1*4+2*5+3*6+...+n(n+1)=1/3 * n(n+1)(n+5)
1/3 е по тоа целото
Дали некој може да ми го објасни постапно третиот чекор ?
Како прво имаш грешка која Билбил подол ти ја поправил, пошто наместо n*(n+1)=.... треба да стои n*(n+3) пошто во спротивно задачата нема да биде точна ниту во првиот чекор за n=1. Ете Билбил ја решил али ако не ти е јасно ќе ти подобјаснам малку. Во вториот чекор претпосавуваме точност за n=k. Па кога ќе замениш горе добиваш дека 1*4+2*5+3*6+...+k(k+1)=1/3* (k(k+1)(k+5)).
После тоа треба да испиташ точност за n=k+1, и ова е третиот чекор и ако го докажеш ова целотоо равенство е точно за боли кој n.
Заменуваш за n=k+1, па имаме дека 1*4+2*5+3*6+...+k(k+1)+(k+1)(k+2)=1/3*(k+1)(k+2)(k+6)
Значи во овој чекор за да ти биде попрегледно, од левата страна пиши го множителот k(k+1) кој го добивме во претходниот чекот со замена на n=k. Ние претпоставивме дека равенството е точно за k членови, и дека 1*4+2*5+3*6+...+k(k+1)=1/3* (k(k+1)(k+5)). И ова го заменуваме во последната равенка кога заменивме за n=k+1.
И добиваме дека 1/3* (k(k+1)(k+5))+(k+1)(k+2)=1/3*(k+1)(k+2)(k+6).
Сега треба да ја средиш левата страна и да видиш дали навоистина е еднаква на тоа од десно. Ако е тоа точно, тогаш и третиот чекор е задоволен и задачата е докажана.
Се надевам ме свати нешто
