С
сашенко
Гостин
Незнам што да мислам.Ако играме Лига Европа тоа се дополнителни мечеви каде ке се уигра тимот плус ако успееме да постигнеме некој успех таму тоа ке влијае многу на самодовербата на играчите и на целиот тим воопшто.Ама ние изгубивме многу последните неколку години.Ние треба една година надвор од европските натпреварувања.Една година кога ке сватиме дека мора да се запне и да се работи напорно за да се постигнат успеси.Да се донесат вистинските играчи, немора сите да бидат звезди, битно е тоа да биде тим каде ке имаат разбирање меѓу себе играчите и кои ке можат заедно да играат и тимски да постигнуваат резултати.Да се донесе некој лидер во тимот, некој на кој ке се ослонат сите и покрај кого ке сакаат да трчаат и да играат.Некој што ке ги мотивира и ке ги обединува.Ако не играме на толку многу натпревари и се посветиме само на серија а сигурно ке завршиме помеѓу првите 3 екипи следната година.Годинава со слаба игра можевме во последните 6 кола да стигнеме до 4тото место ама се избрукавме и во последни моменти се збогувавме со лига на шампиони.Следната година доколку имаме подобра игра и помалце повреди сигурно ке стигнеме до тоа 3то место.