Во мојот случај седам... А тв палам за да гледам фудбал/формула или некој сличен спорт во живо. Остатокот од информации си го надополнувам он-лајн, ионака сум 15 сати пред пц дневно. И од моја гледна точка телевизиите во македонија перат мозок на гледачите. Една асолна нема. И да, треба да си ненормален за да ги гледаш турско - шпанските серии, дневнополитичките емисии и препукувања на црвено-плавите завојувани страни измиксани со тон реклами.
Ти, не си репрезентативен примерок за популацијата која гледа телевизија.
Не секој граѓанин во Република Македонија има пристап до интернет или компјутер воопшто и не секој ги добива информациите на тој начин.
Многумина гледаат телевизија.
Сериите кои се толку популарни не ти го перат мозокот, туку ти го одмараат. Содржините не се комплицирани и бараат внимание на основно ниво. Не ти треба многу мислење, анализирање, константно следење и сл. Исто така се базирани на ликови со кои многумина се пронаоѓаат во нив или ги идеализираат.
Политиката да, ти кажува одприлика кој треба да ти биде ставот за некој проблем, ти наметнува работи. Исто како и интернетот. Како што одбираш кои информации/страни да ги читаш - така одбираш кои телевизии да ги гледаш.
Едно не ми е јасно во целиов муабет?
Дали сте запознаени со магијата на далечинскиот управувач и слободниот избор кој може да го направите кога менувате канали?!
Се напињате по теми, а толку е едноставно решението на вашите нервози.
И патем, многу ми се смешни ваште закани и глумење силни.