Ако Красич доби два натпревари суспензија за глумата, тогаш најмалку истото треба да го добие и Ето. Ова е уште еден доказ за сите гомнојадци дека симулирањето пенали, за жал, е реалност во фудбалот и го практикуваат сите, а не само фудбалерите на Јуве.
Аnyway, мора да се искористи киксот на Интер. Иако сме со десеткуван состав, ние сме Јуве и имаме квалитете и мораме да ја тепаме Чезена. Реално овој подарок од Интер мора да се искористи, зашто нема да ги има многу. Не треба да се замараме со Интер и Милан туку да гледаме ние да тепаме, да прикажуваме стабилна игра, а со тоа ќе дојдат и резултатите.
Сакам денес, како роденденски поклон, победа па макар и 1-0.