепак докажавме дека атомот е бесконечно голем, и не содржи честички туку енергии на различни фреквенции.
Бидејќи "веруваме" дека се е изградено од атоми(колку е точно, нема да навлегувам, земете студирајте ја темата), значи се е изградено од енергија. А бидејќи веруваме дека сепак човекот(како дел од универзумот, парче од енергија која свесно ја викаме Јас и манипулираме со неа преку закони) е свесно суштество, исто така свесно суштество/супстанција ќе е и каменот бидејќи и тој е дел од универзумот изграден од атоми (енергија).
Разликата е само во фреквенциите на енергија а со тоа можеби и разлика во свесноста помеѓу човекот и каменот, помеѓу човекот и птицата.
Зарем не е супстанцијата на Универзумот Свесна Материја?
Не се согласувам и со двете тези. Зошто би требало енергијата да е свесна за да создаде материја? Атомот не е изграден од енергија, туку од честици со маса, големина и движење. Кога такви честици (кои ете, можеби се создадени од уште помали честици) по одредени закони ќе се спојат, се создава јадро на атом. Електронот е субатомска честица. Неговото насочено движење го нарекуваме енергија (електрична), а сепак се работи за материјална честичка.

Без разлика што и каменот е граден од истите атоми кои се среќаваат и во човечкиот организам, за појава на свеста (и идејата, следствено) е потребна соодветна распределеност на материјата (атомите) кои ќе овозможат одвивање на континуирани поврзани хемиски и физички реакции, со што материјата би се здобила со емпирија (знаење). Такви процеси немаме во каменот и другите неоргански форми на материјата.

--- надополнето ---

Како тоа е факт кога не се откриени?

...јас можам комотно да кажам дека тие планети не постојат.
Со оглед на тоа дека мојот исказ неморам да го докажувам, затоа што негација не се докажува, нали <3
Не! :) Со самото тоа што за неколку децении се откриени тие 500 планети, на оддалеченост од неколку стотици трилиони километри, а знаејќи дека космосот е малце поширок од тоа, јас можам да тврдам дека и останатиот неоткриен простор не е празен, туку има материја во форма на планети, ѕвезди и системи како нашиот.

И замисли по твојот принцип на: “ја не мора да докажувам“ да работат научниците :) А?
 
marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Она што ние го перцепираме не е универзумот. Свесноста е overrated.
 
L

Liberation

Гостин
Големиот хадронски судрувач, патем, е создаден од научниците за да се потврди постоењето на Зет и Дупло ве бозоните (кои имаат маса) и да се испита суштината на масата. А Стивен Хокинг во неговата “Големото создавање“ веќе ја разбранува научната јавност (да не речам, создаде бааѓи нервоза) со тврдењето дека заради постоење на одредени закони, како тој на гравитацијата, универзумот може да си се создава и “од ништо“ :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ја све тоа поштуем и не се контрам дека материјата каква што ние ја перцепираме е составена од помали честици со определена фрекфенција. Само, ќе треба да поразговараме за природата на енергијата.

Која е таа апсолутна свест? Супериорниот ум? Бог?

Да била свеста основа на се’ (вклучително и на твојата свесност), индивидуална или апсолутна, ти сега ќе можеше да зборуваш за искуствата во твоите претходни животи. Ама ти тврдиш дека “твојата перспектива (на свеста) непостоела“ пред да се родиш ти, ами со твоето раѓање таа се формирала одвоена. Тогаш, бидејќи твојата индивидуална свест пред да се родиш била споена, дел од апсолутната свест, кои информации можеш да ни ги пренесеш за неа (пошто си бил дел од неа)?

Некои идеалисти таа апсолутна свест, супериорен ум, го нарекуваат и изедначуваат со денешната перцепија за “бог“. Дали ти себе си се сметаш за “мини-бог“ на Земјата?

--- надополнето ---

Материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.

За фотонот стои дека има маса 0, ама сепак знаеме дека има маса, мала, скоро нула, ама има (Е=mc)
Глуонот исто така е со 0 за маса. Ама сепак тој е составен дел од протоните и неутроните и учествува во нивната маса.
Очигледно те мрзело да го погледнеш 5 минутното видео! Одговорими како е можно свеста (набљудувачот) да влијае на материјата, ако свеста е производ на материјата? Да била свеста основа на се сега јас ќе сум можел да зборувам за мојте предходни животи?!?! Егото е табула раса, искуствата и сеќавањата се како текст испишан на табла, "таблата" е Егото - кога некој умира "текстот се брише" а таблата останува. Ако си запознаен за својствата на фермионите и бозоните во квантната физика, ќе знаеш на што мислам. Поимот "ЈАС" во неговата најфундаментална основа е идентичен кај сите, предизвикај амнезија кај тебе, и немора да ми кажуваш за предходните животи, кажи ми случка само од пред два дена! Ќе можеш? НЕ!! Меморијата исто како и емоциите, идеите е производ на свеста, минлив и релативен. Изворот - Универзалната свест е апсолутна, неменлива се останато е нејзина проекција и нејзин производ!
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
[/COLOR]

Не! :) Со самото тоа што за неколку децении се откриени тие 500 планети, на оддалеченост од неколку стотици трилиони километри, а знаејќи дека космосот е малце поширок од тоа, јас можам да тврдам дека и останатиот неоткриен простор не е празен, туку има материја во форма на планети, ѕвезди и системи како нашиот.

И замисли по твојот принцип на: “ја не мора да докажувам“ да работат научниците :) А?

Неможеш да тврдиш дека останатиот НЕОТКРИЕН простор е БИЛОКАКОВ.
А не па да тврдиш дека има планети.
Можда има медузи.
Можда има летачки вагини.
Тој простор е НЕОТКРИЕН, и за него неможеш да тврдиш ништо. Можеш да ПРЕТПОСТАВУВАШ дека е ИСТ како овој Откриениов.
Али ја како стрејт персона, не работам со претпоставки, туку со факти, затоа муабетот нема ни да ти го слушам :)

Што се тиче болдирано: Ни еден научник не се напнал да докажува дека нешто не постои :) Сите се напињаат да докажат нешто што не постои, а цврсто, ради одредени причини, веруваат дека постои, нали? <3
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
[video=google;7799171063626430789]http://video.google.com/videoplay?docid=7799171063626430789#[/video]
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Големиот хадронски судрувач, патем, е создаден од научниците за да се потврди постоењето на Зет и Дупло ве бозоните (кои имаат маса) и да се испита суштината на масата. А Стивен Хокинг во неговата “Големото создавање“ веќе ја разбранува научната јавност (да не речам, создаде бааѓи нервоза) со тврдењето дека заради постоење на одредени закони, како тој на гравитацијата, универзумот може да си се создава и “од ништо“ :)
http://video.google.com/videoplay?docid=7799171063626430789#
 
L

Liberation

Гостин
Очигледно те мрзело да го погледнеш 5 минутното видео! Одговорими како е можно свеста (набљудувачот) да влијае на материјата, ако свеста е производ на материјата?
Далеку од тоа да ме мрзело, вчера или завчера ги изгледав подолгите верзии ставени од bucio мислам. Не влијае свеста врз материјата, туку баш обратното. Несовршеноста на мерните апарати и човечкото око се тие кои создаваат илузија (како што порано мислеле дека Сонцето се врти, Земјата стои).

При исфрлање на топчињата, тие се движат скоро праволиниски и не се судираат меѓу себе. Затоа на позадината има една, т.е. две линии од отпечатоци.

Во случајот со електроните, прашањето е дали тие се движат така праволиниски како што се движат фотоните кај ласеркиот сноп? Една субатомска честица, емитирана во огромни количини, која веројатно не се движи праволиниски, туку по патека слична на радио-брановите (пораду сопствената фрекфенција -осцилирање) -очекуваш да не се судри со друга таква ротирачка честица и да создаде ефект како на видеото?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Далеку од тоа да ме мрзело, вчера или завчера ги изгледав подолгите верзии ставени од bucio мислам. Не влијае свеста врз материјата, туку баш обратното. Несовршеноста на мерните апарати и човечкото око се тие кои создаваат илузија (како што порано мислеле дека Сонцето се врти, Земјата стои).

При исфрлање на тпчињата, тие се движат скоро праволиниски и не се судираат меѓу себе. Затоа на позадината има една, т.е. две линии од отпечатоци.

Во случајот со електроните, прашањето е дали тие се движат така праволиниски како што се движат фотоните кај ласеркиот сноп? Една субатомска честица, емитирана во огромни количини, која веројатно не се движи праволиниски, туку по патека слична на радио-брановите (пораду сопствената фрекфенција -осцилирање) -очекуваш да не се судри со друга таква ротирачка честица и да создаде ефект како на видеото?
Не е точно дека проблемот е во несовршеноста на опремата, очигледно немаш познавања ниту од историјата ниту од принципите во квантната физика! Нилс Бор и Алберт Ајнштајн пред повеќе од 60 години го разгледувале тој проблем, заклучокот на кој е утврдено дека не се работи за проблем во опремата е донесен во Копенхаген и се вика "Copenhagen interpretation" - http://en.wikipedia.org/wiki/Copenhagen_interpretation Денес научниците се 100% согласни дека нелокалноста на материјата на квантно ниво не е производ на несовршеноста во опремата. Ниеден физичар и научник не го спори тоа, едноставно материјата постои во конкретна состојба само доколку има набљудувач, во спротивно постојат веројатности - потенцијал! И тоа е научно утврдено и докажано и тоа не само кај електроните туку истата ситуација се појавува и кај атомите па дури и кај молекул на јаглерод кој содржел 60 атоми!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom