Ако одиме по изреката - се се враќа, се се плаќа...излегува дека 2-та бода кои ги земавме со Лацио во 93 минута, сега ги изгубивме со Киево.
Ако не се гледа според тоа, ова е лош резултат, затоа што е испуштена шансата да се доближиме на само 3 бода до првото место. Можеби малце поради некои грешки кои беа направени, можеби поради притисокот под кој играа цело време, па не успеаа да издржат, а можеби и поради недостаток на среќа (2 стативи и плус зицер од Јакинта - нереализирани). Грешката е што можеби требаше да излезе Јакинта, а не Кваљарела.
Она што останува и после оваа утакмица, а и во текот на сезоната до сега, е дека мора да се биде поефикасен (да, јуве е најефикасна екипа во серија а), ама кога ќе се види какви шанси се пропуштаат, а после тоа се губат бодови ради тоа, нема да биде на одмет да се стане и далеку најефикасна екипа. Ако Јакинта не почне да погодува, ќе мора да се бара негова замена под итно, затоа што само со еден напаѓач не ќе може!