Се прашувам од каде ќе најде Јуве на крајот на сезоната пари за да го задржи годинешниов состав имајќи предвид дека 80% од играчите ни се позајмени. Според мене ќе треба да се одвојат минимум 50 милиони ако не и повеќе за Кваљарела, Пепе, Флоро, Мота, Траоре, Аквилани, Соренсен. Доколку пак не се задржи составот и некои од овие бидат вратени во нивните клубови, повторно ќе немаме никаква основа и повторно ќе се позајмуваат нови играчи на кои ќе им треба време да се вклопат во новата средина и така ќе се вртиме во круг до бескрај. Ако пак управата се реши да ги задржи овие, тогаш од каде ќе најде пари за нови засилувања затоа што на сите ни е јасно дека овој состав е добар но е далеку од одличен. Доколку следна сезона немаме проблем со повредите овој состав повторно би се борел за првите 4 позиции на табелата ама за титула, тешко. Мислам дека ниеден навивач на Јувентус не би се согласил и наредната година Јуве да биде само конкурент за ЛШ