Супстанција на универзумот: Материја или свесност.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде дуопол пак две спротиставени страни.....
Секаде околу нас гледаме материја учиме материјалистички филозофии како да приграбиме што поверќе материја за нас, повеќе пари, поголема кола, поголема куќа итн. Но се заборава едно нешто а тоа е свесноста како субјективна точка на гледање со која се идентификува секој од нас. Едноставно ако ја нема свесноста која што ја перцепира материјата како таква тогаш ќе ја нема ни материјата. Ако не сме ние тука тогаш ќе го нема ни универзумот, тоа е моето мислење дека основната супстанција на овај универзум (и не само на овај) е свесноста, а не материјата....
Ајде секој со своето мислење.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Материјата е реалност.Но таа реалност ја дефинира свеста.Во отсуство на тоа дефиниринање - не постои.
Нема апсолутна вистина,има само концепт за апсолутна вистина.
Еден од најголемите филозофи на 20-от век Бил Хикс (према мојата перцепција, т.е. не ми реплицирајте дека не бил филозоф) има многу добро објаснето околу оваа дилема...

All matter is merely energy condensed to a slow vibration – that we are all one consciousness experiencing itself subjectively. There's no such thing as death, life is only a dream, and we're the imagination of ourselves.:pipi:

Чоекот со една реченица даде многу повеќе отколку цели армии филозофи.
 
L

Liberation

Гостин
Не знам зошто, ама материјализмот воопшто не го сфаќам онака како што го сфаќа bucio. Материјализмот не значи “приграбување што поверќе материја за нас, повеќе пари, поголема кола, поголема куќа...“ (алчност е тоа), туку е сфаќање кое вели дека материјата е основа на се’. Дека од материјата настанува се’: животот (како висока форма на организирање на истата), душата (како субјективно осеќање на течењето на импулсите низ телото, регистрирани од нервните завршетоци) и сл. Свеста за мене е само одржување на таа висока форма на организирана материја (животот) со помош на осеќањето на импулсите (душата).

Материјата постоела и ќе постои и без присуството на субјект кој е способен да ја перцепира (човек).
Земјата е формирана пред 4.6 милијарди години.
Човекот се оформил како хомо-сапиенс пред 200.000 години.
Материјализмот и идеализмот се од пред десетици столетија.

Ниту животот е сон, ниту е точно дека не постои смртта. Се’ тоа е измислица на луѓе кои не можеле да прифатат дека еден ден ќе се вратат во основната форма на материјата -неорганската.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
THE SUPREME TAO IS FORMLESS, YET IT PRODUCES AND NURTURES HEAVEN AND
EARTH.
THE SUPREME TAO HAS NO DESIRES, YET BY ITS POWER THE SUN AND MOON REVOLVE
IN THEIR ORBITS.
THE SUPREME TAO IS NAMELESS, YET IT EVER SUPPORTS ALL THINGS.
I DO NOT KNOW ITS NAME BUT FOR TITLE CALL IT TAO.
Како за почеток , затоа што ми се чини ке биде долго и широко расправано на темава.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не знам зошто, ама материјализмот воопшто не го сфаќам онака како што го сфаќа bucio. Материјализмот не значи “приграбување што поверќе материја за нас, повеќе пари, поголема кола, поголема куќа...“ (алчност е тоа), туку е сфаќање кое вели дека материјата е основа на се’. Дека од материјата настанува се’: животот (како висока форма на организирање на истата), душата (како субјективно осеќање на течењето на импулсите низ телото, регистрирани од нервните завршетоци) и сл. Свеста за мене е само одржување на таа висока форма на организирана материја (животот) со помош на осеќањето на импулсите (душата).

Материјата постоела и ќе постои и без присуството на субјект кој е способен да ја перцепира (човек).
Земјата е формирана пред 4.6 милијарди години.
Човекот се оформил како хомо-сапиенс пред 200.000 години.
Материјализмот и идеализмот се од пред десетици столетија.

Ниту животот е сон, ниту е точно дека не постои смртта. Се’ тоа е измислица на луѓе кои не можеле да прифатат дека еден ден ќе се вратат во основната форма на материјата -неорганската.
Заробен си во неолибералната западна психологија и мисла која е само резултат на наметната перцепција.
Тие бројки кои ги наведе се променливи и зависат во голем дел од перцепцијата на научникот кој истражувал.
И единствено имаат валидност од гледна точка на поединецот.
Што е тоа година? Конзензус реалити за поим за време (кое и самото е поим произлезен од перцепција) определен од некои луѓе пред неколку илјади години.
За планетата како таква цифрата не значи - ништо.Нема никаво значење ниту вредност.Не постои.Нема перцепција.

Нема реалност каква што ти ја замислуваш.
Еве на пример некој ѓеј се шетка по улиците на Осло и си вика...шо убоооо тука...со партнерот можам за раче да се фатам...и си муабетат со дечкото за тоа како науката докажала дека ѓејството е природно...
И така еден ден,неинформиран едниот партнер оди за Лагос,службено...и така радосен и неинформиран таму дури чека на извршување на пресудата им објаснува дека науката потврдила (некои од гранките на науката енивеј...некаде) дека ѓејот е природен дар...а овие му објаснуваат дека нивни научници докажале дека ѓејството е болештина која мора да се сузбие...научната дебата ќе трае се до туркањето на столчето од страна на чичкото со црна качулка...

Се е илузија и консензус реалити.
 
L

Liberation

Гостин
Toecutter, очекував повеќе од тебе...

Една комета ќе удри во друго тело (планета, ѕвезда) и без нечија перцепција да биде присутна.
Далеку од Сончевиот систем има толку многу системи и галаксии, кои егзистираат без да бидат спознаени од човекот. Тие за тебе не постојат?

Можела материјата и без човекот, и ќе може.

Туку поинтересна е твојата психологија, која е извор на неодговорност и себе-деструкција. “Животот е илузија. Смртта не постои. Не постои реалност.“ Па следствено, ова е извор на деградирачки по човекот филозофии, кои ја омаловажуваат (негираат) вредноста на човечкиот живот, пропагираат хедонизам како највисока вредност и забегуваат во свој свет на илузии кој ги штити од болката која им ја нанесува реалноста, а со која не можат да се носат.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Toecutter, очекував повеќе од тебе...

Една комета ќе удри во друго тело (планета, ѕвезда) и без нечија перцепција да биде присутна.
Далеку од Сончевиот систем има толку многу системи и галаксии, кои егзистираат без да бидат спознаени од човекот. Тие за тебе не постојат?

Можела материјата и без човекот, и ќе може.
.
Макс Планк не се согласува со тебе, а тој бил заебано бате во областа на квантна физика. Опасен научник а не демагог.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Планк? Христијанинот?
Сега не знам што има врска неговата религиозност со квантна физика, мислам дека бил христијанин ама пак не знам што има врска неговата религиозност со темава?

Назад на темата свесност или материја која е основната градбена единица на универзумов?
 
L

Liberation

Гостин
А каква објективност и насоченост бараш од верник? Терал човекот физика додека можел, кога не можел да оди понатака, запрел и недокажаното го препишал на “голем интелигентен ум“. Човекот ЗАПРЕЛ. А тоа не е карактеристика на научник, туку на верник.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Toecutter, очекував повеќе од тебе...

Една комета ќе удри во друго тело (планета, ѕвезда) и без нечија перцепција да биде присутна.
Далеку од Сончевиот систем има толку многу системи и галаксии, кои егзистираат без да бидат спознаени од човекот. Тие за тебе не постојат?

Можела материјата и без човекот, и ќе може.

Туку поинтересна е твојата психологија, која е извор на неодговорност и себе-деструкција. “Животот е илузија. Смртта не постои. Не постои реалност.“ Па следствено, ова е извор на деградирачки по човекот филозофии, кои ја омаловажуваат (негираат) вредноста на човечкиот живот, пропагираат хедонизам како највисока вредност и забегуваат во свој свет на илузии кој ги штити од болката која им ја нанесува реалноста, а со која не можат да се носат.
Напротив оние кои наоѓаат вредност во таквиот пристап се сосема обратно од се она кое го напиша.
Не знам од каде залкучокот го извади ама не ветува многу.
Држи се ти до црвите на крајот на патот...:vozbud:

Инаку ќе постирам и некои работи од последните истражувања,ете Планк бил забеган демек бла бла...ама да не се разочараш...и да станеш вернииик ахаххахаааааа :vozbud:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Па некои истражувања кажуваат дека универзумот е создаден од свеста, затоа што тој постои поради нечиво или некакво сознание за него.
Ние свесноста и материјата ги гледаме како нешто одвоено, но јас мислам дека се едно. Сите сепак сме дел од овој универзум, и сакале или не сакале сме директно поврзани со него. Се е вибрирачка енергија, па и нашата свест.

Убава тема :)
 
L

Liberation

Гостин
Напротив оние кои наоѓаат вредност во таквиот пристап се сосема обратно од се она кое го напиша.
Животот е илузија? Смртта не постои? Не постои реалност? Се е резултат на голем ум од кој зависиме? Па ова бре религија некоја се проповеда или за реалноста збориме?
“Животот е илузија - вреди ли да се мачиме и да веруваме во принципи кои само ни ја отежнуваат илузијата?
Смртта не постои - со тоа овој живот и не е толку важен, поважен ќе биде “наредниот“ (најчесто користена религиска измама за да се ограничи слободата на човекот преку условување, уцени и закани). Смртта на телото не значи и смрт на душата - туку напротив, спојување на истата со творецот (ме потсеќа на секташи-масовни самоубијци).
Не постои реалност - секој си ја перцепира онака како што сака. Тогаш зошто јас да не си креирам своја реалност? Забегување во бесмислени филозофии, кастрирање на храброста и вољата да се дејствува, предизвикување рамнодушност...“

За разлика (спротивно од тоа што сакаш да го препишеш на материјалисите), тие знаат дека животот е еден и единствен, сега и тука. Тој треба да се живее разбуден, да се осознае природата, планетата, космосот, онаков каков што е. Другите луѓе постојат, не само во свеста и нашите перцепции, тие постојат реално, независно од нас. Тие не се духови, привиденија, илузија која треба да ја искористиме за задоволување на нашата нереална потреба. Тие се битија кон кои треба да се однесуваме одговорно и со почит, зошто само така се создава подобар живот.

Планетата Земја е реалност. Таа е материја. Од неа сме настанале сите, носиме атоми од нејзината кал, а се однесуваме кон неа како да сме дошле на екскурзија на неа, како да не треба друг да живее на неа. Проблемите со храна, вода, енергенси... се проблеми од материјална природа. Тоа не е прашање на перцепција, не е илузија - тоа е РЕАЛНОСТ со која живеат милиони луѓе во светот, боси, гладни, жедни. Луѓе кои по некоја случајност имале можност дел од неорганската материја да ја претворат во органска, а кои нема да видат ни “ж“ од животот. Ќе ги снема без да имаат втора шанса да го почуствуваат некогаш.

Материјализмот се бави со реалните, опипливи проблеми.
Идеализмот е слабост да се прифати реалноста. Тој е колевка на религиите кои уништиле толку животи и го уназадиле прогресот на човековата свест за себе. Тој е дрога со која слабите манипулираат со силните, заради своја корист.

Држи се ти до црвите на крајот на патот...
Барем знам на што сум. И можам да определам тек и цел на животот мој. И не живеам во илузии.

Инаку ќе постирам и некои работи од последните истражувања...ама да не се разочараш...и да станеш вернииик
Патот на еден секуларен човек, секогаш води преку религиите.

Верници се раѓаме. Од страв и незнаење.

Некои еволуираат со свеста. Други не.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зависи како го разбираме терминот "свест"! Тоа што ние до доживуваме како свесност е само едно ниво од апсолутната свест (матриксот на постоењето од кој се почнува и се завршува). Свеста има многу нивоа, растенијата, микроорганизмите, инсектите, животните, човекот...сите овие свесни суштества се на различно ниво, но сепак се свест!
Без свеста - набљудувачот, постојат само можностите - потенцијалот! Тоа е јасно докажано со помош на експерименти како "double slit experiment". Кога постои набљудувач, постои честичка (материја), кога нема набљудувач (свест) постои бран (потенцијал). Што јасно укажува на фактот дека објективноста (материјалноста) директно зависи од субјективноста (свеста).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
За да се сфати присутноста на свеста како единствено нешто што вистински постои, потребна е само свест. Со конкретни докази, дури и да се најдат, пак не се постигнува тоа на ниво на поединец. Се е веќе речено...
- До кога ќе чекате на мене, до кога ќе ве учам, неверно племе. - Исус Христос.
- Oh come on. Stop beatin' it. Get out there yourself. Stop feedin' off me. Get out of here. I can't breathe. Give me some air. - Cool Hand Luke

Житието на Брајан
Brian: ...Will you please listen? I'm not the Messiah! Do you understand? Honestly!
Woman:
Only the true Messiah denies his divinity!
Brian:
What? Well, what sort of chance does that give me? All right, I am the Messiah!
Crowd:
He is! He is the Messiah!
Brian:
Now, fuck off!
[Silence]

Arthur:
How shall we fuck off, oh Lord?

Тоа е целата финта. :) FUCK OFF! :icon_bigg :wink: Ај на здравје!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom