Jimmy
Организатор
- Член од
- 26 мај 2006
- Мислења
- 927
- Поени од реакции
- 312
Боки 13 нема капацитет да биди директор, тоа да ви е јасно, и нема да биди. Веќе учествува во реалното шоу "Фарма" така да мислам дека не е во игра за оваа работа, тој можи само да си се препира и расправа со другите и да им докажува што е, дали машко, дали женско...тоа му е работата, да ги занимава луѓето.
Инаку на темата, значи сигурно Алфа каква што ја знаеме престанува со работа во четврток на полноќ, така да од петок 12.11.2010, почнува новата програмска шема и ребрендираната Алфа, сега Пинк Алфа или Пинк Македонија...
Еве еден извадок од денешен весник:
Екипа на српската ТВ Пинк деновиве е постојано присутна во ТВ Алфа за целосно да ги скенира состојбите и вкупните капацитети на телевизијата. Откако сопствениците на двете телевизии, Жељко Митровиќ и Штерјо Наков, минатата недела постигнаа договор ТВ Пинк целосно да ја откупи ТВ Алфа, тимови на познатата српска телевизија забрзано работат не само на снимање на целокупните состојби во телевизијата туку и на подготовки за промена на програмската шема.
Новата програмска шема ги укинува последните вести во 22 часот, бидејќи терминот бил потребен за некоја од новите емисии. Со тоа телевизијата останува само со вестите во 17,30 часот, што се смета дека е неприфатливо толку рано информативно да се заокружи денот. Поради тоа, многу е веројатно уредниците да преговараат да добијат нов термин за последните вести.
Новите сопственици засега тврделе дека не планираат отпуштања не само на новинарите туку и на сите што работат, бидејќи според она што досега го скенирале, нивните процени се дека телевизијата имала мал број вработени.
Целосен текст