офф офф офф !! Боки 13 и директор ка баба ми што се разбира од копјутери:uvo:
--- надополнето ---
Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, ќе биде стопроцентен сопственик на телевизијата, зад која стоеше бизнисменот Штерјо Наков
Српската телевизија „Пинк“ ја купи скопската телевизија „Алфа“ по преговорите што деновиве се водеа меѓу сопствениците на овие медиуми, а финишираа прексиноќа, неофицијално дознава „Дневник“. Една од најмладите македонски телевизии, која стартува пред околу две години со оригинален и сериозен уредувачки програмски концепт, досегашното име ќе го задржи до четврток, по што ќе има ново име - или „Пинк Алфа“ или „Пинк Македонија“. Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, ќе биде стопроцентен сопственик на телевизијата, зад која стоеше бизнисменот Штерјо Наков чија деловна кариера е врзана за „Фершпед“. Наков вчера беше недостапен за да ја потврди или демантира веста за продажбата.
Според сознанијата, новите сопственици најавиле дека забавниот дел ќе биде продуциран од телевизијата „Пинк“, која својот имиџ го изгради со продукција и емитување, главно, забавни содржини.
Новите газди вчера не открија дали ќе извршат кадровски промени во телевизијата. Според неофицијални информации, за местото главен и одговорен уредник во комбинација била Ивона Талевска, актуелен заменик-главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“, блиска со актуелната владина коалиција. Талевска вчера изјави дека се' уште не може да даде конкретен одговор на тоа прашање.
- Имам отворена понуда од „Алфа“ и од уште една телевизија, но се' уште не сум донела одлука - изјави Талевска.
Меѓутоа, извори од телевизијата посочуваат дека им било пренесено оти новиот сопственик не најавил промени во уредувачкиот тим.
Бизнисменот Наков остана недостапен и да објасни кои му биле мотивите да ја продаде телевизијата, која се емитува на целата територија на земјава преку сателитска концесија. Упатените во овој бизнис истакнуваат дека причините треба да се бараат во судскиот процес што го водел државното Јавно правобранителство за да се поништи приватизацијата на „Фершпед“. Во правобранителството не можеше да се добие потврда на неофицијалната вест дека првостепениот суд донел одлука за поништување на приватизацијата.
РТВ „Пинк“ е водечка комерцијална ТВ-станица во Србија, која емитува компилација на домашни и странски филмови, драми и латински ТВ-новели, како и музички емисии во домашна продукција.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F966A21AF28C4844A1170946E77759F3